субота, 10. фебруар 2018.

Страшниот Суд ти е пред Врата




Ти
Лажлив Роду Човечки
Во кој нема ништо добро во тебе
Ти
Кој пупките свои не ги сакаш да ги згрижиш
Да ги однесеш во Светлината на Вечноста
Ти
Кој не ги сакаш Цветовите твои кои сега се расцветани
Ти
Плачи и лелекај сега
И спиј на легло од штици
Немаќи смирение
И
Неверуваќи во себе
И
Не Ослободуваќи  се од страстите

Ти
Лажлив Роду Човечки
Ги имаше Ангелите со Тебе
Но Ти
Се наклони кон гревот
И сега
Само Гревот те теши
Ти
Сега се плашиш од Боженствениот Трепет.

Ти
Лажлив Роду Човечки
Осознај се
И не се скалдисувај
И
Не ја крши заклетвата што ја даде кога се Роди
Ти
Со твојот разуздан полет
Го сееше сега твоето уништивачко семе на тлото земјино

Ти
Лажлив Роду Човечки
Што желбата ја исполни со Презир
И се огади од плодовите на Љубовта
Ти
Сега се одрекнуваш од себеси

Ти
Лажлив Роду Човечки
Што веќе за плач и воздишки не си достоен
Се срамам што дел Твој сум
И што сакаш доброволен Роб да Бидеш

Јас грешникот
Го гледам срамот твој,кој е потежок и од тебе
И оковите твои ги гледам
И не прикривам
Секој ден тагувам и воздивнувам
Што не гледаш
Дека Страшниот Суд ти е пред Врата.










понедељак, 5. фебруар 2018.

Господе Помилуј нас




Ако навистина сум ѕвер
Тогаш зошто сеуште одам на две нозе
А вие во милоста ваша ми ја срушивте планината
И пустина со расфрлани камења ми дадовте
Ако навистина сум лудак
Зошто тогаш не ја затворите оваа отворена лудница
Тогаш барем вие Богоугодни суштества
Булеварите направетеги во мачилишта сурови
Домовите во келии темни
Постелите во канџи лепливи
Та
И јас,и сличните на мене
Што не наликуваме на вас
Облежетене со глогов венец на главата
И камени крстови во рацете
На плеќите
Ставетени,не сто
Туку уште по илјада несторени гревови
Устите зашијте ни ги со врвки од биволска кожа
Не ќе молиме тогаш
Господе Помилуј нас

Зарем не.


недеља, 4. фебруар 2018.

Во името на целокупното лудило



Во името на целокупното лудило околу нас
Се фрлам во устата на непознатото чудовиште
Којзнае
Можеби е паднат Ангел
Кој само ползи по земјава
И му предлагам
Заедно
Додека седиме бесцелно
На самиот врв од планината
Да ја џвакаме сета темнина околу нас
Што ноќва ете така великодушно ни ја подарува
Се смее малку иронично
Но сепак лиги му течат
И низ насмевката ме прашува
Мислиш дека така ноќта
Ако ја џвакаме темнината ќе ја направиме пократка
И дека спасот ќе го најдиме во денот
Та исто ти е Пријателе мој
Лудилото трае деноноќно
Да
Во името на целокупното лудило
И светлинаат ќе ја голтаме лакомо

Само ако сакаш.


Изгубивме Земјо моја.




Мислата со галоп трча некаде напред
Бараќи го денот,што го барале и моите предци
Додека крвта полека истекува на црнава земја
Ако ми дозволите
Уште неколку мигови да вдишам воздух
За низ последниот шепот
И го кажам името мое
Вие немора да го паметите
Доволно е таа да го знае
Родилката
Која и вам утре ќе ви затни ноздрите со прашината своја

Сега,не е веќе ни облачно
Ни тажно,ни топло
Сега душата ги преминува границите кои вие ги нацртавте
Сега,небиди барем ти тажна земјо
Топол сум до пладне
А потоа во моето тело,есента ќе се вгнезди

После пладне
Лицето на светот,злобно и темно ќе се распрсне
И повторно некоја нова будала ќе зборува
За храброста,и за совршената тишина
За планините каде нема болка
И за вечноста каде нема темнина
И за кукавиците кои стануваат херои
Кога хероите ќе погинат.

Изгубивме Земјо моја.








петак, 2. фебруар 2018.

Јас еднаш живеев во еден роман




Јас еднаш живеев во еден роман
Не се сеќавам дали бев главен или спореден лик
Но сепак беше убаво
Неколкупати бев на работ од смрта
А два пати ја гледав месечината како плаче
Ама ете во тој Роман бев скитник
Скитник кој одеше на почетокот
А потоа кога ќе дојдеше на почетокот
Сакаше да биде на крајот
И секогаш во тоа одење го барав спокојот
А тој ми ти бил во срцето
Кога го пронајдов некаде на средината од патот
Помеѓу почетокот и крајот
Се случи и тоа
Ќе ви раскажам за најспокојниот ден
Кога и мравките несакаа да го реметат спокојот
Та седнаа и тие наоколу
И со восхит гледаа како се раѓа пурпурната зора
Нема да верувате
Подоцна
Кога се распосла светлината
Птиците пееа поубаво и од Ангелскиот хор на Небото
Интересно зарем не
Но не го измислив сето ова
Го напишал авторот на Романот
Во кој живеев се до оној кобен ден
Кога Романот никаквец го фрли во пламенот
И во тој пламен изгорев
Но
Тоа небеше крајот
Некаде напред
Гледам има нови празни листови
За некој нов Роман.






Кога Рамнодушноста ќе се всели



Кога Рамнодушноста ќе се всели во Човечкото Срце
Тогаш сеедно му е
Дали е изгрев или заод.

Кога Рамнодушноста ќе се всели во Човечкото Срце
Тогаш,ни Бурата која корне дрва
Не го плаши

Кога Рамнодушноста ќе се всели во Човечкото Срце
Ни поплавите во Бангладеш кој однеле стотици жртви
Не го тревожат
Ниту пак смрта на шеесет и шест Бели китови

Кога Рамнодушноста ќе се всели во Човечкото Срце
Бесцелно е што и Месечината катавечер му се насмевнува
И понекогаш му намигнува
Од густиот мрак околу него,не ја гледа нејзината Златна Светлина

Кога Рамнодушноста ќе се всели во Човечкото Срце
Тој,со еднолични чекори оди по Булеварот
Додека луѓето со насмевки го поздравуваат.




четвртак, 1. фебруар 2018.

Пресечиги конците на времето




Пресечиги конците на времето
Со кои ме врза
И ослободиме од обврската
Да бидам деноноќен чувар
На гробницата од нашата Љубов
Сега
Кога плеќите папсаа
Товар ми е сјајот на месечината навечер
Дење,немоќен сум да сликам по небото со прстите

Пресечиги конците на времето
Со кои ме врза
За да можам на младоста да и простам
За сите залудно изгубени години
Знаеш
Неумеам да лажам
Сега повеќе го сакам Достоевски и Лорка
Отколку мртвите спомени.

Пресечиги конците на времето
Со кои ме врза
Сакам повторно да го мирисам рузмаринот
Сакам
Во утрешниот ден мојата стапалка да биде видлива
Сакам
И идната недела да не се сомневам во светлината
Дека е само сива илузија.







Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...