понедељак, 20. јул 2020.

О земјо безимена




О земјо безимена
Зошто сега сите твои песни се тажни
Без ниедна солза во нив
О земјо безимена
Зошто сега сите твои страници се празни
Без ниеден збор напишан
О земјо безимена
Проклета ли си
Или сме ние проклети што газиме врз тебе

Ене таму во таа планина,нечија ли е
И дивиот цвет сега за нас далечен е
О земјо безимена
Празнината сега не боли
Имаме синџири околу нозе
Но немаме мисли весели и плодни
Постоиме,постоиме,но во погрешно време.

О земјо безимена
Џабе тагуваме,кога ни утеха немаме
Чекориме назад,каде смрта бега од нас
И бегамне напред,каде небесат паѓаат врз нас
О земјо безимена.






среда, 27. фебруар 2019.

Осудиме повторно и повторно



Осудиме повторно и повторно
Во  сто и една пустина да шетам
Осудиги и моите утра што не плачат веќе
Осудија и онаа мала ситна бабичка,што
Секогаш во правливата улица кажува Добро утро
Осудиги и капките дожд,што ја перат постојано мојата тага
Да,да,осудија и онаа ладна Јануарска ноќ
Кога во тебе прорти семето на животот
Осудија и мојата насмевка која тогаш се разлеа по снегот
Ако треба
Осудиги и планините што катадневно ја впиваат болката моја
Осудиги,осудиги Драга Моја
И Светците што катавечер молитвите ми ги слушаат
Осудиги и мравките,и птиците
Осудиги сите и спаси се така од заборавот
Зошто тебе Љубовта ти пресуди.


понедељак, 4. фебруар 2019.

Во Предворјето на Пеколот


Во Предворјето на Пеколот

Додека мојата изгниена душа
Се растура насекаде во илјада и едно парче
Уништуваќи ги така и последните чисти мисли
Што останале да се прпелкаат во вчерачниот ден
Одспротива
Во предворјето на пеколот
Стариот и малку папасан циган со својата виолина
Ја разобличува тагата
Сакав да му кажам
Бесцелно ти е сето ова
Бидеќи и двајцата сме во самракот на Љубовта
Бесцелно ти е
Миговите на проклетијата наскоро ќе не раскинат
Осамата ќе не прекрне
Срцето бесно ќе рика
Та ќе ја вдишуваме лакомо
Неподосивата реа на крајот.


среда, 17. октобар 2018.

Колекција од Болки




Ако мојата тишина и твојата тишина
Се прегрнат онака заљубено како некогаш
Дали и понатаму ќе  мислиме исто, како и сега
Дека дождот залудно паѓа.

Ако мојата душа и твојата душа
Заиграат на празниот булевар некој непознат танц
Дали пеколот што го создавме самите
Ќе се распадне под светлината на фенерите.

Молчиш зарем не
Молчам исто како и ти
Вдишуваќи го мирисот на Ванила
И,Надеваќи се дека повторно ќе се стретенеме во некој сон.

А се што е недоречено
Останува и понатаму
Во нашата колекција од Болки
Која ете ја,виси во некое непосакано утро.









уторак, 16. октобар 2018.

Наликува на Еретички Запис




Не клекнувам пред олтарот на Бога
За да ми мине ете така времето
Заедно со Бабетините кои им е ладна душата и кога сонцето ќе изгрее
за пцалам празна молитва
Ами наутро,мојот прв поглед го пали кандилото
Во моето срце,,кажуваќи ми дека на патеката каде светлината ќе не води
Повторно ќе стретниме
Курви кои личат на домаќинки,Неблагодарници во убави Одела
Плашливци со девет амајлии околу вратот
Полупијани скитници без грам надеж
Кои копнеат ден и ноќ за само една прегратка
Да,можеби и ќе се видиме себеси,во нечии бескрајни пространства
Како чмаеме исплашено во крајот на некој лилав облак.

Ете,само да знаете,Денес
Ќе бидам Среќен,Ќе бидам тажен
Ќе ги мирисам цвеќињата,ќе се радувам како дете на капките дожд
Ќе ви кажам,Добро Утро,Добар ден
Сеедно ми е што вие ќе молчите
Ќе го градам денот,без да го рушам вчерашниот
Грчеќи се исто,и на мојата и на вашата болка.









понедељак, 15. октобар 2018.

Химната на Љубовта и Животот




Незнам дали да ја отпеам грловито на Пладне
Или тивко,тивко на полноќ
Химната на Љубовта и Животот
Зошто некако знам
Дека вие лажни црвени Буржуи
И Големи лицемерни лигави Поданици на Христа
И мене,како и другите пред мене
Мад мадскара ќе ме сторите
Не оставаќи ме да ги напишам сите природни тонови на бојата
По недогледното синило
А потоа со младото лудо ветре да заскитам по вжештените покриви
Каде се кријат сите погледи кон далечните ѕвезди
За најсетне во чекорите да ги втиснам
Нотите во кој се вградени сите мириси на Љубовта.

И стариот Атанас,кој липса како куче на плочникот од Градот
Ја нудеше својата прегратка секому бесплатно
Со солзите им ги замиваше на сите валканите дланки
Не раскажуваше никому за избледените спомени
Туку играше секогаш танго со папсаните соништа
На музиката која му ја свиреше Месечината
Ете,замина ,замина Атанас заедно со Виножитото
Без да го разберат сите дека ја пееше секој ден Химната на Љубовта и Животот.

Незнам,навистина незнам дали ја отпеам химната
Или да оставам рапавиот ветар да скита по вашите испукани усни
Каде се сокриени сите ваши несреќи
И залудни потраги по совршенството.







недеља, 14. октобар 2018.

Доволно е




Доволни ми беше само еднаш
Да погледнам во твоето синило.
за да ја видам сета скриена тага
позади сите твои широки насмевки.

Доволно ми беше само еднаш
да го слушнам твојот таен шепот
што го пушташе во тишината
за да знаам како душата твоја рика од болка.

Доволни ми беше твојата близина
за да го почуствувам немирот на твоите дамари
кои танцуваа нервозно секогаш
кога мојата воздишка умираше на усните мои.

Доволно е твоето постоење
За да ги отворам очите
И  денот да го прегнам
Со една широка прегратка.





Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...