Празнината
помеѓу Земјата и Небото сега ја исполнувам
Со стопен
смарагд што го најдов на дното од душата
Измеѓу,редам
стотици нежни виножита
И полека ја
сликам иконата на сродната душа
Во слаткава
игра ставив и нежни молњи
Над ликот
сеуште нејасен гледам стои сончев круг
Бездруго,оваа
е таа мојата неотгатливата половина
На
трпеза,низ дождалецот ја канам со
капинов сок
Додека нежно
треперат лисјата од сребро
Сега е само
одраз на далечен оган
Не навистина
Не е таа
заборавена светлина која истекува од шурките на Вечноста
Поинаква е отколку
што вие мислите или знаете
Таа е
Бесценетиот Александров камен на наквечерината
И меѓу живите
е
Ја доживеав во
лесна езотерична состојба
И кажав тогај
Јас сум твојот
роб на воздишки
А ти
возвишиме,над сите заборавени зборови
Го повторувам
ова и денес со својот вчерашен глас
Сите
Сите
испокинати нишки помеѓу нас врзиги
И научиме
Како да
простам
За да постојам
и понатаму
Крениго,како
што го кревав и јас пехарот златен
Пиеќи ги сите
заборавени здивови
Ако не друго
Насмевни ми се
Недаваќи
судбината да ја надополн сета моја тага
И биди мојот
одраз во огледалото
Насмевни ми се
И недавај по
вторпат да станам Орфеј.
Нема коментара:
Постави коментар