недеља, 4. март 2018.

Не би ги проколнувал ноќите



Не би ги проколнувал ноќите,ако не постоеше ТИ
Која ме натера да ја сакам есента,да се морничавам од пролета
И никогаш немаше да знам каков е ликот на курвата
Ако не те видев ТЕБЕ,како длабока линија на мојата дланка
Можеби затоа сега повеќе го сакам Јесенин,отколку Петарка

Надвор е моето денес,и твоето утре
Кои се среќаваат некаде длабоко во ноќта да се поздрават
Да бидам искрен,се што беше запишано во времето за нас
Вчера ветерот го избриша,и го однесе некаде далеку.

Наликува на разделба,во која остануваат многу дилеми
И фрлени спомени,во бунарот на времето
Но сепак пред крај знам,не сакаш да знаеш
Како мириса копнежот,во кој се сокриени многу сосем обични ноќи
Навистина,сега
Не би ги проколнувал ноќите,ако не постоеше ТИ







субота, 3. март 2018.

Исто како Годо



Најтешко е во бесмислата да бараш смисла
И при тоа да губиш постојано парче од сопственото постоење
Знаеш дека се е нестварно
Но болката понекогаш те уверува во спротивното
Очекуваш,нешто што никогаш нема да дојди
Во безбројните будни ноќи
Бакнуваш нечии усни,од кој само отров течи
Лажеќи го срцето дека и тоа е некоја Љубов

Исто како Годо,го гледаш утрешниот ден
Но денешниот не го живееш
И одважно небаре си господин,на уморот
Му се потсмеваш на полноќ
Прашуваќи го дали знае што е тоа живот.

И не си сам,и не сум сам
Сите сме тука во различна варијанта
Врзани во времето,наречени
Милион маченици на мигот нероден



Можеш ли



Го засакав Моцарт,токму поради тебе
Беше сличен како чуствата кои ги имаше
Час нежни и мили
Час хаотични и разорни
Нотите се распраснуваа во воздиухот
А ти врз телото
Насекаде по мене
Можеш ли онака како Бах да бидеш
Дива и нескротена
Похотна и жешка
Можеш ли да бидаш влажна и лизгава
Како чајковски
Со многу немир да лебдиш
И да пловиш
Носеќи на себе небесната белина

Можеш ли да бидеш деноќно симфонија
Која ќе ја слуша срцево мое.




Денес ќе молчам




Денес ќе молчам,за подобро да те заштитам од болката
Која зборовите,знам, ќе ја направат кога ќе почнат да се тркалаат
Небаре се камења во збесната суводилица.

Ќе молчам,чуваќи те во сите дождливи денови
Ете тогаш, Вечноста го пишуваше твоето име
Во моето срце.

И како птица ранета,со едно крило ќе летнам
Молчешкум,со сите недоречености,некаде кон југ
Каде сите денови се посебни.

Ќе бидам добар,меѓу тие ранети души
Кои се поздравуваат со крвта од криљата
И се тешат со криковите болни.

Денес ќе молчам
Но сепак ќе пишувам со црвената боја
На танката линија каде животот оди.




Ги продавам моите недосонувани соништа

Ги продавам моите недосонувани соништа
А вие,извадетеги вашите скриени бисерни солзи да платите
И не се грижете кога ќе направат да бидете малку палави
Наградетеги тогаш со вашите трепери
Ако ги видете дека се тажни
Само скршете мали парчиња од времето,ќе се насмевнат
За вечера секогаш хранетеги со месечева светлина
Но не ги лажете
Зошто тие никогаш нема да ви го донесат мирисот на пролета
Не ги позајмувајте,ќе ги вратат,изгужвани,измрцварени и валкани


Ги продавам моите недосонувани соништа
Само за вечерва
Зошто некаде напред гледам силен светилник
Кој и небото го осветлива

Ќе заборавев,не го носете во мрачни одаи
Чудни патеки тогаш создаваат,ќе ве болат табаните од одење
До бескрајот и назад
Кога првпат ќе ги допрете со врвот на прстите
Не мислете на Смрта
Злокобни и крволочни се тогаш
Ќе ве натераат,сите брзи суводолици да ги запознаете
Од бакнежите да се гадите,и сите гревови да ги сакате

Дека е така како што кажав
Се колнам во моите незаборавени утра
Ќе ве чекам сите кои сакате да купите соништа
На изворот каде што тагата умира,а радоста се раѓа
Заедно ќе бидам со девет самовили
Дојдете,и платете со вашите скриени бисерни солзи.






петак, 2. март 2018.

Нешто безвеза



Ќе ја оставам неделата празна да биде
Одеќи покрај пругата само ете така да ги гледам возовите
Ќе ги оставам дворовите на Црквите
Бегаќи од запалени верници кои постојано повторуваат во себе
Мојот Бог е жив,твојот Бог е мртов
Ќе го оставам и агорите
Каде лицемерите продаваат Љубов ефтино
И само ќе се сеќавам на минатата година
Кога секој на секого му кажуваше Добро Утро

Сега доволетеми само еден миг да заплачам заедно со ветерот
Малку сум уморен од сите утра што ги дочекав
Малку сум бесен на сите ноќи што им робував
Ќе ја сокриам тагата позади насмевката
И се,ама се ќе биде во ред.

Нешто безвеза е сето ова
Стојам како и сите чекаќи да помине месечината
Да ја отпоздравам
Одеќи кон Неделната празнина.






четвртак, 1. март 2018.

Кога времето ќе запре




Кога времето ќе запре
Денот ќе се распрасни на илјада и едно парче
Тогаш узнаваш,дека
Играта во вртливите соништа е најубавата авантура
Никогаш не си сам
Детелините со четири листа постојано се околу тебе
Понекогаш урилкаш како гладен волк
Но никој не се морничави
Седнуваш на лудиот камен,и весело,како мало дете
Започнува да ги тетовираш сите спомени по телото
Не постои веќе никаде Тајна
Одникаде се појавува Сродната Душа
Ја препознаваш по допирот,насмевката,и сите копнежи кои ги чувала длабоко во себе
Мирисот на Љубовта те понесува
Шекспир се радува
Десно од подимуот за танц
Животот и смрта етеги прегрнати стојат
Танцуваш
Негледаќи дека на земјата цветаат костените.




Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...