четвртак, 7. јул 2016.

Во солзите на мојата Мајка




Во солзите на мојата Мајка
Ги сокрив најубавите Бајки,кои никогаш не ги слушнав
Најнежните соништа кои никогаш не ги сонував
И најнежните шепоти,што понекогаш небото ми ги шепоти

Како тивка приспивна песна

Во солзите на мојата мајка
Одеднаш исчезнаа сите мои скриени стравови
И болката на моето срце истече
За век векови да царува мирнотијата

Како тивка приспивна песна

Во солзите на мојата Мајка
Се збрани сите мои празни Есенски денови
И никогаш непомирисани пролетни мириси
Би рекол сепак нејсе,се е

Како тивка приспивна песна
Во солзите на мојата Мајка






среда, 6. јул 2016.

Таму

Никогаш не би променил мојот Пекол
За твојот Рај
Би прашала зошто
Овде,и болката е вистинска.и солзата паѓа
И се радува кога звукови на земјата прави
Таму
Во твојот Рај,секоја насмевка имам цена
Секоја прегратка е лажна
Секоја утеха е цинична

Да не би го менувал мојот Пекол за Твојот Рај.


Изморен си од лагите во кој те оковаа.

Додека коските ме оковуваа, Се грчев во себе,неможеќи ни човечки да се исклештам... Грутки од сув воздух голтав додека копав по земјата, Проколнуваќи ја додека таа злокобно си поигруваше со сето неродено време.. Едно е да молчиш покорно,друго е да се разјадуваш од сознанието,и кажував...раснев во твојот овоземски свет,во присвоената куќа каде Јудејците се распостилаа секојдневно,не копнеев по злато како нив,ни пак на Блудот се радував.....не словеа,туку кркореа некако матно радосни,кога пееа,пееа грозна песна за победата,и сопствената горделивост ја величеа....но таен вестител се јави,и без да те праша на полна месечина ми прослови...овдешните луѓе меѓу кои си,немаат корен,а немаш и ти корен меѓу нив..оди,оди таму каде што Блесокот на Ѕвездата ќе те грее..оди,зошто мртвиот лач во очите ќе ти всадат..не скрби веќе..породот за кој мислиш дека е твој,не е твој..оди,и заколнисе пред Олтарот Повторно...оди,изморен си од лагите во кој те оковаа.


петак, 1. јул 2016.

Kopile na Sudbinata-Stihozbirka


Kopile Na Sudbinata by nikodin cernodrimski

Не сум Злодеј




Во мојот ужас е опустениот дом
Каде не остана ниедна прегратка за утрешниот ден
И така ќе биде се додека ми тежи крвта
Ми рекоа сум бил непрокопсан
И главата небаре на змија ќе ми ја смачкале
Ами ако само ќе речам
Кој ќе ме прекори,пред кого да се покајам
Немам пород свој,можеби затоа пишувам черни житија
И понекогаш ја наслушнувам песната на утробата што кркори
Дури и да се завртам во круг
Ќе се видам безимен во темнината
Да скрбам ли уште,по што и за што
Му остана уште грутката жива земја
Со неа ќе бидам тоа што отсекогаш сум сакал да бидам
Небарам прошка

И знам дека не сум злодеј.


Потемнети Небеса



Испрекинатиот крик на животот етего се изедначува со потемнетите небеса
Чекаќи денот да го одмине и сите сомненија од неговото столетие
Аште ли ти е должен Судбино
Бараќи од него да се вангелоса во скрбот без да болсне зеницата
Аште ли

Го држеше на земјата
И го опиваше со сказанијата
Без да му кажеш дека е окован со маѓија од Величенствена Блудница
Која етеја пак се спровира под туѓите клепки

Ни пак тој разбра
Ни пак ти виде
Зошто Ноќта секогаш му се доверуваше меѓу четири ѕидови
Тераќи го горчливо да се насмевне

Аште ли
Аште ли судбино во мраморот ќе го делка човековото обличие
И ќе врзува големи тајни за да не ги пронајдат бедниците
Аште ли
Грешното евангелие со врелина на занесеник ќе го молви.

Аште ли Судбино
Иднината ќе ја знае
Без да се сеќава на утрината која со пламен го измени.

Има нешто што не е дел од сказанијата
Судбино
Како ќе го избавиш од Смрта,кога му ја дари на Раѓање
Како
Кога евего пред Олтарот стои прикован на Крстот
Со Испрекинат Крик од Животот за да се изедначи со Потемнетите Небеса.






Сатанаилски Кикот




Кога челото ќе ти оросат дробни ѕвезди
Не кажувај веднаш дека си доживотна искушеница
Врзана во невидливите вериги на молитвите
Сепак е грев
Скапоцените пехари,обложени со рубини ги креваш
И наздравуваш за Бесконечната Ноќ која божем ти ја ветиле
И создателот и Монахот со кој блуничеше без покајание

Не издржав,и се наведнав над мраморот
Правта стогодишна ја избришав
Беше втиснале име исто како моето
А којзнае
Можеби само сум гостин во овој твој ден
И на твојата раскошна вечера,заштитен во сеќавањата
Те гледам
Под клепките,виорот на грешни мисли и грешни соништа ти виорат
Со усните далечниот ден го продаваш,бараќи сенките топлина да ти дадат
Тераќи го покорно Младиот кнез на делкан бигор Круна да ти втисни
Болскотот на сознанието ти се надвиснува
Не разбра никогаш
Јудејските трговци те продадоа на мракот во кој чопкаат Гаврани
Знаеа добро уште првиот ден
Злото ти е близнак.

Најтешкото претсказание нема да го кажам
Некако нека падне како клопче
Во кој се завиткани воздишките на вашите заталкани души
И според Ѕвездите само Месечината ќе биде сведител на вашите тегоби.
Јас ќе го одминан сето тоа
Оставаќи сатанаилскиот кикот да ти се спровира во крвта.




Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...