среда, 7. септембар 2016.

Стануваш мој копнеж



Стануваш мој копнеж кој го носи секојдневно шепотот на времето
низ безбројните шупливи молитви
 што ете во празново време ги смислувам
и ги изговарам  со премалените и испукани усни..
се насмевнувам потоа
што и денешните се празни и бесцелни молитви…
станав миленик на илузијата
а таа проклетницата
низ своите тесни измислени ходници ја провлекува сликата на твоето тело
со своите подивени страсти што си ги криела од мене…
колку си само убава
посакувана,
сега знам зошто машкиот поглед неможе да ти одолее.
Ти и со појавата мамиш…
не сум љубоморен на мажите кои сега те имаат
малку сум лут на судбината
што мораше да ме награди со такво женско суштество,
а да го осакати даруваќи му нему лажни страсти….
мирисот на карминот кој е со арома на јасмин го обожаваш.
го почуствував низ тесните Битпазарски сокаци

каде како печат си го оставила...


За воскрес ќе сонуваме



Ја начекав Месечината
кога тајно од своите празни боски
цедеше капки надеж
клепките и беа малку натежнати
слушнала како се дробат Коски на Земјата
и како черни заби глодаат голо месо
рече кога со антеријата на ноќта се прекриваше
дека
не сме верувале веќе во Семоќноста на Крстот.

Аште колку време имам за да молвам
не ревев,само без треска во себе бамборев
и бевредниве бакарни пари да ги расфрлам
имам една во џебот за секој случај
Аште колку време имам
да го одиграм последниот пагански танц
за ете скеларот малку да се насмевни.

Не е веќе тајна
не ја чувам веќе
кум бев,било лага
татко бев,било лага
син бев,било лага.

Етеме сега
жеден го чекам трагачот да ми ѕирни во душичката
ако ја види,рече утешително ќе воздивнел
и од непроѕирнатата темнина Натемаго ќе го поканел
да ја купи ли,да ја земи,сеедно е.

Белким вие ќе се спасите
сега
одетеси дома
чекаќи го сопствениот воскрес со грешни молитви
и негледајте во небеса
мртва е веќе и Месечината
распетието се јави
од Исток кон Запад
од Север кон Југ.

Дозреав,дозреавте,дозреавме
сега ни земјата неможеме да ја молзиме
оставетеги леунките на мира
тајно по пештери дојат Близнаци

не се тие од нашиот род


понедељак, 5. септембар 2016.

Го прашав Светецот




Држиго Јазикот подалеку во дупката
Не му давај да ја премине границата на забите
И скрбот нема да се оплодува
Зарежа силно Светецот од иконата
И ме допре со показалецот

Надвор
Преморена душа испаруваше
Бараќи си го своето вистинско обличие меѓу Божествата
Зарем повторно да ги откопчувам мислите
Го прашав Светецот
И  во матни бездни да паѓам
И давеници во сопствени заблуди да спасувам
И надежи од врел песок да вадам

Шурките секнаа од каде се цедеше Љубовта
Крцкаат малку злокобно дрвјата
Бучи утробата
Густата збиеност на мракот ги обви прстите

Ја прекри устата.


Го прашав Светецот




Држиго Јазикот подалеку во дупката
Не му давај да ја премине границата на забите
И скрбот нема да се оплодува
Зарежа силно Светецот од иконата
И ме допре со показалецот

Надвор
Преморена душа испаруваше
Бараќи си го своето вистинско обличие меѓу Божествата
Зарем повторно да ги откопчувам мислите
Го прашав Светецот
И  во матни бездни да паѓам
И давеници во сопствени заблуди да спасувам
И надежи од врел песок да вадам

Шурките секнаа од каде се цедеше Љубовта
Крцкаат малку злокобно дрвјата
Бучи утробата
Густата збиеност на мракот ги обви прстите

Ја прекри устата.


Го прашав Светецот




Држиго Јазикот подалеку во дупката
Не му давај да ја премине границата на забите
И скрбот нема да се оплодува
Зарежа силно Светецот од иконата
И ме допре со показалецот

Надвор
Преморена душа испаруваше
Бараќи си го своето вистинско обличие меѓу Божествата
Зарем повторно да ги откопчувам мислите
Го прашав Светецот
И  во матни бездни да паѓам
И давеници во сопствени заблуди да спасувам
И надежи од врел песок да вадам

Шурките секнаа од каде се цедеше Љубовта
Крцкаат малку злокобно дрвјата
Бучи утробата
Густата збиеност на мракот ги обви прстите

Ја прекри устата.


И ајде сега




Кога ќе се простам од денот
И кога ќе ја видам повторно онаа ѕвезда што трепери
Ќе го прашам моето сребрено срце
Дали повторно да се вратам кај Перун
Или да клечам крај Манастирскиот темел.

Калуѓерот кога слушна
Да калуѓерот што клечеше пред олтар од утро до мрак
Знам дека плачеше со едното око
И Глаголеше
Не се воведувај така лесно во преданијата.

Ама ајде
Кога на третиот ден ме задоиле Самовили
На четвртиот ден дождалецот ликот ми го миел
Околу папокот,дванаесет живи соништа ми врзале
И ме чаделе седум дни со загатливи тревки
Знам за уште чудесија
На Четириесет дни ме крстеле во свето вино
А надвор усвитена мољња ме благословила.

И ајде сега
Ако не играм со Русалки
Паганите ќе ме скаменат
Ако не се ведам пред светите одежди
Ќе ме проколнат
Анатема ќе фрлат
И
Ако вистината ја кажам
Дека Распетието го паметам
Вие ќе кажете
Срцето ми е крваво,и само бамборам на месечина.

Нејсе
Ќе се помолам тука на лединава
Господе,те имало,те има ќе те има
Ме имало,ме има ќе ме нема
Перуне
Те имало,те има,ќе те има
Ме имало,ме има,ќе ме нема
Па и кој да си
Отворимија јатката на ноќта
За мракот во моиве жили не ме пие.






недеља, 4. септембар 2016.

Јас го направив мојот избор

Ако мислите дека се што кажав до денес
Е само мој сон
Тогаш е подобро,нели
Да се пробудам
И да ве оставам да живеете
Или можеби да сонувате.

Јас го направив мојот избор
Видов што требаше да видам
Дознав што требаше да дознаам

Сега и вие изберете



Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...