понедељак, 15. октобар 2018.

Химната на Љубовта и Животот




Незнам дали да ја отпеам грловито на Пладне
Или тивко,тивко на полноќ
Химната на Љубовта и Животот
Зошто некако знам
Дека вие лажни црвени Буржуи
И Големи лицемерни лигави Поданици на Христа
И мене,како и другите пред мене
Мад мадскара ќе ме сторите
Не оставаќи ме да ги напишам сите природни тонови на бојата
По недогледното синило
А потоа со младото лудо ветре да заскитам по вжештените покриви
Каде се кријат сите погледи кон далечните ѕвезди
За најсетне во чекорите да ги втиснам
Нотите во кој се вградени сите мириси на Љубовта.

И стариот Атанас,кој липса како куче на плочникот од Градот
Ја нудеше својата прегратка секому бесплатно
Со солзите им ги замиваше на сите валканите дланки
Не раскажуваше никому за избледените спомени
Туку играше секогаш танго со папсаните соништа
На музиката која му ја свиреше Месечината
Ете,замина ,замина Атанас заедно со Виножитото
Без да го разберат сите дека ја пееше секој ден Химната на Љубовта и Животот.

Незнам,навистина незнам дали ја отпеам химната
Или да оставам рапавиот ветар да скита по вашите испукани усни
Каде се сокриени сите ваши несреќи
И залудни потраги по совршенството.







недеља, 14. октобар 2018.

Доволно е




Доволни ми беше само еднаш
Да погледнам во твоето синило.
за да ја видам сета скриена тага
позади сите твои широки насмевки.

Доволно ми беше само еднаш
да го слушнам твојот таен шепот
што го пушташе во тишината
за да знаам како душата твоја рика од болка.

Доволни ми беше твојата близина
за да го почуствувам немирот на твоите дамари
кои танцуваа нервозно секогаш
кога мојата воздишка умираше на усните мои.

Доволно е твоето постоење
За да ги отворам очите
И  денот да го прегнам
Со една широка прегратка.





субота, 13. октобар 2018.

Непозната Ѕвезда




Им забранив на мислите да танцуваат со ветерот
Некако знаев,дека така ќе те заборавам лесно
Затоа ги оковав во муграта
И не ги пуштав да скитаат во денот со сенките

Им забранив на зборовите да се раѓаат
Секогаш кога сојката пее тажно
Некако знаев,дека повторно на осамениот даб ќе му раскажувам
За твојот мирис од кожата кој е поубав и од ванила.

Му забранив на срцето,да трепери немирно
Секогаш кога твојата насмевка ќе ги израдува и неродените мигови
Некако знаев,дека тогаш повторно однекаде ќе долета птицата кобничка
Носеќи ја на криљата најтажната песна,која треба потоа во тишината да ја пишувам.

Ќе оставам само,немиот крик да се разлее насекаде
Поштедуваќи ја ноќта од непотребни грчеви
Ако случајно воскресне твојот лик,само да знаеш
Ќе го насликам на небото,покрај месечината,десно,на непозната ѕвезда.



четвртак, 4. октобар 2018.

Само верувај во себеси





Само верувај во себеси
Рече пророкот и замина во пустината да се бори со бурите
Само верувај во себеси
Рече калуѓерот и замина во темнината да ја голта лакомо
Само верувај во себеси
Рече продавачката на цвеќина и замина во градината да ги милува ружите
Само верувај во себеси
Шепотеше папсаното време покрај бездната додека рикаа сите мртви спомени
Само верувај во себеси
Извика ветерот додека заминуваше некаде на север
Зошто
Улиците станаа најлошиот лавиринт на пеколот
Само верувај во себеси
Зошто
Не знаеш колку е лесно да се изгубиш во сеќавањата
Каде прошката е како казна.
Само верувај во себеси
Така
Ќе имаш сеуште моќ да го смируваш вриежот во вените
И да се насмевнуваш со тишината.







петак, 21. септембар 2018.

Се сеќаваш ли




Се сеќаваш ли,кога седевме заедно
Додека Сонцето заминуваше со малку тага
На оние маси,валкани и полни со дамки од кисело вино
Од десно,стариот Виолиниста,свиреше
Повеќе за себе,помалку за нас
Ме праша,зошто грчот на на моето лице не се губи
Кога те прегнувам
И тогаш,а многупати потоа,само воздивнував
Како да ти кажам
Кога еднаш ќе ти ги скршат криљата,со кој си летал
Тогаш сите прегратки те болат

Се сеќаваш,кога ги газевме штотуку паднатите лисја
На Дивите Костења
Забораваќи при тоа,на сите слушнати песни
Прочитани романи,и изодени патеки
Ме праша,зошто ја сакам Тишината
Премолчив зошто Бескрајот беше пред нас
Оставив ветерот што не покриваше да ти одговори
Оставив ноќта што не допираше да ти потврди

Се сеќаваш на онаа ноќ,ноќ на ѕвездите
Кога нашите воздишки зборуваа
А ние небаре сме Адам и Ева,изгубени во вечна прегратка
Посакавме
Од таа ноќ
Сите сништа да ни мирисаат на Ружа.





четвртак, 20. септембар 2018.

Вечерва легни си порано





Би напишал денес илјада и еден стих
За твојата воздишка
Онаа,која твојата душа катаден ја испушта
Додека одиш до крајот на светот
За да го пронајдеш твоето пурпурно утро

Би напишал и за твојот трепер
Кој знам е твојата најтивка утеха
Додека ги стискаш дланките
Секогаш кога тишината беснее околу тебе
Недаваќи ти да ја кажеш молитвата на Љубовта

Би напишал,да би напишал многу стихови
но маглите лепливи ми ја зедоја хартијата
ветриштата луди го однесоа перото во пустината
дождовите кисели го разнесоа мастилото на сите страни
недаваќи ми да ги напишам сите посакувани зборови.

Затоа
вечерва легни си порано
да не закасниш во мојот нов сон
ќе го пронајдеш лесно
мириса на свеж Бадем.






Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...