Стојам сам на
самиот раб од Галаксијата
и малку кришум
со нејасни желби те гледам
пробуваш да се
отргнеш од осаменоста која ти доаѓа галопираќи
не си се
променила
и не се
прекоруваш за некажаното збогум
сепаќ
сеќавањата се тие
зарем не
кога душата
моја голтка упокоена вода се напи
Ангелот
милостив се појави
И со прст
покажа кон судбината
Која великодушно
гробови растураше насекаде
Само рече
Тоа било
твоето милосрдие
Од се тоа
мртвиот јазик легна во устата
Носеќи ја
болката во утробата
А ти со
прикриено поругание се препокри
И тргна во
жетва на покојници
Што
Сега поинаква
ли си
Не ти се
подбивам
Но знам дека
еден ден и ти ќе клекнеш пред судбината
Со силно
стегнати тупаници
Нема коментара:
Постави коментар