Ако идната недела,или идниот
месец
Го запознаете ужасот
Кој е верувајте пострашен и од
здивот на ѕверот
И ви постави невидливи стапици
Во лажните евангелија кој ќе ги
читате
И ве натераат да ги исечете
лозниците во дворовите
За да може така поубаво
Змијата да се издолжува во сите
ваши неродени денови
Можеби и незнаете,дека
Се топите и умирате,брзаќи така
Да умрете пред својата смрт
Без да погледнете во сводот
Во таа исконска распната сина
кожа
Која е без брчки,и со многу
насмевки
Ах би глаголел уште многу
Но подзаборавам дека вечерва е
Лазарова Сабота
Кога Мртвите зборуваат
А живите само слушаат и паметат.
Нема коментара:
Постави коментар