понедељак, 28. мај 2018.

Не молчи Оче




Дојдов по совет,Оче
како да го најдам патот до вечното покајание
..еве …
нема да глаголам пламено  веќе
зошто сум откорнат од земја,со дрвен крст на грбот
ги цедам последните стутканости на душата
и напати така сам се разлевам околу мојата сенка
помнам кога ртеше и злото и проклетијата и во мене
и околу мене
немоќно вртев грб на сето тоа со строг пост
но секогаш на крајот
 ме чекаше виното на Јудејците во позеленет грал
….скрбев и за тоа
одот ми ти бил од пусто во празно
..да продолжам ли Оче…
не молчи Оче…
ќе расцветаат ли конечно пупките на Дрвото на Животот
или и понатаму скрамата на киселото вино на усните ќе се коти
не молчи Оче
имам и јас уште свои вистини
поучиме,и Воскресни ми ги поколенијата



недеља, 27. мај 2018.

Скрцкајте и сега со вашите кучешки катници





Ако искинатите сеќавања на животот не ве научија ништо
Ако самоодрекувањето беше бесцелно
Ако ви се здосади од курви и вино
Ако шупливоста на душата не ја наполнивте со вистински зборови
Ако сте веќе папсани од омразата и кон сопствената кожа
Ако со кучешка њушка го бацувавте крстот
Тогаш
Е веќе дојдено вистинското време
Таванот на ноќта да се урни врз вас
И малку пеколно да се спржалите
И да заборавите на Огледалото
Затвораќи ги очите и пред Боските на Самовилите
Не плашете се
Во очите на другите тогај ќе бидете суртуци големи
И само дватројца ќе видите окоу себе,како тебе
Кои одат бавно но сигурно кон ѕвездите

Нејсе,Баба Цвета од сето ова ќе списка до небеса
Како црна кукавица ќе прокука
Гледаќи ви ја ѕвездената плетенка околу главата
И над челото ќе ви забаботи со нејасни прашања

Ве жугнав до срцето,нели мали непрокопсани сенки
Кои на три талири во џебот се радувате сега
Ама ниеден не чувате за скеларот
Од невиноста на Земјата се плашите
И вретено на времето не го држите во рака
Пред Смрта клечите и со молитви ја бркате..Бегај Сотоно
Скрцкајте и сега со вашите кучешки катници
Килави се вашите намери пред неминовноста.

Еве на небово се разлева веќе сребрена нејака мугра
Имате дикат време,маглата да ја оставите позади себеси
пред туѓата војничка чизма ве стори лепешка.








петак, 25. мај 2018.

Време е за одмор




Се прегрнаа годините мои,и рекоа
..време е за одмор…
поклонисе сега пред длабочините на твојата душа
и почуствуваја твојата мисла некажана…
и ќе ги слушнеш тогаш чекорите неизодени..
знаете…
ќе се насмевнам…
зошто знам дека е тоа мигот што го исчекував…
ќе чукнам за секој случај на дрвото..
злото да не слушне..
чекаќи полноќ сказалките да се преклопат
а јас да се предадам на Бесконечноста



Ејгиди,ејгиди




Додека во ова будалесто крцкаво време
Се расчленуваме себеси во свои мудрости
Негледаќи како пред нас умираат исконските залези
Кои печатот на неродените дни го носат

Ејгиди,ејгиди,колку ли сме обземени од стари пергаменти
Со густ ракопис,каде само за болка пишува
Која продира до свеста,тераќи ве да остарите предвреме
Без да воздивнивните,додека сенките во главата танцуваат.

И нема да прашам,зошто повеќе верувате во Огледалото
Помалку во соништата
Та ионака се е нереално наоколу,кога живее омразата
А умира Љубовта.

Не се ова анемични зборови
Ќе ги разберете тогаш кога оганот во вашата крв ќе ве изгори
А ноќта ќе ви стане тешка
И ќе копнеете тогаш по далечна смеа на некоја жена.






понедељак, 21. мај 2018.

Се е поинаку




Додека Амброзијата на Љубовта течеше
Белите коњи го започнаа танцот под виножитото
Среќата,беше започна златната купола да ја извишува
И сончевите лачи осамата ја спобудалија со тоа
Од сето ова
Скрбот остана залепен само кај малоумните
Започнав во сето возвишување
Челото да си го мијам со солзи
И со пламена песна
Го уривав лажниот Бог во срцето.

Сега знаев сигурно
Оковот на празнината небеше наоколу
Ни пак тие сладострасни безредија кои мигот го крадеа

Не ми замерувајте
Што синиве очи со болскот ми се полни
И што златникава пајажина ме прекрила
И што ноќта сега со меки нежни усни ме љуби
Знае
Дека не би ја скрнавел нејзината невиност
што небесите и ја дадоа

вие
немора Љубовта да ми ја возвратите
доволно е само на земјата гревовите да и ги оставите
нека ги цица лакомо

Сето ова не е сказание
отворетеги очите
и допретеги ѕвездите
нека и на вашите дланки капки Амброзија потече
и небидете веќе тешки
со утроба каде е наталожена горчината

и пак велмам
повеќе личи сето ова
како мелем за човечката тага
нелипајте
и не купувајте од Јудејските трговци златни нишки
така оковите не ќе ви пукнат

се е поинаку
кога амброзија ќе се напиете

се е поинаку.












недеља, 20. мај 2018.

Плачи Земјо




Ја допрев со лицето земјата
а таа роморот кој беснееше наоколу го смири...
и реков..
ајде да плачеме заедно..
Јас
јас ќе плачам за сите мртви неродени денови
а ти..
ти плачи за сите безимени гробови..
и кога солзите ќе ги потрошиме
повторно заедно ќе ја кажеме Молитвата за дождовите..
за да лијат потоа...
силно
толку силно што јама таинствена се отвори од лиежот..
белким тогај земјо
гревовите од месото да ги одвојам и во јамата ги нурнам....
плачи земјо
плачи зошто ако не плачеме ќе пламнат Небесата
и обајцата пепел и прав ќе не сторат.


Бидете отпорни на стравот




Ако ноќта ве попречи да создадете своја храбра епопеја
Тогаш во утрото рикнете победнички пред светлината
И поделетеја на половина
Од сето тоа кожата на мракот ќе биде ранета
А вие сепак ќе бидете уште рано,познат лик во денот.

Од стреата не се плашете кога ќе застанете
Туку низ ноздрите нека ви се спроври тогај човечки здив
Напнетесе,и воздишката откинете ја
Така ќе кажете дека не сте грутка земјата врз земјата
Нема да видите,но црните Ангели ќе бидат тажни од ова.

И бидете отпорни на стравот,додека суво прашувате
Ќе им биде ли тешка дланката на усните,кога ќе им ја ставам на сенките
Кои споулавено како гнасни пци,до вчера ми паѓаа на градите
Бараќи да им бида пленик во нивното празно време.

Утре,ќе заборават на сите ваши денешни подвизи
Додека светлина ќе им се коти на сите
Но вашите шупливи коски ќе го запамета сето ова
И потик ќе им даваат на сите кои ќе липаат молитви.




Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...