Во ред,можеби вие сте без
никаква Судбина
Или некој еким ефендија ви
турил во ноздрите некоја вода
Којзнае,нозете не ве држат
ли,што само на место стоите
И со ноќна загатливост се
препокривате
Не разбирате сеуште
Висите секој миг на конци
од магла
Ме измамивте повикуваќи ме
во вашиот врвеш
Кој вие го нарекувате
светлина
Само и само
Да ги заробите моите
ссоништа
И повторно ми кажавте лага
Дека сме дојдени во овој
свет да бидеме победници
А околумене само губитници
Ме измамивте,нели
Ама ако,тоа беше еднаш и
само еднаш.
Лесно е сега,ве
препознавам по гладната утроба за надежи
И кислојната која ви доаѓа
од позади катниците
Детската исплашеност ви
виси на ликовите
Кријтесе колку сакате
Од вашето Свето Евангелие
се цеди крв
И небаре стасавте од друг
свет,си вообразивте и вие и вашето семе
Дека ќе се движите со
пламени кочии
Но,омразата ве
скамени,стаписа,
Та ќорави ви се вашите
беспатици.
Нема коментара:
Постави коментар