Вечерва
Некаде после полноќ
Месечината тешко,со болка ќе воздивне
За земјата да се отвори
Не бездна да створи
Туку процеп тесен но врел
Суводолиците нема да рикаат од ова
Кукавиците ќе молчат
Само Гавраните проштална ода ќе пеат
Затоа
Сите
Ве поканувам
Кои имате,мрачни,тешки,и злокобни тајни
Излезете
Кој на ливада,кој на патека,кој на прозорот
И кажетеги
Само небото нека ги слушне
А земјата ги голтне
Не се плашете
Не се страмете
Небото ионака ги знае
Земјата и онака ќе ги голтне
Но барем утрешниот ден ви биде лесен
Нема коментара:
Постави коментар