Гавране Црн,ти што ги
знаеш сите скриени Вистини
Кажими,тука пред Црниов
Камен
Дека сите лажни Религии се
Мртви во мене
И дека сите
Подлеци,Лажливци,и Идиоти се во рушевините од минатото
Кажими дека сите
претпоставки и догми ги поминавме
Гавране Црн,ти кој другаруваш
и со Проповедниците и Филозофите
Ти кој леташ и во
Свесноста и Апсурдноста
Те молам,кога ќе погрешам
повторно
Заријго клунот во моите
џигери
Пиј од мојата крв
А јас ќе се одрекнам тогаш
од моите криља.
Гавране Црн,ти што не се
плашиш и од оганот на пеколот
Знаеш,дека бесните нагони
што ме носеа ги нема веќе
Умре делот кој беше опасен
и за светот и за мене
Така ја запечатив онаа
илузија.
Гавране Црн,ти коој ме
следиш уште од прапочетокот
Сега погледниме и со очите
омекнимија душата
Така ќе се смират
немирните изминати Векови
Така ќе се радува
неродениот Милениум.
Нема коментара:
Постави коментар