Се стаписа
Часовникот одеднадеш
Којзнае,можеби
само сакаше да биде потаен придружник на мртвото време
Или тоа е само
уште еден таен акт на Судбината
Но сеедно
заличиа на заговорници во новото време
Им се придружи
и кандилото
Прво се згусна
светлината во една точка
Да,мракот ја
голтна така брзо и лакомо во еден здив
Ете ти три случајности
на едно место,кои те тераат да мислиш поинаку
Сега недостасува
во овој простор,да овој чуден и малку загатлив простор
И прозорот да
пукне со линии танки
Или пак
огледалото да се стори сол,што би рекле стари
Тогаш слободно
ќе кажам,се работи за маѓија стара
Научена од
папируси Египетски,невидлива и невидена
Но моќна,како
гниежот на сите спомени
Кои се собрале
во некој слој од животот
Простете,овде
се работи за часовникот
И подобро е да
го одмотаме клопчето на агонијата
И да ја
тргнеме нејасната насмевка што се налепила кај вас
Застанал кутриот.сеќавањата
го преткале,та тој папсано се предал
И евего небаре
е покојник,само вкочаенето стои
Некаго,нека
стои и нека ја чува Тајната за вистинското скочанување
Тоа што го
кажав е само претпоставка
Ако и
навистина ни каже,не би била тајна негова.
Нема коментара:
Постави коментар