Милион прашања со милион
одговори денес се родија
се прекрстија на некои
чудни крстопати
и секогаш на почетокот на
секое прашање одеше
што ако
додека одговорот следуваше
неочеkувано брзо..
Што ако
светот на нашето постоење
е само еден незавршен
Божји сон
тогаш зошто секогаш
сонувачите не се разбрани и сватени
што ако
сонувачите се само
неговото продолжено постоење…..
што ако
сонувачите го знаат
одговорот…дека
животот е најкратката
приказна
која Бесконечноста ја
раскажува во само еден здив
кој нам приказната е
мерена со години
на Бесконечноста е
краток,само еден миг…
што ако
ние немаме почеток,немаме
минато…
кругот во кој се вртиме
постојано е вчерашниот крај и почеток…
што ако
времето е само судија
кој пресудува кога ќе ја
најдеме вистината…
додека бесцелноста е само
казна на тоа погрешно барање…
Нема коментара:
Постави коментар