Небевте длабоко во времето, за да
ги видите агониите на ноќите
Вие,кои го наследивте оловното
сивило во очите
Та затоа од вашите срца се цеди
тага
И во тишината ве придружува
песната на сонливите штурци
Нејсе
Утре во утробата ќе ви завива
гладен волк
И нема веќе да глаголите за
чудата на Апостолите
Месечината ќе се намали
И не ќе пробате веќе никогаш
сребрена вода
Правот на замор,катаден на
клепките ќе ви виси
И околу вас ќе се сноват
сенки,без облик на човек
Баба Петра одвреме навреме ќе ве
прска со крстена вода
И со мртва утеха ќе ве теши
Од пишаното не се бега
Ќе ве прашам
Кога ги убивавте соништата
Имавте ли јасна иднина
Или само сакавте да заминете од
мачната стварност
Каде вашите притаени воздишки ви
се губеа.
<3
ОдговориИзбриши