недеља, 11. март 2018.

Песната за празниот ден




Ете гледаш
Ни заклетвата не ни помогна
Гордоста да погребиме пред олтарот
Та сега Вечноста како искушение
Ни даде
Јас да станам Одисеј
А ти Пенелопа

Којзнае,можеби твојата тишина е виновна
Што не го слушам ехото на чекорите
Каде се сите патеки
Кои водат
До тронот на животот

Само да знаеш
Ѕвездите се на мојата страна
Треперат околу мене,додека
Седнувам на брегот
И на Брановите им го кажувам моето име
Ти
Наслушнувај кога Галебите ќе ја пеат
Песната за празниот ден
И немој
Да исчезнуваш од сите посакани мигови
Зошто ќе го живеам животот без живот.








Sonja Manasievska Konevska-Avantura za edna nojk

петак, 9. март 2018.

Но, да не должам




Ако само еднаш
И само еднаш,вистински зачекорите во светот на поезиата
Вие
Ќе се посомневате во денот и ноќта
Дали навистина се ден и ноќ
Вие
На мигови и на Бог ќе му замерите,за вашето несовршенство
А неговото Совршенство
Вие,и на Јагодите црвени ќе им љубоморите
Што се поприродни од вашите образи
Со часовите ќе стоите во висините небесни
Плашеќи се да направите чекор по ивицата на бездната
Зборовите,ах,тие проклетовозвишени зборови
Полни со горчина и љубов,кои се миг
Отров,миг еликсир.

Ако само еднаш
И само еднаш,вистински зачекорите во светот на поезиата
Вие
Со презир ќе го гледате создаденото,и како мало дете
Ќе воскликнувате на несоздаденото
Ќе пиете многу вино,ќе јадите многу бајат леб
Додека вашите очи ќе веруваат само на виножотото.

Понекогаш,само понекогаш со лажна насмевка
Ќе тешите непозната жена,која незнае да пее балади
И низ племенити поеми,ќе ги насликате сите ваши гревови
Вековите ќе ве познаваат,и ширум вратите
На сето неродено време ќе ви ги отвараат
Нормално,ќе стретните чудни облици на живот
И уште почудни начини на Љубов.

Но да не должам
Ако сте обична сенки,бегајте од овој свет
Зошто на вашите дланки,не растат бели ружи
Некаде покрај реверот на кошулата,не ѕирка бело глувче
И вие не сте создадени,со непријателот да се ракувате
Кажуваќи му колку сте среќни што ве повредил
И ве натерал,повторно да го прочитате Јесенин.










четвртак, 8. март 2018.

Огледалото на Душата



Бевме две близини
сега сме две далечини
далечини без почеток и крај
кругови отворени и никогаш веќе незатворени
со две тишини кои пловат на две различни правци
јас на север
ти на југ
јас на запад
ти на исток
веќе недопрени се препознаваме
само кога ќе застанеме пред огледалото на душата
на краевите светкаат желбите
кажуваќи ни така
дека сме живо присутни во тој простор
не разбираме но сепак уживаме
во нашето несовршенство.


Несовршени Мигови





Кога помислив дека те изгубив,шепотот на небото ме утеши
одморисе и припремисе за Вечноста
нејзината Бесмртна Душа те чека
така и ти
конечно со таа средба ќе ја потврдиш својата Бесмртност
во Бесконечноста...
сега сум во облик на смртник
и токму тој облик ми ја прави болката голема
но копнежот за таа бесконечна средба
на чуден восхитувачки и необјаснив начин
секоја вечер во сонот ја лекува таа болка
та кога ќе се разбудам
припремен сум повторно за суровите камшикувања на денските мигови
се научив да не плачам
со насмевка ги дочекувам ударите
некои кои не ме познаваат мислат сега дека сум најсреќниот човек
и веќе стануваат љубоморни  завидуваќи  на мојата насмевка
воопшо не им замерувам
напротив
кога некој миг
ќе направи длабока бразда на моето тело
од која што потекува и мал поток на крв
седнувам,и без да ме види некој полека го отворам срцето
пребарувам во сите мали одаи
кои ги зидав трпеливо во минатото
и од тие трепеливи ѕидови
ќе откачам некоја слика што сум ја сликал со ликот твој
ја гледам негледаќи колку време изминало
ја гледам се додека очите не се заморат
потоа,внимателно ја враќам на старото место
капките крв што потекле ги нема
знам дека браздата запрела да тече
оваа моја срцева галерија
секогаш е пребогата со твои потрети во разни димензии
премногу сум пак јас љубоморен на оваа колекција
ете исто како што Лувр е заљубен во Мона Лиза
па оргиналот го чува во најтајниот трезор.



среда, 7. март 2018.

Со волчји бес




Додека зимските снегови копнеат по северот
Со волчји бес
Ги заривам ноктите крвнички во тебе
Судбино
Која одсекогаш помалку беше светица,а повеќе курва
Нечекаќи да закркориш небаре си јагне невино
Усниве веќе ми се суви,и градиве пламен ги гори
Не ме теши тоа,дека си постојано во крвта моја
Кога солзите ми течеа
Ти на гавраните чемерот им го расфрла да се сладат
Кога гревовите на плеќи ми натежнуваа
Со сенките лити,оро заигра среде соба
Судбино

Зарем
Ти се здосади и тебе
да ја провлекуваш тишината низ моите жолти коски
Каде секогаш пишував
Дека сите светови во мене се претесни за тебе


Затоа
Погледниме во очи,во нив нема лаги,нити ќе ги има
Ќе заминам еден ден
Но ти ќе исчезнеш како невините детски сништа
Осамено ќе остане огледалото правливо
Ќе нема кој да се насмевнува пред него









уторак, 6. март 2018.

Зошто бре Човеку




Штом си ги добил криљата уште при раѓање
Зошто бре Човеку
Се уште ползиш по земјата
Или се каеш што си син на Каел и Авел
Та затоа кукавички гледаш во небото
Чекаќи тоа да заплаче за тебе
Што поважно ти е минатото, а не иднината
Додека сегашноста крвнички ја раскинуваш

Ти биди Човек
И парчето од Бескрајот чувајго во себе
Но не се заветувај
Дека утре ќе бидеш подобар од денес
Молчи пред вистината
И не ја вовлекува темнината во душата

Ако се плашиш зошто си сам
Само скршија лушпата во која се криеш
И исто како глуварчето
Распрснија својата Љубов насекаде

Штом си ги добил криљата уште при раѓање
Зошто бре Човеку
Се уште ползиш по земјата
Зошто.




Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...