Со својата скрб и будалестата
надеж
Ископував зло од каменот црн
Мислеќи така,дека злото во
Човекот е мртво
И им глаголев катаден на
добитчињата невини
Дека нивното умирање е хумана
работа
Која судбината им ја одредила на
Сведен Голем.
А потоа
Кога низ катниците ми се цедеше
крвта нивна
Не се чуствував бедно,како Петко
Вампирот од приказните на Дедо
Ами возвишено,нивната смрт,со
вино кисело ја славев
А потоа,полупијано,на каладрмата
и раскажував
Додека во чвор чуден ги плеткав чекорите.
Ами убавини беа тоа,да знаете
само
Кога на туѓата смрт утеха и давав
Или ме убеди така Цвета
Блудницата
Која на Боските Свои тајната Вселенска
ја имаше залепено
И кожата и мирисаше на мелеми од
треви исцелителски
Ех, кога Бедрата ќе ги раширеше
Лечеше и страшен очобол и миреше
секакови тегоби.
Сега вие,со презрение не ме
гледајте после ова
Оти живеам за смрта нивна
И за призрачните патеки кон
постелата
И не ме нарекувајте кучкин син
Туку научетеме како да јадам
варена коприва
И како да го наслушнувам животот
Кој пее секогаш со молбени арии
во срцето.
Нема коментара:
Постави коментар