Во некој свој
таен занес
Тој
Ја ораше со
стапалките Јужната планина
Небаре е
Богочетец кој го бара сонцето во пурпурноста
Но повеќе беше
воден од своите темни претчуства
Бараќи,пробуваше
да го намали ако се може и ноќното небо
И се будеше со
глас...морам да го најдам
Во такви
мигови кучешките глутници му се потсмевале
И низ виежот
му глаголеле
Отфрлиго бигорот,и
подариги коските на земјата
И погледни во
далечините
Кога месечината
ќе го стори Дванаесетиот круг
Ти во Вечниот
грев ќе го видиш Изгубеното Писмо.
Оф,само ќе
офнел тогај
Тој
Несакаќи мислата
да ја пушти од виугите
Судбино повторно
си поигруваш со мене на маѓепски начин
И ме казнуваш
недолжен
Пуштајќи ми го
прозирниот бран на неспокојство
Вратимиго оганот
на преданијата во крвта
Ќе можам,знаеш,со
мојата воља,со мојот дух
Да го читам
Писмото на мојот Вечен Татко.
Недостасуваат некои
зборови овде
Можеби е со
нејасен почеток сето ова
Но сепак
наликува на исповед од Синот.
Нема коментара:
Постави коментар