Ја измислив повторно Љубовта додека сонував
Мислев дека така ќе ја изменам судбината
И го повторував тоа од заодот до пурпурот
Кога заносот беше преголем
Ги корнев песните од талогот на душата
И се издолжував тогаш како молскавица
Кога Љубовта ќе ја видев во колепка
Знам,танцував со непозната жена
Која боските и беа големи како облак недогледен
Косите замрсени со триста улави ветриња
А колковите
Колковите со тивок шепот ја кажуваа молитвата против болките
Ех судбино,судбино
Малку љубоморно беше Сонцето
Потемне,и светлината ја сокри
И се роди густо тесто од темнината
Сенките одеднаш бапнаа како луња
И глодаа,глодаа од сонот
Викаа и ревеа
Измама е сето ова,измама
И пајажина на нови измами ќе сплетиме
Ех судбино,Судбино
Небесата воздивнаа,испукаа и исцедија жестина
Се ширеа и се собираа во напливот на изгревот
До мене непознатата жена пееше пискаво
Зошто сега очите и беа две јами без живот
Оган,оган дајтеми молвеше злокобно
Оган дајтеми за вечниот студ под земјата да го растерам
Ех Судбино,Судбино
И пукна зората
Прошталниот крик заличи на сватовска песна
Низ сувото грло се исцеди
Несакам да се женам со непозната жена
Сакам само да сонувам
Ех Судбино,Судбино.
Нема коментара:
Постави коментар