Кои гребат по рамењата,оставаќи траги длабоки
Кои те тераат да останеш заробен помеѓу нивните бедра
Да тие
Кои се чуден спој на пламенот и бескрајната
нежност
Скриени од очите на овој прозирен свет
А опкружени со толку безвредни работи
Те водат длабоко каде исчезнуваш и бегаш од сето лицемерие
Ги познаваат сите празни зборови,недаваќи
Некој да го види нивниот пекол
Во кој умреле многу свештеници,директори и сиромаси
Моралот,тоа лажно совршенство
Се губи во тој нивни пламен од нагони
Затоа,.не ги прскајте со крстена вода,не ја крадат никогаш душата
Јас ќе наздравам со чаша вино во чест на сите курви
А вие Филозофи,Моралисти кои лажете
со отровни мисли
Тие молчат,и ќе молчат,и нема да ја откријат никогаш вашата измама.
Нема коментара:
Постави коментар