недеља, 15. јул 2018.

Е,де,не бидете толкави копуци




Би ви раскажал за многу чуда што видов на дланките
Но нема да поверувате
Оти птицата копнежлива одлетала од вашите рамења

Ама ајде
Сепак пробајте во зениците на очите
нека ви затреперат пламенчиња
Ќе видите колку слатки молскавици тогај летаат насекаде

И живите сенки од правот ќе се отпретаат
Да ви раскажат за Паганските Божици,кои не се плашат од чума
И секакви тајни ќе ви шепкаат
Е,де,не бидете толкави копуци,та да одмавнете со рака
Крикот во крвта ќе ви кажи дека сум во право

Не се плашете од малите улави ѓаволчиња
И тие ќе дојдат ради полуголите самовили кои ќе играат повторно
И пак не верувајте во среќа,ама сето ова е среќа
Не разбравте,и судбината и соништата ви кажуваат
Не сте родени за окови
Оставете,други нека ги бројат и вековите и дните.




Жнеачи на тага




Е така де
Сенките ви се поблиски од луѓето
Можеби затоа
Кожата не ви лачи мирис на Босилек
И молчеливо минувате низ сите преданија
Личите на спржалени пеперутки под облациве
Од раѓање
Здивот на животот во грлото ви се стиснал
Катаутро кај баба Митра бајчката трчате
Парчињата од сонот да ви ги состави
Ехх од шепотот на развигорот ќе ви пукни срцето
Доживувате чуда,само покојник кога ќе видите.

Зер мислите вие жнеачи на тага
Дека ќе се смилува над вас месечината
И ќе ве задои со млеко месечево
Та како старите пагани
Четири воздишки да испуштате кога ќе видите боски бели

Кутрите вие,незнаете
Не сте биле патници во коработ на Ное
Со молскавиците не сте танцувале
Налани не ви се налепиле на стапалата
Та затоа скакулци ве гонат
Та затоа стварноста ви е поинаква.



субота, 14. јул 2018.

Посвоен од Времето




Честопати
Движеќи се по сончевите патеки
Го слушам големиот разум на вселената
Во кој се создаваат сите живи мисли
Од кои и камењата воздивнуваат

Карши карши
Во малку заборавената и темна вселена
Чука часовникот на смрта
За да се отворат пупките на мракот.

Ех,зарем повторно на земјата да се вратам
Слушаќи ги стотиците еха во крвта
Со срце стежнато од јад
Заграден со омарнина
И стотици улави сенки.

Затоа,не ми замерувајте
Што повторно буричкам со прстите во облаците
Којзнае,можеби затоа што немам свој Бог
Ами сум посвоен од времето,месечината
И сите познати и непознати вселени.





петак, 13. јул 2018.

Заспан Бездомник




Пукнаа планините под ова алово и лилаво небо
А земјата ја посла сета своја морничавост
Чунки така се дочекувало безимен светец со пламена облека на себе
И тогај,и ѕидовите посакаа да заплачат
Ама курвите беше ги проколнале додека си го миеа срамот
Та останаа неми да ја паметат само болката втисната.

Од наквечерините на денот,се извлече стопанот на мракот
Малку стенкаше од утробата,малку гребеше со своите ноктести нозе
И малку низ ноздрите дишеше магла
Та заглаголи со арамиска исклештеност
Подаваќи ги своите ковчести раце
Кон заспаниот бездомник,кој евангелието не го читал.

Исплети пајакова мрежа над соништата
И тагата растурија по светот
Направи двојници од светците
меѓите на земјата избриши ги
правеќи така да се апат меѓусебе со забестите муцки
а дните стори им ги трошни.

Така
Времето
И сите идни времиња
Ќе ги одалечиш од сите Човечки воздишки.









четвртак, 12. јул 2018.

Не сакам да живеам повеќе во земја каде што не постои Бог




Не се поздравивме,а глупавоста не испокина,и нам и спогодбата што ја направивме порано преку вестителот,кучешки се абевме до безумие,а потоа небаре сме налудничави монаси,чинодејствувавме надвор од манастирските ѕидови...дајтени ги нашите обетени небесни пространства...
Ама ете,надвор од судбината,по толку лета,седнав на карпата сува,под која можеби некои ајдуци закопале суво злато или сребрени алтани,но сеедно ...јас со двете раце го расфрав насобраното сончево злато околу мене,пред невидливиот иконостас што никој не го гледа,и зедов да се исповедам.
-несакам да живеам повеќе во земја каде што не постои Бог.
Позади манастирскиот ѕид ѕиркаше клетникот кој многупати сакаше да биде челник,а беше само ситен бедник,и од таму довикна.
-Андоне повторно ли сам со себе глаголиш,или измислуваш сега некоја нова молитва.
-замолчи,гром да те убие,замолчи,зарем не ги слушаш пциите како здивеа од реата на твојата уста..
Веѓите му беа густи,од ова,уште толку нараснаа,лицето беше му се бакардоса,над очите сенка му надвисна,и усните му се пеплосаа...
Ја чуствував омразата,и неговата и на останатите,толку започна да се плоди што и оваа недојдена пролет ја гламноса,небото со глам облаци го препокриваше.
-не се обеспокојувај клетнику,не се нуркам веќе во глобочините,ќе ти ги оставам тебе празните ноќи,нека сега ти бабрат очите,и нека околу снагата ти се сновата сенките.
-а ти Андоне,каде ќе одиш што така силно се исповедаш,и гледам се простуваш и со земјата,и со камењата,и со водата,а од небото бараш и прошка и милост.
-еххххх клетники,клетнику,знам дека си син Богданов,Златан беше ти името нели..
-да Златан...ги развлече усните од уво до уво..
-се простив од невидливата и гнасна омраза,ги оставив таму во скрките сите сомневања,и сите писоци што ми ја параа утробата ги смирив,и сите сетила што ми ги даде Бог на оваа земја се мртви,а знам,кога пред само седум дни ја слушав како глаголи,гласно,толку гласно што и моето наглуво уво слушна....го погубивме,и го закопавме на сува земја без крст,ветришата песокот ќе го растурат,та трага од него нема да има...и се кикотеа,и плукаа,и се испоганија на крај...што да правиш Златане,времето ти е создадено од нишки неродени,ама за тие кои знаат да живеат..незнае дека тој ѕвер сега спие во неа,но за седум полни месечини ќе се разбуди..а јас ќе бидам далеку,толку далеку што за тоа ќе знае само Семоќниот Бог,и по негова заповед месечината ќе ѕирка дали сум таму,кога ќе види дека сум,ќе блеска со сјај наоколу мирно..
-а јас што да правам тука Андоне.
-ти,ти Златане биди сведител за се она што бев Јас.






среда, 11. јул 2018.

Кога за смрта сонувам,тебе те слушам





Кога за смрта сонувам,тебе те слушам
кога за животот копнеам ,тебе те гледам
и со болката
која е небаре вграден код на Вечноста
клекнувам под невидливата антерија на ноќта.

Прости
Драга моја
Но овие зборови не се за тебе
Ами за Светлината
Која катаден ме камшикува
Та и водата по телото ме боли од тоа
И песокот ме печи на нозете.

И пак ќе пеам да знаете обредна песна
Ќе наликува во тој занес на краток монолог
Можеби затоа незнаам да исткаам грев
Ами ќе бидам исто како вчера трпелив
Под антеријата.



понедељак, 9. јул 2018.

Ова е Балкан




Јас,сеуште можам
Да чекорам со крената глава во пурпурот
И да ја слушнам смеата на сеуште неродените деца
А вие
Кои кучка ве задоила
Змии ве повивале
Со волци оро сте сте играле на полноќ
Вие
Бедници,колебливци,кукавици,
Подлеци и молчеливи сенки
Молчете
Молчете како и досега
Во мракот
Недостојни сте за Светлината
Ете само тоа да го знаете.

А вие
Кои ете од Мајка млеко сте цицале
Не се плашете
Наскоро
Кога камбаните на мртво ќе чукаат катаден
Кога земјата ќе зини,гробови нови да отвори
Не се плашете
И есенва дуњи ќе јадете

Ова е Балкан
Некому е Благослов
Некому е проклетство
За некого е гроб
За некого е престол.




Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...