Се простив од сите стихови
И мочешкум поминувам
Тивко,тивко покрај сите некажани зборови
Богатството што го собрав
Низ сите мигови
Каде тагата се плодеше обилно
И го оставам на Судбината
Нека таа
Го закопа длабоко во пустината
Каде скитав деноноќно
Не ме прашувајте зошто
Туку молчете и вие
Зошто музите енеги збунето стојат крај стариот Даб
Знам
Гавранот во муграта пеееше за ова
Сенките денес слават
Во истата крчма каде што некогаш со курвите вино пиев
И наздравував за секоја неродена зора
Остана
Уште толку време
Да одам во суводолицата
и го прегрнам мојот папсан сон.
П.С...ќе оставам таен запис на небото,ќе го прочитате само тогаш кога на
скеларот ќе му дадете паричка.
Нема коментара:
Постави коментар