Кога
Ќе дојдат годините за плачење
Гледаш
Солза не останала да се срини по образите
Да ги накваси или измие
А пусто годините за насмевки
Изминале
Енеги сега и тие
Во мртвите столетиа
Молчат небаре се гревови несторени
Сакаш да воздивнеш
Ни врелата воздишка не ти доаѓа
Нејсе само ќе си заглаголиш
Додека гледаш како умира денот во заодот.
Нема коментара:
Постави коментар