четвртак, 3. мај 2018.

Револуцијата бара маченици, а не Будали




Кога Идеалот се замени со блескави камчиња околу вратот
И дебели наруквици околу глуждот
А Хероите станаа само ладни мермерни бисти
Во запуштени паркови со овенати цвеќиња
Каде само кучињата мочаат
Кога курвите станаа ценети и почитувани дами
На кои им се поклонува и Светиот Татко
Ете тогаш и Крстот замина во маглата да се крие
Утре и Црквите бршлени ќе ги обвијат
Да,да, пеперутките ги гледате ли,летаат насекаде....Бесцелно
Со малку тага во песната своја,нели
Ете, денес е исто како вчера
Смрта хара насекаде,низ сите пори на Светлината
Додека животот чмае некаде во некоја полураспадната зграда
Стегнат силно во рацете на двегодишно дете
Кое сонува да заспива со плишано мече покрај себе

Ама така е
Револуцијата бара маченици
А не Будали



среда, 2. мај 2018.

Сеуште читам Романи





Кога би постоел Роман  без зборови
Со сласт би го читал
А потоа би насликал слика
Голема колку небото
Со една боја
Иста како Белината непрегледна
Но ако некој од вас застане пред таа слика
За ете да го искаже восхитот
Којзнае можеби ќе ги види сопствените валкани мигови
На тоа чудно платно
Но сепак
Секое попладне
Сеуште читам Романи
Бараќи го единствениот без зборови.



уторак, 1. мај 2018.

Дојде и јаловата Тишина




Кога моите коски и кожа ќе се соединат
Знам
Дека твојата чудна фантазија за зло ќе се смири
Знаеш
Кога ме испрати на дното од Пеколот
Од мене извираше река од надежи
Не се плашев,и кога мувите ме плукаа
И кажував јасни зборови
Малку беше љуборна  на моите Очи
И на зениците каде се преливаше богатство од виножита
Ама ете
И кај тебе дојдоа годините на тагата
И јаловата тишина
Ноќта и денот ги мешаш
И ги бркаш сите кои имаат бакарна боја на рацете
При тоа раскажуваќи приказна за изгубената убавина
Која ти истече додека се валкаше низ машката пот.




Олтарот на Проклетството




Додека секундите безмилосно отчукуваат
А вие се замислувате дека сте Сонце
Сеедно може и месечина
Внатре
Меѓу купот коски
Под пластовите збрчкана кожа
Со големо клокотење во Душата
Смрта и Животот
Низ некоја чудна магиска игра
ја одредуваат судбината на утрешниот ден
но да знаете
десно од вас е Олтарот на Проклетството
каде многумина се поклонуваат со многу чемер
и молат
барем еднаш,и само еднаш
со своите закржлавени криља го прелетаат Чардакот на Љубовта
и никогаш повеќе околу нив да не фучат ветриштата
и се да има смисла.





понедељак, 30. април 2018.

Не ги казнивме душманите,тие ни ја зедоа иднината





Додека некои,ни го омеѓуваа времето
Ние,застанавме,небаре сме свеќи на изгаснување
Во проклет,плашлив простор од Вселената
Та скршени од болка,го молевме Бог
Барем тажните зборови да ни ги земи од мислите наши.

Сега дури узнавме,дека Братската слога ни се стопила
којзнае,можеби затоа што Љубовта ја претворивме во омраза
сакавме да му кажеме,додека згугурлени седевме
Не стасавме да остариме онака Човечки
Простини,што сега со молитви си ги плакниме очите.
Ете ,ни далечините не можат да ни ја стопат осамата
Патеписците за нас ќе пишуваат дека сме скаменети сенки
Свилата ни ја зедоа,проклетници,на која го везевме и Небото и Земјата
Можеби затоа сега ни тежат рамењата
Да знаете само, таму лежеа сите наши сонувања.

Ех,расневме и во суводолиците,и вишнеевме кон небото
Исто како Јабланите,и се печевме на камењата низ вековите
Бојата на денот ја менувавме,вкусот на времето го дишевме
Јалдази на земјата садевме,на моми ги подарувавме
Пиевме,пиевме Господе од Нектарот на Вечноста.

Ора,ора стариот плуг на времето повторно на оваа земја
Ама,неможе да ги расклешти камбаните за повторен воскрес
Не ќе растиме тука со гордоста твоја,се јоктисавме
Не ги казнивме душманите,тие ни ја зедоа иднината
Сега животот за нас ќе биде само тажен запис,а мислевме дека ќе го надживееме.





петак, 27. април 2018.

Ако беше Син на Татко





Ако беше Син на Татко
Без мртов оган во очите
Тогаш и слепите ќе можеа да те однесат кај нашиот Господ
Да се помолиш ете така како човек.

Ама ти си помал од птиците,само во мигов така глаголам
Незнаеш ниедно предание,за подбив си
И меѓу чавките,и меѓу гавраните
И не си дораснат за Судбината да те милува.

Кажуваш насекаде,мислите ти ги украле орлиштата
И дека немаш жолчка,та затоа не се срдиш
Поразите за победи ги редиш на пладне
И на крадец му се доверуваш за твојата ѕвездена ноќ.


Нема да те закопам,ни плитко,ни длабоко
Ќе оставам,смрта да исткае на разбојот ирамче за тебе
Со црни нишки,кое ќе продолжува до проклетијата
А името твое
името твое и онака ни свештеници на опело не го кажуваат веќе

нејсе, ни гнилата ткаенина ти ја нема на телото
џиновски бубачки и лебарки ти го смукаат семето
не ќе дочекаш седмо колено
на скаменето чело,ќе те целиваат самовили.

Ние на Божик повторно колаче ќе кршиме
Живо облаче на кој Светец седи ќе гледаме
А твојата преполовена глава ќе виси на копје од подгрбавен воин
Некаде во некоја задушлива и смрдена одаја.





Стравот





Стравот
како своја престолнина го зеде срцето.
Се прогласи за Чудотворител
а не причинител на секакви безумија.

Рече,бил повеќе истребител,помалку избавител
та како што беше угу гол
Зеде со својот змијовиден камшик
месото да го прочистува од секакви гревови.

Е де
еднаш донесе и утешение и заштита
кога беше згуснат мракот,и се лепеше на темето
молитвата на невидливиот Светец го скаменуваше
та стануваше голем пакосник

Многу ги сакаше кучешките заби на крајот од усната
и секогаш мувлосани коски им даваше да глодаат
незнаете,страсно ја љубеше гробната светлина
тогај стануваше читач на минатото
и како виулици носеше нови морници.

Имаше и тој триста маани
Небеше син на Сребрената Месечина
Гласот му заоѓаше,кркореше тивко
Кога боските на Цвета ќе му прелетаа пред него.

Којзнае,дали некогаш ќе излезе од мракот на споулавената надеж
И својата зелена крастава кожа ќе ја фрли на сонце
Но никогаш нема да биде сеач на плодно семе
И сеедно ќе му биде,што е понеделник или сабота.








Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...