среда, 7. децембар 2016.

Е ,нема Бог



(потонати во Магла,како верни сенки,се мачиме да клекниме на колена,бидеќи не боли бодежот од Крстот,кој го фрливме кога станавме Безначајни)


И на небото му станаа претешки
Молитвите кои ги џвакаме пред олтар
Со глас без ехо
И не гледаме
Како под сводот на Ангелите
Плачат сите неродени души
И
И понатаму како далдисани
Го омеѓуваме рајот со змијарници
Кои ни се котат во устите
Ами што чекаме сега
Да ни никнат уште волчјите катници
Та се што има крв во себе
Да го легниме крај бездната на бездомност
Да ги избришими сите врвици
А на нашите чупиња да им кажеме
Расплетеги косите за клетви да фрлате

Е нема Бог
Оти ни истинаа очите
Оти ние е голема устата
Оти само лапаме лакомо празнотија
Не не гледа небото
А вчера на Светците очите им ги копавме
Бараќи од таму да потечат златни шурки

Е нема Бог
Оти поминаа осумте плодни милениуми
А ние
И Распетието го ишкртавме
И житијата ги продадовме
Да сега
Ни воскресот не ќе го видиме.

Се откажавме од себеси,зарем не
Не си ги кубете косите
Оти судбината нема да не чешла повторно

Навистина.ова беше Рисјанска земја
Со детска послушност во очите
Каде и селските Баби ги пееа Небесните Оди

Сега
Под пепелта на самоодрекување
Ќе молчиме
Гледаќи во ништо
Со мисли за пролетните шуми.

Нема да ве уверувам дека оваа песна е за за оваа Земја,и нема да ве уверувам дека со песнава докажувам нечие предавство,само ги истргав некаде од виугите мислите кои гневно баботеа,за утрешниот ден...ете само толку.

Чернодримски






уторак, 6. децембар 2016.

Попчето на Митрушеви



Додека `ртеа облаците над секојдневието,зад долгата недогледна линија на небото,од дланките на Антимон се отвараше новиот прозирен сон,кој ги носеше сите згрчени желби,кои до вчера малку плашливо чекаа под неговите клепки.
Малку изгледаше замаглено утрово,ама таква е годинава,што да се прави,не е баш како во пусто турско,некаде над главите да ти виси камшикот,та додека си ги отворил очите да му кажеш добредојде на денот,те ошинал Бегот преку очи..сега е малку подобро и порајат,оти му се верува само на Попот,е де,попот од Митрушеви..сега е малку мативода по нарав,ама кога ќе ги запее Божјите Оди,еее тогаш,тогаш и славејот ја веди главата,а тоа ветриштата што вијат небаре се гладни волци,ќе замолчат,и од пуста милина,ќе се свијат околу Попчето..та ќе почнат да му чепкаат во брадата,Пее Попчето на Митрушеви,а тие си играат,не им се нали палниот бре за ова..ги остава,некаги,и тие се како деца мали,ако ги пизмиш,акалото ќе ти го земат,викаше кога ќе го прашаат,зошто не ги мири,кога ја знае песната за нивното мирење..а очите,очите додека пееше,ќе болснеа,и болскаа исто као Деница што болскаше ..и на крај,набожно ќе ја сведеше главата кон земјата.
Ја стави книгата со Оди Боженствени во џебот,и започна да се пробива низ народот,некаде при крај на црквата му се испречи пред него Антимон,ширеќи ги своите празни дланки.
-Попе,ставиго на овие дланки твојот Свет Благослов,па неделава да фатам фитфиделија преку барата,доста ми е веќе што ја мерам планината горе,долу..и волците ме научиа,па и тие веќе не се плашат од мене..
-Ќе ти дадам,ќе ти дадам Благослов,само едно да знаеш,ако меурот на сите тие приказни за ветената земја,ти пукне таму,немој,клетви да фрлаш ни на Бога,ни на тие кои ти ги кажувале..ајде дојди со мене до олтарот...
Тргна напред Попчето на Митрушеви,по него Антимон со наведната глава,кога стигнаа пред олтарот,Антимон клекна на колена,и само со поглед вперен кон Крстот чекаше да го добие благословот..
-Оди Синко Антимоне,секаде каде што Светлината на Бога допира,но никогаш родот не го заборавај,оти небото со пламени облаци тогај ќе те облее,свадбарската песна раширија и преку водата,и веселисе заедно со Ангелите и дење и ноќе...оди и биди Благословен
Стана Антимонј,се прекрсти и замина молкум,и место збогум остави солззта да се срини тука на мраморот црковен.

Ете и Антимон замина,оставаќи ги старците да липаат со детски плач.и скриени веди во очите да ја колнат судбината.


Ова се тие проколнати години




Ова се тие проколнати години
Каде секирите фаќаат рѓа
А планините збивтаат изморено од тежината
Маглите зелени,љубоморни чуваат се во себе
И се што се коти без благослов е
Уште од мајчини боски ја цицаат омразата
Додека со потсмев кумовите ги крштеваат
Ова се
Да ова се тие проколнати години
Каде штурецот пее само пред икона на светец
А попот под прозор на млада мома
Кога ќе дојде полноќ
Далдисаните шушкаат некои песни шупливи
Ова се тие проколнати години
Каде
Невозможни еретици молитви ни кажуваат
И оставаат слепци да водат
Ова
Ова се тие проколнати години

Каде животот само воздивнува од мака


понедељак, 5. децембар 2016.

Вистино Моја




Вистино Моја
Родена во пламенот на Љубовта
Кажими
Зошто сега дамарите на срцето мое ми судат
Толку сурово
Тераќи ме како круна на главата да носам
Венец од ветерови шилци

Вистино моја
Заглавена меѓу искрите на надеж под клепките
Не ми се потсмевај сега
Зошто само ти ми ја познаваш душичкава
Ти ја научи да биде непокорена

Вистино моја
Втисната на мојата дланка
Сега ли писок ќе станиш
Или повторно во некој непознат кожурец ќе се криеш
И така секоја дневна здодевност ќе ми ја крадеш
Да те барам
И пред праг,и под праг.

Вистино Моја
Не сум зачуден што повторно се будиш
И тебе горчливото спокојство те тера
Да трепериш пред бескрајниот плач
Но и те морничави
Кикотот на злото што евего повторно расте
Вистино Моја
Ако бегав Јас од тебе
Небегај сега ти од мене.






недеља, 4. децембар 2016.

Ехото на Времето.



Од едната страна клопчето со тага се отплеткуваше
Од другата страна сонот се оплодуваше
И сето тоа во крвта се таложеше
А ветерот измислуваше триста и едно чудо

Но не се предаваше
Одеќи десно по стрмнината
Со лице кое потсетуваше на детски цртеж
Нацртано во прозирните облачиња
Којзнае кога.

Ама нејсе
Птицата копнжлива со едно око седеше на десното рамо
Едно око,солзиво око
На левото рамо,проклетијата
Која не се плашеше ни од светлината,ниту од мракот

И не рече ништо
Траеќи во суровоста на денот
Таеќи се во тестото на мракот
Чекаќи недооформеното зло да се јави
Токму сега кога разјадената месечина имаше пола глава.

Наоколу празните далечини се наведнуваа
Читаќи во историјата на човештвото
За никвецот,кој донкихотски го мерел својот грев
Ненаучен на покорност
Пуштаќи ги своите зборови низ ехото на времето.



субота, 3. децембар 2016.

Негледај на ова Победнички



несакаќи
во бескрајниот сон те видов
како ги собираш дните
во цветот овенат
со тој оштар нож
кој и времето го параше ти
зарем сега
сакаш така пепелта да ја воскреснеш
која ни ветриштата несакаат да ја кренат
погледни таму
каде е скаменета секоја патека
во тие празни далечини
нечие утро плашливо гледа
погледни
и солзиво измериго тој пат
низ стиснати клепки
цедеќи го така уморот од очите
потоа
само продолжи
како магла
како горчлива болка
како поделена судбина
без чуство за сето студенило
да се будиш
кинеќи го така платното на младоста
и не гледај на сето ова победнички

зошто сеуште не си ја изминала својата голгота.


петак, 2. децембар 2016.

Пурпурен Хамлет



Беше скитник со испиени очи
Но сепак,литите алишта му беа претесни
За срцето кое колкотеше постојано
За него пишуваа постојано
Уличните биографи,кои во пауза со вино жедта ја гаснеа
А кога пишуваа
Медот од соништата го собираа
Страни,страни изнапишаа
За позлатениот бодеж со кој ја параше постојано пурпурноста
Тие пишуваа
А тој се извишуваше Величенствено
И со секое извишување,имаше ново име
Небеше горделив,и за тоа сите му се смееа
А кога не се смееа подмолно ѕиркаа во неговите мигови

Тој патеше при тоа
Сокриен позади ѕидините на Манастирот
И шушкаше во ќошињата
А кога газеше по калдрмата,игра беше тоа со невидливи пеперутки
Ех,неговиот номадски неспокој го водеше

Еднаш
Една стара блудница,додека лазеше кон разумот свој
Плескаше со дланките силно и песна пееше
За него,чуден рефрен од некоја стара шансона

Само дивите петли ја знаат тајната негова
И затоа треперат од возбуда,кога пеат
Кога молчат,ја чешлаат неговата среќа
Предеќи ја така неговата замрсена љубовна историја.

Еве повторно.на булеварот расне вревата
Усните на биографите бавно се одлепуваат
Пишуваќи со мастилото,црн шепот
Но ова е почеток
На нивните зборови,кои ќе бидат апежи пред полноќ
За скитникот,роден во пурпурот,налик на Хамлет
Кој нема на раката венчаленх прстен.






Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...