Кога првпат ја слушнав мислата
Од старецот кој се радуваше на
раѓањето од денот
Дека
Смрта ја дава целата смисла на
животот
Токму тогаш кога сите денови истекуваат
како река
А ти ги броиш само капките
Само се насмевнав и одмавнав со
раката
Но ете ме
Можеби ова е апстрактен простор
Но сепак го растегнувам подарениот
миг
Во илјада и еден,само да се
радувам на снегулките кои паѓаат
А потоа позајмувам повторно грст
време
И ги кршам следниот миг на сто и
едно парче
За да можам што подолго
Да ја гледам насмевката на
месечината
Во третиот миг и самиот не
разбирам што се случува
Но сепак
Чуствувам дека тоа е патеката на
Љубовта
За која сите копнежливо
посакуваат да одат.
Да,да
Смрта ја дава целата смисла на
животот
Токму тогаш кога сите денови истекуваат
како река
А ти ги броиш само капките
Нема коментара:
Постави коментар