четвртак, 23. март 2017.

Бојата на Сонот



Само бојата на сонот го даваше мирот
Додека чуството
Дека не  сум во времето
И полека над времето летам
Додека животот
Небаре е дива капина се плеткаше низ дните
Невиде
Да ,ти никогаш не виде
Како се крши огледалото
Навестуваќи седум години тага
Невиде
Да ти никогаш невиде
Како пукаа ноќите од плачот
Остана
Во тој чуден сплет на чуства
Само бојата на сонот
Да го дава чуството на мир

Во целата тишина


Некаде во рушевините на душата




Некаде во рушевините на душата
Под пластовите од пепелта
Се провлекуваше низ плачот
Прошката
Која времето сакаше да го запре
И така
Болката да ја натера
Да не воскреснува пред секој нероден миг
Шепотеќи му утешително
На секој сегашен миг

Твоето име беше Љубов
Кое беше изговарано
Со копнеж
Со страст
И во копнеж
И во страст

Пиеќи го виното
Кое ме опиваше исто
Како секој твој поглед
Правеќи ме роб
При секој твој допир

Но,ете
И Бесконечноста знаела
Но молчела

Нашиот крај ми ти бил запишан
Уште во самиот почеток
Некаде таму
Во твојата празнина

Та сега
Некаде во рушевините на душата
Под пластовите од пепелта
Се провлекуваше низ плачот
Прошката








субота, 18. март 2017.

За секој случај



Не требаше да бидеш солза во моето око
Ама
Сега
Не остана ни занес,ни воздишка
Не остана ни ветерот да ме радува
Не требаше
сега
Олку силно да боли
Би кажал само
Се е веќе апстрак наоколу
Па и плавата светлина околу месечината

Ни танцот со ѕвездите веќе не е вистински
Додека соништата
Евеги
Дишат папсано

Не требаше
Нетребаше да бидеш солза во моето око
Ни пак болка во моето срце
Ни пак рана во мојата душа

Остана уште толку време
Да кажам

Завртисе
Некаде према запад
И со малку спуштен поглед
Пред облаците
Побараја среќата
Но за секој случај
Помини под виножитото.




петак, 17. март 2017.

Тајната на Душата



Секогаш,во ноќ без јасни ѕвезди
Каде само Русалките
Со крик  ме тешат
Шепотам

Живееш
Во секој мој
Одминат сегашен и нероден миг
Непрашуваќи ме
Зошто Јас умирам
Во секој мој
Одминат сегашен и нероден миг

И
Се е така,исто тука
Додека ветерот ми цеди од очите солзи
Правеќи лицето да ми трепери
Со дробни далги

Но
Ако некогаш те огре источното сонце
Или ги доприш
Нежните криља на сказанијата
Само молчи
И слушнија тајната на душата
Без да таложиш горчина во грлото.




понедељак, 27. фебруар 2017.

Недовршена Вистина



Мојата вистина,и
Твојата шарена лага
Секогаш си играа онака детски,наивно
Во мојата светлина
Која никогаш не можеше без твојата темнина
Да блесни силно
И,се повторно е исто
Кога Јас ќе застанам на почетоко
Ти секогаш одиш на крајот.

Но
Кругот
Никогаш и не се затвори
Останаа да висат некаде помеѓу нас
Дилемите

И спомените


недеља, 26. фебруар 2017.

Ако Бев



Ако бев само една капка
Мала
Од росата утринска,или пак од бурата полноќна
Дали и тогаш ќе паднев некаде случајно
Носеќи ги со себе песните од сите таласи на морето
Кои се создаваа со ударите по спилите оштри
Во кој беа запишани
Сите покајнички молитви од животот

Ако

Ако бев една снегулка
Мала
Од големото јато кое се пласти тивко,нежно
Дали ќе ја имав моќта тогаш
Да ги прекријам сите тајни,сите лаги,сета омраза,и
Криви патеки на вистината,оставаќи само
Девствената белина да владее.

Ако

Ако бев скитник
Убав или грд,со лити партали,и малку тага
Со чуство дека сум на погрешно место
Во погрешно време,меѓу погрешни луѓе
Се прашувам,дали и тогаш ќе посакав,ете така
Чисто од Љубов,да го извадам моето срце пред вас
Додека вие со бодежот го целивате.

Ако

И оваа ноќ замини,и ништо не се случи
Тогаш барем со моите уморни прсти ќе насликам слика
На едно уморно попладне,празна улица
Со малку светлост
Во кое го играат своето последно танго
Капката утринска со снегулката мала.



,



недеља, 1. јануар 2017.

Некаде длабоко во мене

Некаде длабоко во мене,гласовите се претвораат во тишина,а темнината во светлина,светот за кој ви зборувам не можете да го видите,но сепак живееќи во темнината,мислите дека одвнатре ме јади густиот мрак,можеби не разбравте за што зборувам,но да запеам,мојот глас е грозен,и вие секако ќе ги затворите ушите,како што ви се затворени очите,се плашите и да зборувате за се ова..но на едно место во тоа што вие го нарекувате темнина пишува..во нашиот живот добиваме многу малку шанси,да им помогнеме на другите...ако не верувате дека е така,барем пуштете една искрена солза,да искрена,и можеби додека паѓа таа солза,ќе видите,дека секоја солза е еден мал океан во кој се удавени сите ваши надежи...


Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...