понедељак, 15. август 2016.

Кристална солза




Во куферот со спомени,го пронајдов Бескрајот
И сите згужвани мисли кој останале по подот
Помеѓу нив како невидлива меѓа
Се спростираше тишината
И сите недосонувани сништа
Молчев
Знаеќи дека никаде таму не се Бисерните насмевки

Има ли смисла
Сега
Да токму сега за сето ова

Да ја сринам мојата Кристална солза.


Вистинскиот Поет

Вистинскиот Поет,никогаш не сонува,зошто живее свесно во соништата,и ги преминува границите на нестварното,кое за него е стварно,но сепак на другите им раскажува како се да е само сон...па и кога им раскажува за Смрагдните Светови,Златните Кули,зелената Месечина,и пурпурното утро,повторно го гледаат како чудак..чудак кој ги преминал границите на смртноста..и кој знае дека Смрта е само премин во друга димензија...зборувам за вистинскиот поет,кој и своето Ах е трепетливо парче од неговата душа,кое го пресликува верно на хартијата..кога Поето кажува Ах,тогаш и небесата тивко крикнуваат како потврда дека е така..зборувам за Поетот,а не за бесцелните пишувачи на белата хартија,кои мртвите букви засекога им остануваат само мртви букви,кои времето ги брише тогаш кога смрта ќе го направи своето,и така тие бесцелни пишуваши остануваат прекриени со прав,заминуваќи засекогаш во заборавот...вистинскиот Поет,уште кога се раѓа е награден со Бесценетата Награда..Печатот ан Вечноста кој го носи во својот Болскот во очите..болскот кој секогаш го води напред,и кога го плукаат,и го мразат,и го отфрлаат...а земните признаниа..ех..па има премногу бесцелни пишувачи кои ги грабаат....лепеќи ги на ладните ѕидови..ех,пусто да не се родиш како Поет...


Молетесе исто како мене



Додека се усвитуваше месечината
Се молев
Слушаќи ги своите зовриени мисли
Незнаеќи тогаш
Дека веќе сум тргнал по патот кој води во неврат

На  почеток
Кога призрачното сказанија го видов
Обесено на вејките дабови
Крвта која клокотеше во глобочините
Ме предупреди
Не вжарувај толку пред тоа сказание
За да не станеш пепел

Ама ајде
Кога ќе се премине линијата на животот
И кога ќе се замине позади смрта
И кога не гледаш ни камен,ни дрво
И сваќаш дека си горе
Над сите земни гробови
Потпрен на некој темен облак

Наравоучение
За вас утешение
Замене завештение пред Блажени Оци
За неверните Томи бесмислие
Се вратив за кратко
Да го смирам ветерот
И да сплетам антерија од дождовни нишки

Ве предупредувам
Ако ве ослепи светлината
Кога го читате призрачното сказание
Молетесе
Исто како мене
Додека се усвитува Месечината





Семоќни сте во просторот за игра




Мракот е студенило,проклет грозомор
Пекол каде ве дружат црните сенки
Кој тивко го бришат словото од Животот
Не ги отварајте тогај очите
Ќе видите дека сте сами

Но и ова е само дел од распливнатиот Божилак
Кога покасно само ќе се насмевнете
Што ете сте имале дарба себе да се измачувате
И јазикот да го разголувате неразбирливо
Додека беседите со чело избраздено.

Нејсе,не се плашете,окото на Месечината
‘рѓата од крвта ќе ја повика со чинки вселенски
И пак малку ќе ви студи,но ќе се насмевнете
Копнежот за нови желанија етего
Пурпурните петли ви ги создаваат.

Разбравте
Семоќни сте во просторот за игра
Сепак
Не пламнувајте напразно пред самрак
Оти

Мракот е студенило,проклет грозомор.


недеља, 14. август 2016.

Четвртата Молитва




Доаѓа уште една долга темнина
А некој на Запад
Којзнае можеби чедо на зелената месечина е
Крвнички го закопува папсаниот ден,без да има плускавци на рацете
Би вриснал,но гледам  не е од нашиот род
Прозирни прсти има,и тајна напишана на челото
Наметка од стара мечка си префрлив
Вестителот спроти него го скамени
Расото на ветриштата им го подари
Само гласот му го оставил

Прослови,како сите дојденци кои не колваа горчини
Не рече,молчи и молчете,пеј и пејте
И со гласот ѕвездените ронки ги собра
Утробата на земјата со нокти ја отвори
Каде во оганот пишуваше
Од сето ова разумот ќе ви излезе побрзо од душата
Ликот човечки од тоа му стана
Четвртата молитва ја кажуваше.

Небесата уште пред седум столетија знаеа  што се случува
Надоаѓаа потоци,винските бочви ви ги носеа
Црните раса ви ги кинеа
А вие небаре сте од крстот симнати
Со вашата голотија,не трепереевте,пиевте и не скрбевте
И пак со крајот од очите по блудници гледавте
Во талогот на виното се прпелкавте
И грутката жедна и врела ја сторивте
Умира овој свет
Само облаците ќе се спасат
А ѕвездите ќе ве сожалуваат

Доаѓа
Навистина доаѓа
Уште една долга темнина






Последен Сон



Позади заодите и ѕвездите
Пиштеа Самовилите,дека по оваа ноќ не ќе дојди друга
И дека сводовите кои ги држат небесата пукале
Од гревовите земни
Вие лапајте месо и кога треба и кога нетреба
Обележани сте на темето
И не се кадете со темјан
Љубовта ионака во празнината отиде
Само мрдајте со усните
Ама клетви не фрлајте
Оти незнаете,можеби Перун ќе го разбудите

Маѓија,којзнае дали знаете
Сепак не е стемнето за сенките да избегаат
Ајде да се простиме од денот,и од онаа ѕвезда што трепери
Слушате ли,подземна бучава ве обеспокојува
Темнината ќе го успие разумот
И се ќе биде брз сон кој ќе не издигни

Несакав
Ама којзнае како
Ви го открив својот последен сон
Со помош на маѓијата го видов
Во лилаво око кое висеше на небесата.




Несакам





Несакам да бидам Медиокрит
И да ј скрнавам песната
Кажуваќи,бараќи,или зборуваќи
Дека е совршена
И дека е Песна над сите песни

Несакам
И затоа

Оставам само душата да зборува
И кога врне дожд
И кога јас се кријам во мракот
И кога молчам
Таа пее
Па кој разбра,разбра
Кој не,да биде здрав и жив

Доволно е зарем не
Ги имам најголемите признаниа
Од животот кој ме награди
Со безбројни дипломи за празните денови
Безбројни пехари  во кој ги собирав солзите
Безбројни благодарници
кои се заверени со парчиња од мојата душа

несакам

Несакам да бидам Медиокрит
И да ј скрнавам песната
Кажуваќи,бараќи,или зборуваќи
Дека е совршена
И дека е Песна над сите песни








Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...