Запознав
Десетици Жени
Но во нивните срца
Не видов Љубов
Во нивните очи
Не видов ниедна пресликана Галаксија
Во нивните прамени коси
Не почуствував игра на ветерот
Запознав
Да запознав десетици жени
Но повеќе помалку
Беа само обични жени
Запознав
Десетици жени
Со премногу студенило во душата
Да
Запознав десетици жени
Кои не го носеа мирисот на пролета
Во својот здив
Запознав само обични жени
Кои насмевката им беше
Почеток на некоја бездна
Ама,ете
На крајот од градот
Завршува и денешниов ден
Без да дознаам
Зошто ги собирав сите соништа
За Жената
Со мил поглед
Понекогаш тажна како есен
Со небесен сјај
Која ќе ја исполнува секоја неродена ноќ
Да запознав десетици жени
Повеќе помалку
Обични.
Нема коментара:
Постави коментар