понедељак, 20. јун 2016.

Си бил еднаш еден Човек



Мојот заборавен здив,етего повторно се насмевнува
Малку цинично
Од парчињата на огледалото што се распрснаа насекаде
Мислев дека е проклетство
Но којзнае можеби одразот тоа го стори
Сето ова,овој чуден миг
Е само една недопирлива вистина
Или повторно една голема лага,завиткана во плаштот на вистината.

И повторно
Матното чуство ми ја однесе насмевката од младоста
Сакав да ми биде за секакви прилики
И маѓија силна употребив за да ја измамам
И го совладував времето низ криви патеки за неа
И круг пламен нацртав со Вселенско срце внатре
Венец од сончеви зраци и припремив
И одежда истакаена од месечеви нишки и исткаив
И се нурнував,пак,пак,во нероденото време
Го крадев стивнатиот звук на молњите
И бев сведител,како од мене се оделува лачот на темнината

Но ете
Небило пишано,мирисот на годишните времиња да го мирисам
Од вкусот на животот да се сладам
Прозирниот двојник,да,тој со призрачен одраз
Меѓу мртвите ѕидови се провлекува од сите страни
Напати е со грч,и без насмевка
Минуваќи ги патеките на безживотноста низ лавиринтите на свеста
Велми напати,божем ќе ме подучувал
Ама кога ќе се вудвоса надве,лутица од очите блуе
Знам каква е иднината,но сепак ќе се одречеме од неа
Таков е кога ломоти напразно
Ќе ја оставиме само росата на клепките
Таа ќе се огласува напати за тебе.

Дали верувам во чуда
Не
Ама ,сепак поплитко закопајтеме за да го чуете крикот на одразот
И за секој случај глогов колец во срцето ставетеми
Да не цутат барем отровни капини на земјата.

Небото
Да небото знам ќе напише насекаде околу
Си бил еден човек
Кој сега од глобочините на минатото ве гледа.









недеља, 19. јун 2016.

Сопствено Постоење



Би сакал да го разберете просторот
За да го видите во него сопственото постоење
Но
Ако само ги гледате ѕвездените патеки
Бидете спремни
Со сопствениот разум војна да започнете
Но сепак
Не одете премногу во неговите длабочини
Можеби
Некаде таму
Покрај некоја зафрлена и заборавена вселена
Клечи
И плачи детето што така лесно сте го отфрлиле
Ете тогаш
Во таа темнина
Не го барајте Бог
И не стоете приковани на еднои место
Гледаќи во една точка беспомошно
Беспомошноста ќе ви го изеди времето
Ехххххххх
Само да знаете
Срцето како крвари кога нема време
Кога во просторот ќе го изгуби

Сопственото постоење.


Химната на Вечна Слава





Седеќи крај огништето,и грееќи ги кучешките или беа волчји коски,сеедно
Ги слушав Русалките од Преданијата за есенските наквечерини
Со голтка медовина ги почестив,грев на душата да немам после
Којзнае,животот е кус,а ова се гладни години
Станаа од триносците,додека руменилото на запад се будеше
И тагата исткаена од кристали повеќето темни се топеше
Прословија,потоа пееја песни славенички
Ти беше никој на овој свет,мислеше проклет си
Зачудо,скитникот се разбуди во мене,името ми го шепна
И повторно прословија

Легиите на Ангели,на Белите облаци за тебе пишуваат
Вечен и во себе,и за себе,и во срцето ти зрее невидена сила
Бог знае,зошто ткаеш без допир во светов,и зошто месечината ја заспиваш
Времето за земна слава измина,свртисе кон светлината на небото
Остави,божемни поети,нека глаголат празни зборови без никакво значение
Незнаат за преданијата,и така бегаат од тагата во очите

Чудно,талогот на страв го изминав,и Вербата и Верата ги разбуричкав
И шурките на Небото се појавија,и потекоа
Стотици Виножита,стопен смарагд,нежни пламени мољни,воздишки
И се распливнував насекаде,час бев зелен,час лилав,час сребрен
Час наметката со рубини на Душата се лепеше
Одразот на далечниот оган го будеше студениот заспан Сон
Од сето ова оживеа химната на Вечната Слава.

Простете,знам,моите Возвишени воздишки можеби се грев
Сепак сум роб на копнежи
И којзнае можеби сето ова е последица на некоја езотерична состојба.
Но сепак виново во Пехаров кажува,ќе се врзат повторни нишките меѓу две ѕвезди




субота, 18. јун 2016.

Пусто Човечки Останало




Првиот студен и малку злокобен бран низ телото
Ја отвори границата помеѓу злото и доброто
Правеќи испуканите усни да се развлечат без молитва
Не е ова некое големо откритие
Но,не го смири немирот во очите за утринската омарнина
И во искона било вака
Кога само ќе се вкочанеле премалените раце и нозе
Правеќи пладнето да се скамени
Останувале само сеќавањата и по некој кадрав облак
Или сонот,заборавен во некој далечен настан

Ама ете
Аште тоа му преостана,да заглаголи за зелена месечина
И да кркори под сводот на маглите кои се креваа во виугите

Не бев роден Кобната Птица да ми чопка во утробата...нели
Не бев роден да глаголам зборови на Чудотворец.....нели
Не бев роден да носам кожа на пес самотник...нели
Не бев роден да наследам Кобна реликвија во лик на жена...нели
Не бев роден да глодам скаменети корки леб.....нели
Не бев роден покрај понорници да спиам...нели

Ама ете
Законите на одржувањето на животот го покорија
Блуеќи му ја пред нозете смешната утеха

Смрта до пладне раскинува еден митник и една божем набожна анама
Откако ќе им ги покори очите,и ќе им ја впие душата
 Имињата на прагот од опустениот дом ќе им ги избрише
Дотогаш,презрејго ти сонцето во твојата одаја и верувај како другите
Дека сознанието на живите секогаш завршува во пепелта на мртвите

Потоа
Со благ израз на ликот пред кој и небото ќе ти се покори
Со болскот во окото започниго оној чудесен пат
За вечниот оган те оплодува меѓу сите ѕвезди кои болскотат

Ама ете,пусто Човеки останало
Првиот студен и малку злокобен бран низ телото
Ја отвори границата помеѓу злото и доброто
Правеќи испуканите усни да се развлечат без молитва.





петак, 17. јун 2016.

Агонија



Каков е тој допир
Кој само морниците ги оплодува постојано
Додека
.............разумот
.................срцето
И Душата молчат во привидот на Смрта
Со необјаснив страв во очите
Обезличен
....кој ни на сенка не наликува
А толку веруваше уште од своето детство
Да ја впива во себе светлината на Праисконската Ѕвезда
............но.....
Евеја
Агонијата
Која со пипалата од ништо демне
................ширеќи
Тешка реа од истоштени дни
Врз кој паѓаат роеви зелени муви
...проба премалено
Од Орлиштата во височините спас да бара
.......но
Ехото од длабочините се јави
Низ лелеците на поразените.........
..започни да им завидуваш отсега на мртвите
Сите безлични ликови од ништавилото ќе ти судат
.........и.....
Можеби задоцнето
Ревот го процеди меѓу катниците
............... Каков е тој допир
Кој само морниците ги оплодува постојано



Како да станеш Сонувач




Ако сакате навистина да станете Сонувач
Размислете добро,уште еднаш,па уште еднаш
Потоа,кога веќе сте решиле
Започнете да танцувате со ветерот
Да блескате силно и топло како сонцето
И почнете вистински да бидете само случаен минувач во животот
Не се плашете од кобта која ќе ве гризи одвреме навреме
Или чудните погледи на непознатите минувачи
Но
Треба да знаете
Ѕверот кој живее во дамарите ќе ве однесе во Самотијата
Каде душата ќе му изгради Величенствен Дворец од солзи бисерни
Тој дворец да знаете
Многупати ќе паѓа,вие ќе го изградите,повторно,повторно
Не се плашете
Ќе научите тогаш да крадете од минутите,кратки мигови на одмор
Кога ќе ја допирате Љубовта
И оној дел од себе што не сте познавале дотогаш
Ете само да знаете,ќе бидете птица која лета до Бескрајот
Ќе бидете напати Дете кое ја знае смислата на постоење
Кое не се плаши да ја измине празнината,и да ги прелета бездните
Заморот ќе го презирате,стоеќи долго со насмевка на дождот
Би имал уште многу да ви кажам,но сега треперам од среќа
Чекаќи исто како светилникот на ртот,жена
Која повеќе се смее отколку што плаче
И храбра,па дури и на Смрта да и се насмевне во лицето

Не се каам што ви раскажав како да станете Сонувач

Вие како сакате,така разберете.


четвртак, 16. јун 2016.

Изгубено писмо



Во некој свој таен занес
Тој
Ја ораше со стапалките Јужната планина
Небаре е Богочетец кој го бара сонцето во пурпурноста
Но повеќе беше воден од своите темни претчуства
Бараќи,пробуваше да го намали ако се може и ноќното небо
И се будеше со глас...морам да го најдам
Во такви мигови кучешките глутници му се потсмевале
И низ виежот му глаголеле
Отфрлиго бигорот,и подариги коските на земјата
И погледни во далечините
Кога месечината ќе го стори Дванаесетиот круг
Ти во Вечниот грев ќе го видиш Изгубеното Писмо.

Оф,само ќе офнел тогај
Тој
Несакаќи мислата да ја пушти од виугите
Судбино повторно си поигруваш со мене на маѓепски начин
И ме казнуваш недолжен
Пуштајќи ми го прозирниот бран на неспокојство
Вратимиго оганот на преданијата во крвта
Ќе можам,знаеш,со мојата воља,со мојот дух
Да го читам Писмото на мојот Вечен Татко.

Недостасуваат некои зборови овде
Можеби е со нејасен почеток сето ова
Но сепак наликува на исповед од Синот.





Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...