понедељак, 27. фебруар 2017.

Недовршена Вистина



Мојата вистина,и
Твојата шарена лага
Секогаш си играа онака детски,наивно
Во мојата светлина
Која никогаш не можеше без твојата темнина
Да блесни силно
И,се повторно е исто
Кога Јас ќе застанам на почетоко
Ти секогаш одиш на крајот.

Но
Кругот
Никогаш и не се затвори
Останаа да висат некаде помеѓу нас
Дилемите

И спомените


недеља, 26. фебруар 2017.

Ако Бев



Ако бев само една капка
Мала
Од росата утринска,или пак од бурата полноќна
Дали и тогаш ќе паднев некаде случајно
Носеќи ги со себе песните од сите таласи на морето
Кои се создаваа со ударите по спилите оштри
Во кој беа запишани
Сите покајнички молитви од животот

Ако

Ако бев една снегулка
Мала
Од големото јато кое се пласти тивко,нежно
Дали ќе ја имав моќта тогаш
Да ги прекријам сите тајни,сите лаги,сета омраза,и
Криви патеки на вистината,оставаќи само
Девствената белина да владее.

Ако

Ако бев скитник
Убав или грд,со лити партали,и малку тага
Со чуство дека сум на погрешно место
Во погрешно време,меѓу погрешни луѓе
Се прашувам,дали и тогаш ќе посакав,ете така
Чисто од Љубов,да го извадам моето срце пред вас
Додека вие со бодежот го целивате.

Ако

И оваа ноќ замини,и ништо не се случи
Тогаш барем со моите уморни прсти ќе насликам слика
На едно уморно попладне,празна улица
Со малку светлост
Во кое го играат своето последно танго
Капката утринска со снегулката мала.



,



недеља, 1. јануар 2017.

Некаде длабоко во мене

Некаде длабоко во мене,гласовите се претвораат во тишина,а темнината во светлина,светот за кој ви зборувам не можете да го видите,но сепак живееќи во темнината,мислите дека одвнатре ме јади густиот мрак,можеби не разбравте за што зборувам,но да запеам,мојот глас е грозен,и вие секако ќе ги затворите ушите,како што ви се затворени очите,се плашите и да зборувате за се ова..но на едно место во тоа што вие го нарекувате темнина пишува..во нашиот живот добиваме многу малку шанси,да им помогнеме на другите...ако не верувате дека е така,барем пуштете една искрена солза,да искрена,и можеби додека паѓа таа солза,ќе видите,дека секоја солза е еден мал океан во кој се удавени сите ваши надежи...


субота, 24. децембар 2016.

Некако претчуствувам
Гавранот,се издолжи со ветерот заедно
и својот мртов јазик го стегна во клунот
несакаше да кажи збогум
мислеше изгледа догледање да биди.
Не мириса на темјан
тогаш чуствата мора да се мртви
или умира ветерот
животот наоколу само е вкочанет од сето ова.
Некако претчуствувам,бакарната плоча од небото ќе падне
всушност,нема да кажам збогум
но посмртно слово ли ќе пишувам
не,надвор е само налудничав ден.
Сонлива пролет влегува во сеќавањата
сепак гледам и Гавранот боледувал од осаменост
го познавав и не го заборавам
молчи,заграден е со кошмари.
Кој е овде осаменик
јас,или некој друг со крваво срце
или некој со мртов јазик во клунот, Или невидливиот виолинист
кој веќе го свири почетокот на еден крај.
Ако сето ова е пораз
тогаш темната возбуда не ќе ви донесе неспокој
ќе осамне тивкото умирање
да,ќе осамне нечиото тивко умирање.

среда, 21. децембар 2016.

Да не беа соништата




Да не беа соништата
Којзнае каде ќе стоев на едно место
Ама евеме
Патувам кон недостижноста
Како мечтател
Кој ја среќава иднината во секој чекор
Оганот понекогаш ме успорува
По месото ме печи
Ме спржалува
Но кога погледот ќе го вперам,во пламенот
Се огледувам,небаре во огледало
И читам во средината
Јас сум твоето срце
Другото неможам да го прочитам
Премногу се ситни буквите
Премногу пламти оганот

Да не беа соништата
Можеби сеуште магиските ветришта
Ќе ме создаваа во иловицата
Со измамнички сјај

Можеви ви заличувам за распливнат
Но сончевиот конец сеуште не ми дава
Сеуште да се издолжам до Вечноста

Навистина
Да небеа соништата
Ќе останев
Со копнежот по една капка солза
Бришеќи ја така сета тага позади мене








Коров на Душата



Некако и денот е изморен,од самиот себеси
Зошто
Ги нема Седумте воздишки
Кои го носеа до длабочините на ноќта
На половина пат,после пладнето
Седум кругови се бришеа
И пред заодот,залутаниот патник го легнуваа
Ослобудавиќи го од теретот над клепките кој висеше

Тивка,наквечерина
Замислени сенки,без искра во очите
И малку погрбавен старец,со липтеж на усните
Тишина
Меѓу нив
И на исток,тажен Младоженец кој ја заборавил свадбата
Меѓу нив
Ѓаволот
И ора и копа
Врзуваќи им го почетокот со крајот
Во девет мрсни и смрдени чворови

Некаде,под сенката на младата месечина
Се пораѓаше стара осаменица
Осеменета од потомок на Адам
Кој живееше зад планината,каде сонцето не грееше
Само Калуѓерот беше трезен тука
Ама малку јадосан
Што се згугурлиле луѓево во лушпите свои
Та грст иловица да не сакаат да допрат
А сонуваат за далечни и туѓи земји

Од сето ова
И на градот му бабрат очите
Гледаќи како во мракот
Минатото го оживуваат,умираќи ја иднината
Без да се порадуваат во сегашноста.





уторак, 20. децембар 2016.

Којзнае што мисли Ноќта



Јас би сакал да напишам
Уште илјада и една песна за тебе
Но болката во мене
Реви
И со ревот ми кажува

Кога вечноста ќе Разбере
Зошто Курвите
Така лесно се оставаа зад себе
За миг задоволство
Ете тогаш
Ти напиши илјада и две песни за неа

Јас повторно посакав да напишам
Песна за тебе
Но грмотевицата беше прегласна
Кога небото го распара
И напиша во бескрајот
Пламени зборови

Кога мигот ќе посака
Во себе да го впие треперот од Курвата
И го овековечи како дел од Љубовта
Ете тогаш
Ќе исчезнат сите лажни воздишки.

Којзнае што мисли сега за мене
Ноќта
Која ми ги смрзнува прстите
И светлината ја краде
Криеќи ја во себе
Белината на хартијата.






Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...