Бевме две близини
сега сме две далечини
далечини без почеток и крај
кругови отворени и никогаш веќе незатворени
со две тишини кои пловат на две различни правци
јас на север
ти на југ
јас на запад
ти на исток
веќе недопрени се препознаваме
само кога ќе застанеме пред огледалото на душата
на краевите светкаат желбите
кажуваќи ни така
дека сме живо присутни во тој простор
не разбираме но сепак уживаме
во нашето несовршенство.
Нема коментара:
Постави коментар