Стравот
како своја престолнина го зеде
срцето.
Се прогласи за Чудотворител
а не причинител на секакви
безумија.
Рече,бил повеќе истребител,помалку
избавител
та како што беше угу гол
Зеде со својот змијовиден камшик
месото да го прочистува од
секакви гревови.
Е де
еднаш донесе и утешение и заштита
кога беше згуснат мракот,и се
лепеше на темето
молитвата на невидливиот Светец го
скаменуваше
та стануваше голем пакосник
Многу ги сакаше кучешките заби на
крајот од усната
и секогаш мувлосани коски им
даваше да глодаат
незнаете,страсно ја љубеше
гробната светлина
тогај стануваше читач на минатото
и како виулици носеше нови
морници.
Имаше и тој триста маани
Небеше син на Сребрената Месечина
Гласот му заоѓаше,кркореше тивко
Кога боските на Цвета ќе му
прелетаа пред него.
Којзнае,дали некогаш ќе излезе од
мракот на споулавената надеж
И својата зелена крастава кожа ќе
ја фрли на сонце
Но никогаш нема да биде сеач на
плодно семе
И сеедно ќе му биде,што е
понеделник или сабота.
Нема коментара:
Постави коментар