Празнината
помеѓу небото и земјата
Се
исполни со слатки мољни,родени од празни воздишки
Та час
прават искривени виножита
Час ви
го даваат привидот дека сте живи светци
А час
ви ја дерат кожата се до вашите волчји коски.
Како проколнат
поет ви го кажувам сето ова
И
повеќе овие стихови се за невините,штотуку родените
Отколку
за вас,кои се капите во крв,се замивате со солзи
Заплеткани
во испокинати нишки на секојдневието
Исполегнати
во живеалишта на очај.
И не
купувајте повеќе огледала,изработени на нејасна месечина
Ќе ја
видите вашата душевна осаменост како ви се смее
Од
ликот изобличен ќе се исплашите
И ќе
почуствувате како под вашите клепки,пловат мртви облаци
Единствено,утешително
ќе биде,заборавената насмевка од младоста.
Сакате
за среќата да зборуваме,и да ја бараме,и да ја имаме
А
сеуште ни Оче Наш не научивте да кажувате
Од
мирисот на годишните времиња се огадивте
И саде
лачот од темнината го збирате во дланките
Бараќи
ја при тоа помеѓу четири мртви ѕидови вечноста.
Нејсе,и
вудвосан ќе минам под крстот
А вие и
понатаму останете да бидете Апостоли на Лицемерието
И
чекорете озарени,со скриени мисли за блуд
Но
наскоро,крикот на Небото ќе ве разбуди
И ќе ве
повика,поплитко да се закопати во земјата
За да
може патникот од иднината да ве најди смирени.
Нема коментара:
Постави коментар