Во Предворјето на Пеколот
Додека мојата изгниена душа
Се растура насекаде во илјада и
едно парче
Уништуваќи ги така и последните
чисти мисли
Што останале да се прпелкаат во
вчерачниот ден
Одспротива
Во предворјето на пеколот
Стариот и малку папасан циган со
својата виолина
Ја разобличува тагата
Сакав да му кажам
Бесцелно ти е сето ова
Бидеќи и двајцата сме во самракот
на Љубовта
Бесцелно ти е
Миговите на проклетијата наскоро
ќе не раскинат
Осамата ќе не прекрне
Срцето бесно ќе рика
Та ќе ја вдишуваме лакомо
Неподосивата реа на крајот.
Нема коментара:
Постави коментар