Честопати
Движеќи се по сончевите патеки
Го слушам големиот разум на
вселената
Во кој се создаваат сите живи
мисли
Од кои и камењата воздивнуваат
Карши карши
Во малку заборавената и темна
вселена
Чука часовникот на смрта
За да се отворат пупките на мракот.
Ех,зарем повторно на земјата да
се вратам
Слушаќи ги стотиците еха во крвта
Со срце стежнато од јад
Заграден со омарнина
И стотици улави сенки.
Затоа,не ми замерувајте
Што повторно буричкам со прстите
во облаците
Којзнае,можеби затоа што немам
свој Бог
Ами сум посвоен од
времето,месечината
И сите познати и непознати
вселени.
Нема коментара:
Постави коментар