Со превртени дланки го дочекав железниот ден
И му шепотев
Твојот таен и таинствен распоред на мигови
Не ќе ме измами
Предоцна е
Веќе се откажав од лажната религија
на подземниот Бог
кој само измислени молитви кажуваше
сега и неговите огнови не ме морничават
и не се веќе неми сказанијата.
Не ќе се кријам
Ако и твоите камшици ме стигнат
Крвта веќе ми е спокојна
Ти подбивајсе
Но знам дека веќе вратите на светот ми се отвараат.
Нема коментара:
Постави коментар