недеља, 9. октобар 2016.

Простими Таго





Простими Таго
Што те напуштам,и те оставам овде во скркиве
Обвиена со сето Човечко студенило
Молчи
Нека сега молкот тебе ти го донеси Арамискиот несон
И нека очите ти бабрат од солзи неисплачени
Ако некогаш
Тежината на јадот те натисни
Ти реви со волците осамени
Простими
Се покорив на Светлината
Редно е да се погрижам за Судбината

Им кажав и на луѓето
Дека сега мојата насмевка ни со камења не ќе ми ја скршат
Дека сега болското во очите ни со најгустиот мрак не го скротат
Дека сега треперот на моето срце само виорите на Небесата ќе го босат
Ти кажувам и тебе Таго
Дека сега сомневањата не ги познавам
Воздивни
Воздивни тешко и болно пред мене за последен пат
Простими
Навистина простими што те напуштам
И те оставам сама во скркиве.



Сега и мојата Сенка е Среќна



Додека стоев исполнет со восхит под сенката на Манастирот
И раскажував на мојата сенка
Како ја покорив треската во крвта
Не ги заборавив
И  сите мои пропаѓања во кратките соништа
А таа палната
Додека зборував
Си играше со прамените на мојата коса
Сега и таа беше некако среќна
Не се морничавеше веќе на далечните гласови
Видете
Моите разбудени дамари играа
А таа
Таа
Потскокнуваше прашуваќи ме низ нашата заборавена песна
Не сторуваме грев,нели
Што и Бог го веселиме во овие мигови

Во далечините заплака ноќната птица
Душата на некој покојник и кажал
Дека сега сум подалеку од сите огнови
Недалеку од сето ова
Папсан пес со ококорени очи на гламњи легна
Не се огласи
Само увото на земја го залепи

А вие
Не ќе имате сила да ми ги измерите чекорите
Уште помалку
Да ми ја искините приказната
Знам
Од сето ова
Неколкумина ќе се вангелосаат
И јатото од зелени врани ќе им се кикотат со човечки гласови

Земи
И реков на сенката моја
Земи од нафората што утрово Игуменот ми ја даде
Земи и ти касни од парчето небесно
Ронките
Оставиги за птиците кои евеги црцорат оклоу нас
Пустината ја изодивме
Мракот го видовме
Сега ни ти,ни Јас ќе ги криеме солзите
Нека капат на земјата
За тревата повторно да никне.





петак, 7. октобар 2016.

Воздишката не е искушение





Ако мислите
Дека некоја Жена ќе ве милува со боските по обрзите
Замо затоа што ќе и речете дека сте искушеник во Љубовта
Се лажете
И вие
И оној проклет демон кој е исцибрен од сите сеќавања
Та енего саде дренки зоба,и утробата си ја превртува
Неверувате
Заплачете заедно со ветерот
И заиграјте на дождот
Ќе видите
Ноќната антерија ќе се смкни од вашата кожа
А вечните сенки во дивината ќе го кажат вашето име
За кое не е врзано ни болка,ни спомен
Ни пак некоја трунка Љубов

Оставете
Оставете го
Тоа Благословено и проколнато женско битие
Кое е ослободено од сета набожна покорност
Да господари со судбините на спротивноста
А вие како благодарност запејте им бучлива песна
Која се родила во вашите влажни воздишки

Но разберете
Воздишката не е искушение

Ни пак Боската е нишката која ќе ве врзи со Љубовта.


уторак, 4. октобар 2016.

Наивно му поверував на Ангелот



Започна да шумоли крвта во мене
Со чуден неспокој
Баш кога очите ми ги копаа
И не ми дадоа време,тие,пустињето
Ни небесата да ги измерам
За да не крикнам
Ја затнав муцката со земја
И го прегрнав ладниот камен

А пред три дни
Така наивно
Му поверував на Ангелот
Кој ми кажа
Дека крцкотот на коските ќе го смири
И дека неродените лета веќе ми зреат
Само го прашав,и пак му поверував
Сакам да не завивам болно
Секогаш  кога Љубовта ме пара на половина
Прослови
А јас ги отворив очите
Гледаќи дека меѓу моите соништа нема веќе меѓи
Ја тргна прекривката лита од мене
Покажуваќи со погледот
Од пламенот на свеќата
Ликот му беше вжарено исто како третото сонце
Те одминаа сите бесни љуњи
Сега спремисе нова лозница да садиш пред куќен праг

Ете поверував на миг
И кога дојде туѓинец
Носеќи трули остатоци од минатото
Мирисот на смрта го носеа
Та го испадив
Незнаеќи дека ја предизвикувам судбината
Која шумолот во крвта ми го разбуди.








недеља, 2. октобар 2016.

Не им верувајте на улавите



Една ноќ
Да една многу темна ноќ
Јас
И тројца улави
Да малку повеќе од мене улави
Бамборевме за чумата и чумосаните
За сето ова не се заколнавме
Но сепак небесата им ги оставивме на тие кои веруваа
Ама ете во сета таа улавост видовме
Дека чумата ми ти носела
Библиски матни теченија
Љуњи кои и срцето и деноноќието го параат
Потопи од зелени дождови
И крастави жаби
И  ете уште бамборевме бесмислија
За чумата и чумосаните
Во улавоста и едемската јаболкница ја видовме
Но  Адам и Ева ги немаше таму
Само алата се смееше задоволно
И чинам задоволни кожата ни ја дереше
А ние како пци престарени завивавме
И со голи прсти срцата си ги стиснавме
И си рековме само на себеси
Од јаболкава нема да јадиме
За да не се чумосаме
Е добро де
Ние улавите ќе си бамбориме
А вие јаде пак јаболка
Ама ако чумата ве вркни
Не се жалете кај улавите

Не ќе ви поверуваат


Ѕвер



Кога го разбудив ѕверот во мене
Вие
Се божем исплашивте дека ќе ве раскинам
Но,сега
Кога ве гледам во вашите
Ѕверски очи
Јас сум вистински исплашен
И затоа
Ве молам
Тргнете го крстот што сте го ставиле
Пред вашите смрдливи јами во душите
И кажетеси сами на себеси

Дека сте поголеми ѕверови од мене.


НЕ



Крали Марко е мртов
А и Рацин е мртов
Та можеби затоа детулево
 за кое некои глаголеа не е покрстено
одбрало врвица или врвици овоземски по кои гази
кои неспокојството во крвта му ја креваат
та видетего
со пергаментите збрани
небаре Марко е,е оној де Крал
пустоши меѓу редовите напишани
и чинодејствува против црните божемни поети
свој Бог одбрал,или пронашол
во деветата вселена
каде тронот му бил заграден со триста молњи
знаеше дека стравот на сенките околунего
стравот им е двоен,и им се плоди на полноќ
не се плашеше од Бог за себеси,ниту за другите
се плашеше за утрешнината да не му избега
така сказанијата ќе се сурнеа во бездни
и тогај
крај огнен поток ќе седнеше
и пламен Бог ќе молеше
ај пуст да е пуст животот кучешки
се родив како Чоек,зер како скот да умрам
та на кантарот студен со туч да ми мерат
чемер од врба проклета
каде го фрлав катаден
и тогај Пламен Бог на пламени гради
огнено море ќе му разбрануваше
и ќе го водеше пак меѓу вчерашните облаци
да се надрасни себеси
за да може во утрешните љуњи веди да фрла.
И ќе му шепнеше на уво
Не си крал
А не си ни мртов поет
Само со думите ги калиш слабаците
Зошто не го познаваш зборот НЕ



Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...