субота, 3. септембар 2016.

Ќе го забранам молчењето




Ќе го забранам молчењето
И ќе крекаме заедно над мртвиот гниеж на недокажаното
Редот со безредието тогаш ќе се прегрнат
Оставаќи им на мртвите од скрбот да чепкаат
Сеедно ќе биде
Што ќе има шепоти,пцости,и молитви
Сеедно ќе биде
Што од сето ова кожите ќе ни бидат издупчени
Во далечините да знаете
Гавраните ќе ги плиска дожд
А сојките ќе им бидат сојузници во будењето

Бидете со мене,ќе бидам со вас
Ветерот веќе ми го отплетка сонот
Света земја во рацете зграбив,под светлината месечева
Искушенијата судбински ќе ги оковаме
Малку ќе потемнеме,и ќе се прекрстиме
Над нас Љиљаците ќе се препелкаат во небесните пепелишта
Зад планинските грбини,сенките вангелосано ќе кркорат.

Ќе го забранам молчењето
И ќе оставам,оставете и вие
Пожолтените коски со чкрипот да зборуваат
За плачот на ѕверот кој танцува гол на жед планина

Ќе го забранам молчењето
За да не гние родот на нашиот род
Кои евеги уште неслушнале за нас

А веќе молчат.


Ја мерам сопствената иднина



Ако ги отварате вашите усни за да кажете проклетие
Значи барате засолниште на вашиот уплав
Кажетего сето тоа на свој таен јазик
Бидете уверливи
Заиграјте го крвавиот и призрачен танц
И малку корнете од себе парчиња кожа,овде онде месо
Јас некако знам
Ни по денот суден
За сето тоа не ќе избегате од третиот обрач на оганот
Кој крвта ќе ви ја зоврие до безобличие.

Не се клештам од сето ова
Утешението небесно не ќе достаса до вас
И зошто да ве оплакувам
Кога Расото на Јуда го носите
Јас
И утре ќе бидам тука
Со мојата пеколна вселена во душата
И нема да канам на полноќ лажна Богомилка
Да ете го пали кандилото.

Некој
Да некој ќе помисли дека сега се пресметувам со судбината
Или дека барам мелем за скрбот и јадот
Или дека се бранам од вашата темна зовриеност

Да
Личам на бегалец
Но вашите мртви криља се немоќни
Па
Ќе продолжам да ја мерам сопствената иднина
А вие пак отворетеги вашите усни.




петак, 2. септембар 2016.

Ех Судбино,Судбино



Ја измислив повторно Љубовта додека сонував
Мислев дека така ќе ја изменам судбината
И го повторував тоа од заодот до пурпурот
Кога заносот беше преголем
Ги корнев песните од талогот на душата
И се издолжував тогаш како молскавица

Кога Љубовта ќе ја видев во колепка
Знам,танцував со непозната жена
Која боските и беа големи како облак недогледен
Косите замрсени со триста улави ветриња
А колковите
Колковите со тивок шепот ја кажуваа молитвата против болките
Ех судбино,судбино

Малку љубоморно беше Сонцето
Потемне,и светлината ја сокри
И се роди густо тесто од темнината
Сенките одеднаш бапнаа како луња
И глодаа,глодаа од сонот
Викаа и ревеа
Измама е сето ова,измама
И пајажина на нови измами ќе сплетиме
Ех судбино,Судбино

Небесата воздивнаа,испукаа и исцедија жестина
Се ширеа и се собираа во напливот на изгревот
До мене непознатата жена пееше пискаво
Зошто сега очите и беа две јами без живот
Оган,оган дајтеми молвеше злокобно
Оган дајтеми за вечниот студ под земјата да го растерам
Ех Судбино,Судбино

И пукна зората
Прошталниот крик заличи на сватовска песна
Низ сувото грло се исцеди
Несакам да се женам со непозната жена
Сакам само да сонувам
Ех Судбино,Судбино.





Жрец



Ако
Таен жрец во заодот ви каже
Покајтесе
Вие
Тогаш вашиот млак сон не го менувајте за кобни размисли
Подобро
наслушнетеги сите тајни во виугите под черепот
и кажете
бесилен сум,но без гревови на себе сум.

Ако
таен жрец некаде пред полноќ ве посети
и ве потсети
дека постојано на месечина гледате голи леунки
кои ја молат земјата да роди,како што родиле тие
порекнете
и кажете
дека со крстот се родивте
од деда паган се откажавте.

Ако
Таен жрец во пурпурот ви шепне
Дека доаѓаат дождови кои ќе глаголат
Нека биде светлина насекаде
Нема да биде темнина никаде
Не верувајте
Не се тоа чудата на Апостолите.

Ако
Таен жрец седни скрснозе пред доручек
со модри сенки заграден
и малку му е залепена брадата
и малку ја ниша главата
вие тогаш вистински помолетесе

Ете дури тогаш
ветерот ќе се заплеткува
волчји глутници ќе бегаат од тоа
каменот ќе пука под него
бегајте кога ќе цивка
неќеможете ништо кога ќе реви

Мирисот на гнило месо ќе ви каже
чедото човек беше жрец
сега чедото ѕвер ќе ве апи
негледаќи го заодот
сеедно ќе му биде за полноќта
а во пурпурот

само пукаат коските.


четвртак, 1. септембар 2016.

Навидум глува ноќ.




Отвореното небо,евего истура безнадежност
Коренот на болката го плоди
Кобна надеж ли ќе се испили од сето ова
Ова е таа навидум глува ноќ
Ноќ која пророците ја запишале на папирус

Омразата не попушта
Усфитените мисли се делат на две
И каменот сега е во заблуда
Јад и болка се цеди низ молитва
Часот на призраците дојде

Во долот
Безимени тревки и диви грмушки растат
И молчат
Ноќта е долга
Студена со чуство на вечна

Од под црвенејцата достасува ехо
Крик и кокотење
Пијанство од лажна слава
И незнаеш кој е победник,кој е поразен
Можеби затоа што животот е измамничка игра

Ова се само зборови за отвореното небо
И за оваа,или онаа ноќ
Навидум глува ноќ.




Повторно никнувам од пукнатините на времето



Речиси со пирејска жилавост,евеме
повторно никнувам од пукнатините на времето,и
под пазувите ги носам сите тајни мистерии пред кој ќе паднат лагите
потоа,потоа ќе се покорам засекогаш пред духот.

Сега знам,кој е исцибрен од пакост
и кој се цицачи на невина крв
а кој се лажни лингвисти.

Ќе чекорам
негледаќи ги призраците кои се побратимуваат со земјата
и нема да чекам ветер да го одвее отровот нивни
ни пак ќе ги бројам нивните чекори кои се споулавуваат во осаменоста.

Наслушнувам,сега наслушнете и вие
со дождот доаѓаат моите големи мигови
тогаш мракот за многумина ќе стане ден,а сенките придружнички.

Далеку остана чуството дека сум со волчјо потекло
не сум веќе во јарем,и нозете не ми носат синџири
се случи сето ова кога се откажав од нејзиниот лик
на чудесен начин сум ослободен од патилата,нели

и речиси со пирејска жилавост евеме.


Некако претчуствувам



Гавранот,се издолжи со ветерот заедно
и својот мртов јазик го стегна во клунот
несакаше да кажи збогум
мислеше изгледа догледање да биди.

Не мириса на темјан
тогаш чуствата мора да се мртви
или умира ветерот
животот наоколу само е вкочанет од сето ова.

Некако претчуствувам,бакарната плоча од небото ќе падне
всушност,нема да кажам збогум
но посмртно слово ли ќе пишувам
не,надвор е само налудничав ден.

Сонлива пролет влегува во сеќавањата
сепак гледам и Гавранот боледувал од осаменост
го познавав и не го заборавам
молчи,заграден е со кошмари.

Кој е овде осаменик
јас,или некој друг со крваво срце
или некој со мртов јазик во клунот, Или невидливиот виолинист
кој веќе го свири почетокот на еден крај.

Ако сето ова е пораз
тогаш темната возбуда не ќе ви донесе неспокој
ќе осамне тивкото умирање
да,ќе осамне нечиото тивко умирање.




Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...