понедељак, 25. јул 2016.

Така нека биде



Го создавам животот и продолжувам понатаму
Зошто ете имам своја Вистина
Која е едноставна
Избегав од Вас,и вашите празнини
Празнини,кои се попразни и од најголемата црна дупка
На вселената која не создаде
Рајадени од бесцелни молитви за Бог
Кој и се сомневате дека постои

Го создавам животот и продолжувам понатаму
Кинеќи ги сурово сите нишки кои ме врзуваа за земјата
Вам нека ви е со среќа сета празнотија која ја носите
Пронајдов стотина начини кои завршуваат со
Така нека биде




Одмавнете само со рака




Јалова беше ноќта
А Јас попусто сум ја молел да го роди пурпурното утро
И да не скрби веќе со призвук на лутина
Тогаш ги обеспокојуваше и пциите кои виежот го растураа
Знам,не ја прашав,ќе побеснеше до невидено
И мракот ќе го згуснеше,леплив ќе го стореше

Од кое семе Демонско си зачната
Што со Јаловоста беснееш по сечиите дамари
Глодаш небиднице
Сурови кожи на матни типови без иднина
И без надомест се влечиш по градот

Следеќија трагата на дланката
Евеме се качив во Белината
Најпрвин не сватив
Но требало само со рака да се одмавне
И се заминувало
Знате
Овде
Во воздухот треперат и кристалите
А таму
Позади во јаловата ноќ
Легнува тишина и го препокрива нејзиниот плач.




Такви се Очите без Надеж





Кога Човек ќе западне во Беда
Тогаш некако копнее само по чуда
Прво само верува
Потоа ги доживува и на Јавето и во Сонот
Ги реди Чудоредијата насекаде околу себе
Гледа
Како Зелен Оган ја грее Месечината
Златен песок тече од Сонцето
Се радува на Риби со Сребрени крлушки
Ете тогаш
Може да јаде и мов и камен,и сит е
Со ветер се прекрива на постела
И лесно противречи на Проклетијата
Се сеќава
Дека отсекогаш под клепките му спиеле соништата
Та ги буди лесно без пцости и клетви

Такви се
Да такви се Човековите бледи очи
Кои во небото гледале уште со надеж

А потоа останале и без Надеж.


недеља, 24. јул 2016.

Искреноста на моите песни

Искреноста на моите песни се вистина,иако некои зборуваат дека сето тоа е само замислена вистина,....но ако,ги бришам солзите,и продолжувам понатака,со надеж дека следниот чекор повторно ќе ме врати кон себеси,а не кон минатото...и ете така,кога ќе заполнат мислите да циркулираат во бескрајните кругови,се среќаваме на некоја раскрсница,сеедно е дали сме ја изминале или ќе ја изминеме,и како првпат да сме тука,малку трепериме,со колена кои потклекнуваат под тежината на неродените мигови,приближуваќи се кон тишината......гледаме во далечините,и се прашуваме,дали навистина таму,каде што е животот,се и нашите светови..те чуствувам како дишеш забрзано со твојот прикриен страв,повикуваќи некого,за кој мислиш дека има повеќе љубов и од мене и од другите...се провлекувам до прозорот,каде што може да се види сето течение на времето,навистина моите сомнежи се оправадани,твојата двојност е сокриена позади твојата Божемна Светост...малку морници ме преплавуваат,но сепак ќе пробам со огрлица составена од делови на милионски ѕвезди,да направам заштитна амајлија,која ќе те чува повеќе од тебе,отколку од другите..гледам дланките ти се празни,нема ни солзи,ни пак воздишки,само бледи линии со нејасна иднина..знам заборавот не го сакаш,и под чудни околности лебдиш помеѓу недореченостите и празнините...навистина мојата Верба и Вера сеуште цврсто ме држат во својата прегратка..и ми ја дадоа сета потребна сила да ја победам агонијата..единствено Љубовта понекога ме кине на парчиња правеќи ме сојузник на искушенијата...
Би те вратил во оние времиња на кои се сеќавам понекогаш,но правливите сокаци те плашат,и ехото на калдрмата те морничави..тоа беше кога врнеа девете топли дождови во девете денови на Бескрајната Љубов..бегаше ти тогаш под стреите на некојси безимени сенки,недочека да дојде десетиот ден кога синилото на небото воодушевуваше..избега во самоизмамата..навистина Јас после тој ден ден започнав да сакам се што беше вредно да се сака..

Ете тука некаде е таа вистина помеѓу Тишината и Животот


петак, 22. јул 2016.

Никогаш нема да дознаам




Судбината,чуствувам
Започна на белата хартија да ги пишува
Своите последни зборови
Којзнае за ова дали беше тажна
Но никогаш нема да дознаам
Зошто
Утрешниот ден нема да се обновува и оплодува
Ете,гледам
И Праинсконската ѕвезда на небото е со мртов лач од сето ова
И со трепер пробува да се ослободи од гниежот околу неа
Незнам
Дали некој идната недела
Или идниот месец
Ќе глаголи пламено
За Паганите и нивните живи Огнови
Или Богомилите,со своите небесни молитви
Ни пак за Русалките со своите Магиски Песни
Нема да кажам збогум
Но сепак од пехарот ќе го испијам заборавениот здив
Оставаќи вие да се насмевнете
Додека мртвите клепки ја сопираат пловидата  на облаците во зеницата




четвртак, 21. јул 2016.

А тој....Самотникот



Удира гласот на Курвата во ѕидови и камења
Сакаќи да го проколни самотникот во просторот
И  неговиот праг да го испогани повторно
Хм
Зарем не се увери дека неговите очи се поинакви
Од сите други
Нема зло таму
И сеедно му е што и стивнува топлината во постелата
И не копа во сеќавањата веќе за неа
Утре
Да токму неа утре ќе ја нарече
Магла во која се сноват магиски огнови
И коските веќе и стануваат безимени

А тој
Самотникот
Во суровата секојдневност на земјата ќе напише
Небеше мое сонце,за сега пехарот за здравица да го кренам
Ни пак месечина за која би пиел црно вино
 Повеќе личи да се каже дека беше
Црна Птица на Проклетството
Која Пород не ми даде
Та сега Веригите на Животот се празни
Но
Од Небесните Судии не се плашам
И таму,до четириесет дена ќе пеам за ѕвездите

Удира гласот на Курвата во ѕидови и камења
Сакаќи да го проколни самотникот во просторот
И  неговиот праг да го испогани повторно

Хм 


понедељак, 18. јул 2016.

Безлично Поетско Племе



Кога луѓето ќе ги покореше стравот
Тие лакомо го голтаа правот на заборавот
И мислеа дека утрешнината им е препокриена со мраз
И за секој случај се простуваа од своите коски
Скаменето ќе застанеа било каде и на било кое место
Чекаќи го гласникот на студот да ја распостели пајажината врз нивните клепки
И
Ги препокриваа своите мали душички
За тоа време во напуштениот дом на скитникот во Животот
Се обликуваше човечка мисла,подива и од ѕверот
Која обврзуваше,секој да не верува во неа
Имаше Набожно име
Но небеше ова заговор
Ни пак сплетени зборови на лажен јазик

Нејсе
Било вака
Или ќе биде вака

Ќе умираат обезличените зборови
На безличното поетско племе
Кое нема свои спомени и своја иднина
Некои во очај,ќе колат кокошка или јаре како жртва
И ќе баботат скришно молитви во својот дом
И ќе ги измачуваат дури и куќните глувци
И ќе ја расфрлаат насекаде едноличноста во песните
Ќе сеат глуво семе на папируси
Ќе ломотат и ќе глаголам празни фрази
Плашеќи се од средбата со сопственото проклетие

На нивните лица
Нема ни насмевка ни љубопитност
Само желба за измислена злато

Гавраните со рапав глас
И петлите со пискава песна ќе ги доближат тогај
Со песна малку тажаленка
До црниот облак кој се залепил на планинското подножје
За да им даде барем на нивните суви очи,солзи со кои ќе плачат

Тој што не разбира,тој и не претскажува
Рече Ветерот додека одеше на починка
А стравот

Та тој ќе препокрие многумина вечерва.


Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...