Тоа што го нарекував Љубов
Вчера како пепел падна од
моите усни
Единствен грев прават сега
очите,гледаќи како
Празно е местото на
клупата во паркот
Нем е јазикот,ах се
сетив,тишината го загради
Не ќе оживее повеќе таа искра
Од срцето истече и
последната капка од пламента река
Се исчезна во чадот од
цигарите
Се,па и твоето предавство.
Седнувам,покрај скитникот
кој сака да заплаче
Со пустина во душата
Носеќи ја на дланките
млаката надеж
Барем во Вечноста да ме
одмини твоето студенило
Не, не е ова признаие за
тага
Само молитва на ветриштата
кои ја параат душата
Од утре
Да од утре ќе ги лекувам
сите рани со купени насмевки
Ионака многумина ги
продаваат
И по некоја полуискрена
прегратка
За Честа ,па таа е веќе
бесценета
И на буниште може да се
пронајди.
Нема коментара:
Постави коментар