Осудиме повторно и повторно
Во сто и една пустина да шетам
Осудиги и моите утра што не
плачат веќе
Осудија и онаа мала ситна
бабичка,што
Секогаш во правливата улица
кажува Добро утро
Осудиги и капките дожд,што ја
перат постојано мојата тага
Да,да,осудија и онаа ладна
Јануарска ноќ
Кога во тебе прорти семето на
животот
Осудија и мојата насмевка која
тогаш се разлеа по снегот
Ако треба
Осудиги и планините што
катадневно ја впиваат болката моја
Осудиги,осудиги Драга Моја
И Светците што катавечер
молитвите ми ги слушаат
Осудиги и мравките,и птиците
Осудиги сите и спаси се така од
заборавот
Зошто тебе Љубовта ти пресуди.
Нема коментара:
Постави коментар