Доволни ми беше само еднаш
Да погледнам во твоето синило.
за да ја видам сета скриена тага
позади сите твои широки насмевки.
Доволно ми беше само еднаш
да го слушнам твојот таен шепот
што го пушташе во тишината
за да знаам како душата твоја
рика од болка.
Доволни ми беше твојата близина
за да го почуствувам немирот на
твоите дамари
кои танцуваа нервозно секогаш
кога мојата воздишка умираше на
усните мои.
Доволно е твоето постоење
За да ги отворам очите
И денот да го прегнам
Со една широка прегратка.
Нема коментара:
Постави коментар