четвртак, 28. јун 2018.

Таму каде што ја нема надежта





Таму каде што ја нема надежта
Таму го нема ни стравот
Ете таму ги нема ни приказните за добра ноќ
Сонувачи
Кутрите се само тажни скитници во празните булевари
Музиката
Свири само за папсаните пци кои времето го џвакаат онака
И вие
не се трудете залудно да го слушнете ехото на чекорите
Зошто излижаната калдрма го изела лакомо одамна
Таму каде што ја нема надежта
Таму го заборавате и сопственото постоење
Чудно
За ова знаеле и старите Пагани
Но тајните нивни земјата ги крие.




уторак, 26. јун 2018.

Ах кутрите ние



 (надреално,но сепак возможно)
Го замразиме бегањето,нели
Но тоа е единственото вистинско во животот
Без сеќавања одиме
И да знаете,за сонцето сме невидливи
Во мракот се смее ме како сенките парталави
Легендите за рајот ги заборивме веќе
Приказните за пеколот никој не ни ги раскажува
Ох ,пропуштив
Јас сум ххх258258
И во ничија земја битисуваме
Не го наследивме дарот на нашите предци
На светлината да и се радуваме
Со Љубовта да живееме
Земјата да ја прегрнуваме
И заедно кога тагата ќе ни се доближи
Со тивок шепот да ја бркаме

Го замразивме бегањето,нели
Но тоа е единственото вистинско во животот
А не бевме свесни за што сме способни
Ах кутрите ние.







Не се плашам од Смрта





Не се плашам од Смрта
И мигот кога таа ќе дојди
Се плашам од Земјава што ја газам
Оти некако знам
Дека ќе ме проколни за молкот мој
Што го распостилам насекаде
Додека таа крика претсмртно
Се плашам
Да не,не се отвори кога ќе треба
Та да ме остави на некоја карпа црна
Каде гавраните ќе чопкаат од трулоста
Каде пциите само ќе завиваат злокобно
Каде што ќе нема ни штурци
Ни мравки во рој

Се плашам,сега
И од Перун и громот негов
Го навредив во часот тој
Кога кажав под дабот стогодишен
Дека не е мој Бог

И Свети Илија
Енего зад планината стара се спрема
Сто Громови да фрли на ова место
Што светоста негова ја извалкав
Токму тогаш
Кога замолчив.

Да,да
Не се плашам од Смрта
И мигот кога таа ќе дојди
Се плашам од Земјава што ја газам
Оти некако знам
Дека ќе ме проколни за молкот мој
Што го распостилам насекаде
Додека таа крика претсмртно







Храмот во Мојата Душа





Утре е Сведен Голем,зарем не
Па посакав да го отворам и Јас
Храмот во Мојата Душа
За
Да ми бидете Гости сите вие
Но
Гавранот на Стариот Даб заграка злокобно
Демонот ги триеше задоволно рацете
Додека Ангелот само гледаше,и загатливо се насмевнуваше

И,за секој случај погледнав
На тремот каде старата болка папсано лежеше
Со една чиста солза ја смирив,оставаќи ја да спокојно да спие
И замолчив ,гледаќи ја улицата по која доаѓавте
Зарем Пелин јадите луѓе мои
Што стапалките ви се така црни,и реа шират насекаде
Зарем ноќите навистина ви се беживотни
Што не и се радувате на месечината
Зарем страста и оганот ве пеплосале
Што јазикот на Љубовта не го разбирате

Утре е Сведен Голем,зарем не
Но сепак мислам
Дека времето сеуште мириса на рана незатворена
Да,таму некаде
Каде нема солзи,каде среќата е среќа
Каде шепотот е шепот
Каде ги нема препреките од судбината
Ете таму
Ќе го отворам храмот во мојата душа.





понедељак, 25. јун 2018.

Само понекогаш





Ние не сме Ангели
Но повеќе наликуваме на Демони
Навистина,не знаеме да пееме како птиците
Но затоа го знаеме јазикот на гавраните
Пишуваме за Љубовта
А потоа како Варвари се убиваме
Се смееме како луди
За да избегаме од мракот во нашата душа
На Бог вистински се сеќаваме
Само кога покојник ќе видиме

Ете,понекогаш
Да понекогаш
Кога ќе застанете во средината на сите вселени
Уморни од се претходно
Ќе посакате само еден миг нероден
Да биде само за вас.



среда, 20. јун 2018.

Вистината денес не е смртоносна





Вистината денес не е смртоносна
Но утре,или  задутре
Верувате ли дека нема да биде така
Ете тогаш
Само слепите ќе бидат среќни
Глувите ќе го знаат патот
Додека насекаде околу вас
Сите ќе ви кажуваат
Бидете следбеник на лагата за да живеете
Во спротивно
Планините ќе бидат мали
Морето ќе биде плитко
А небото далечно
За да се сокриете
од бесот на лилавиот мрак.










субота, 16. јун 2018.

Пциите проплакаа со солзи човечки





Пциите проплакаа со солзи човечки
Сенките соништа изгубени бркаа
Овде онде,по некоја локва крв ќе се јавеше
Тераќи го така мракот да прозбори за изгубените илјада години
Бесмислено е сега и за љубовта да зборуваме
Кога над нас и небесата се празни

Ќе ви речев,ама будалесто е ова
Ајде малку да шепотиме,и морниците да ги разбудиме
Барем така ќе и кажеме на земјата дека се уште сме со неа
И ве молам,не го гужвајте залудно срцето
Утре ќе има магла,не ќе можете да го најдите во градите
Подобро е само да ѕирните во себе некаде длабоко
За да видите колку е папсана душата

Задутре да знаете,ќе копаме ровови
Не да ги гледаме занесено ѕвездите
или времето да не пронајде конечно
Ами болката која ќе чекори кон нас да ја сопреме
Ќе биде во разни облици
Ќе зборува на многу јазици

Ех колку ќе посакуваме четири ѕидови,па макар мувлосани
И пет минути музика
Песна испеана со засипнат глас
И чаша вино,пола за грлото суво,пола за Благослов
Ама пропаднаа сите светови
Сонцето не грее тука веќе
И минутите полека се губат
Останува само сеќавањето на мирисот од праските.





Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...