уторак, 2. август 2016.

Исповед

Сум се оддавал на блуд, разврат натопен со алкохол и опијати, сум ги гребел ноќите и дните додека крв не потече од нив, сум ја силувал сопствената душа убедувајќи се себеси дека е подобро да изгорам во грев отколку да го барам недостижниот мир во срцето, сум ги губел свеста и совеста до помрачување на умот, сум бегал од вистината јавајќи на лагата, сум го извалкал образот по кој сум создаден за љубов, а не за предавства, ама не сум намразил никого за да му посакам пеколни маки од кои не се излегува. 
Ете, затоа плачам, зашто омразата не ми го киднапирала срцето, не се вообличила во мене како суетен превез врз очите, па умеам да видам колку сум глупав и бескорисен.
Го гледам злото како се распослало врз битисувањето, безидејноста, лицемерството и алчноста го черечат светот, моќта е убедена дека може изгрејсонцето да го направи зајдисонце, го гледам злото, војната што ни ги распнува душите, профитот што ни ги поцрнува очите и целта ги оправдува средствата што ја правдаат омразата кон ближниот свој, и се разделува љубов од почит за да се владее со ум и тело, и се гази во крв до колена за да му се направи на другиот тоа што не сакаме нам да ни се прави. Ете, затоа плачам, зашто сум слаб и недостоен да го прегрнам светот, зашто никогаш не сум мразел, ама не знам како на другите да им го подарам тоа без да се возгордеам. 

Плачам затоа што не го мразам непријателот свој, ама не умеам ниту да го возљубам во срцево. Плачам затоа што сум грешен. Затоа жали ме, прости ми и научи ме Господи!


Нејсе



Писокот на коба,го сокри позади расплетените коси
Се исправи на нозе,несакаќи другите да те видат како измеќар
Но со очите го славеше злодејството
Исто онака
Како што славеше
Кога сите онемуваа пред Ѓаволите на Правдата
А ти
Под сенката на тие ѕверосани луѓе
Слушаше како сите околу тебе повраќаат чемер

Најтешко е да се раскажува за твојот занес
Кога во транс чуден молвеше
Дајтеми да им копам во срцата со ноктите
За да можат по изгревот покорно да ги ведат главите

Зошто ли чекорат сите
Се прашувам
Кога ги гледам  околу тебе како причестени старци
Пред насолзена Црква на Присојот

Нејсе,глаголи гласот на небесата

Ќе минат и овие дни.


Не се бранам,и никогаш нема да се бранам




Падна парче сонце
Топеќи го килибарното небо
Во мигот,кога мислеше дека спијам со спуштени клепки
Додека чадот од темјан ги будеа сеќавањата на песната
За Белите птици со смирени криља
Во својата нечујност се мачев да разберам
Дали доползија тука некаде соништата од младоста
Или Тајната Надеж му Кажала на Бога,за ова
Уште во времето кога го создавал Светот

Којзнае
Не ми дал да безделничам
И да го воскреснувам постојано почетокот на сета младост
Но ајде
Со набожна покорност ќе напишам повторно нешто на земјава
Малку го чуствувам оганот на срамот кој се снови под кожава
Го раѓа подбивно некој улав ѓавол
Но ќе пробам
Вие седнете на земјата
Земете конец да ги закрпите сите пукнатини на животот
јас со најдодената возбуда ќе пишувам додека ме разјадува оганот

Тромавата прегратка,така со години раснеше вр мене
Раснев,благословен зошто пеев песни на непознат јазик
И пиев од светлината,без да се покајам за тоа што другите го зборуваа
И никнував весело во секоја сончева поплава
Нечекаќи да се стемни,за ѕвездите ми заличат на Смрагдни Пајаци
Носен од сето пеење ги носев тајните желби
И паѓав на колена само  кога Бог бараше
За да ми даде нови искушенија.

Не се бранам,и никогаш нема да се бранам
Од сета извалканост што ја растурате вие
Не се бранам,ни пак некогаш ќе се бранам
А вие навистана,сожалетесе повеќе себеси









                         



Се е така едноставно




Додека едноставноста се претвораше во чудна сложеност
Сенките започнаа да ја пијат темнината
Воспоставуваќи некој свој ред во привидното спокојство
На тие кои сомничаво стоеа на страна
Им шепотеа
Вака ќе ја победиме Смрта,без да правиме дамки на месечината
А вие ,нема потреба да докажувате дека сте живи
И дека ви здодеало постојано да зборувате со Невидливи Ангели
Вашата распадност ќе ја составиме
Допираќи ве по рамењата,каде товарот го носите од искушенијата
Еве,во Божемнава белина,има неколку ѕвездени нишки
Во кој се врзани облаци со заспани соништа
Нема мрак,нема сонување,нема будење
И од ова нема да ви пукаат дозреаните очи
Вие сега ослободетесе од сите патила
Ние душата ќе ја распнеме како одрана кожа
И небото нема да падне на нас

Се е така едноставно
Се додека ја голтаме плунката,и плачиме кикотливо во безначајна празнина
А тоа беше вчера,каде остана гневот и јадот
Денес,некаги призрациве,шушкаво нека дишат
И свој зелен поредок нека почитуваат
Ние
Кои знаеме дека има и утре
Нема да ги броиме стапалките на земјата
И нема да ги откриваме семоќните тајни на Судбината
Белким тогај,јамката на смрта ќе ја одбегнеме

Вие не слушајте
Кога и Гавранот кобнички грака на прозорот
Вистинската големина е да не се плашиш од утрешниот ден.




понедељак, 1. август 2016.

Парадокосот на Болката




Тој што несака,останува заробен со смрта
Тоа се зборови на мојат болка која во парадоксот верува
Така зборуваат и тие што сакаат да ме победат
Зборуваќи дека сум губитник
А јас пак несакам да заличам на маченик
Бев понижен...да
Но мојот фанатизам кога го сакав животот,секогаш ме учеше
Почитуваја Смрта,за да можеш животот со очите да го гледаш

Сеедно..ќе кажете вие
Јас ќе воздивнам и ќе кажам...Приказни
Кои ги кажуваме за ете да си ја смириме душата
Или,или да си ги препокријаме гревовите,можеби и туѓите
И потоа на земјен под ќе седниме
Со окото во кандилото ќе погледнеме
И дивата болка од детството ќе ја преобразиме

Нема ништо смисла во сето ова
Испуканото небо повторно чека да станам
Состојбата дека сум бегалец да ја заборавам
Бидеќи никогаш не постоела историјата на грев и пекол
И со прстите болката во слепоочниците да ја смирам
Така ќе се вратам во животот
Додека умира само минатото
За иднината прашајтеги небесата.




Вистината



Вистината,
целата Човекова Вистина е запишана на Небото,
и сите кои се на Небото ја знаат премногу добро,
наше е само да ја прифатиме таква како што е
Вечните Закони за нас се стварнст,
кој ние треба само да ги одживееме
со болка,
со радост,
со тага,
со восхит.
се колнеме сега и за веков,
дека и понатаму ќе останеме во Божјата Светлина
 со сето наше Срце и Душа..

Така нека Биде.


Молитвата на Љубовта


 На сите зелени полиња не одмараше,
Со сите тивки води не миеше,
Сите патеки со нашите имиња ги нарекуваше
И не водеше со најтивката утеха и покрај смрта и покрај животот,
Секогаш гледаше низ нашите гревови како на детски грешки
И ни простуваше
Тераќи се со својата нескротена сила да продолжуваме напред
Сите неизречени и некажани болки ни ги лекуваше
И како награда секогаш ни ја даваше твојата прошка
Затоа дајни снага и сега да истраеме
 И да те сакаме и понатаму
Исто така како што не сакаш ти..
Нека биде така.



Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...