А тебе ти е сеедно
Што премногу тајни кријам во очите
И незнам,дали утре ќе имам
повторно убави зборови
Да напишам за твојата далечина
А тебе ти е сеедно
Што повторно токму тука на брегот
од реката
Безгласно разговарам со тебе
За пожолтените слики во старите
албуми
А тебе ти е сеедно
За мојата никогаш недовршена
песна,посветена за тебе
И твоите шепоти кои сега се губат
во секоја нова зора
Додека стрпливо се затвара
капијата на ноќта.
А тебе ти е сеедно
Што мислите ги врежувам на црниот
камен
Недаваќи така дождот да ги
избрише
И по илјада години
А тебе ти е сеедно
Судбино моја.
Нема коментара:
Постави коментар