недеља, 4. децембар 2016.

Ехото на Времето.



Од едната страна клопчето со тага се отплеткуваше
Од другата страна сонот се оплодуваше
И сето тоа во крвта се таложеше
А ветерот измислуваше триста и едно чудо

Но не се предаваше
Одеќи десно по стрмнината
Со лице кое потсетуваше на детски цртеж
Нацртано во прозирните облачиња
Којзнае кога.

Ама нејсе
Птицата копнжлива со едно око седеше на десното рамо
Едно око,солзиво око
На левото рамо,проклетијата
Која не се плашеше ни од светлината,ниту од мракот

И не рече ништо
Траеќи во суровоста на денот
Таеќи се во тестото на мракот
Чекаќи недооформеното зло да се јави
Токму сега кога разјадената месечина имаше пола глава.

Наоколу празните далечини се наведнуваа
Читаќи во историјата на човештвото
За никвецот,кој донкихотски го мерел својот грев
Ненаучен на покорност
Пуштаќи ги своите зборови низ ехото на времето.



субота, 3. децембар 2016.

Негледај на ова Победнички



несакаќи
во бескрајниот сон те видов
како ги собираш дните
во цветот овенат
со тој оштар нож
кој и времето го параше ти
зарем сега
сакаш така пепелта да ја воскреснеш
која ни ветриштата несакаат да ја кренат
погледни таму
каде е скаменета секоја патека
во тие празни далечини
нечие утро плашливо гледа
погледни
и солзиво измериго тој пат
низ стиснати клепки
цедеќи го така уморот од очите
потоа
само продолжи
како магла
како горчлива болка
како поделена судбина
без чуство за сето студенило
да се будиш
кинеќи го така платното на младоста
и не гледај на сето ова победнички

зошто сеуште не си ја изминала својата голгота.


петак, 2. децембар 2016.

Пурпурен Хамлет



Беше скитник со испиени очи
Но сепак,литите алишта му беа претесни
За срцето кое колкотеше постојано
За него пишуваа постојано
Уличните биографи,кои во пауза со вино жедта ја гаснеа
А кога пишуваа
Медот од соништата го собираа
Страни,страни изнапишаа
За позлатениот бодеж со кој ја параше постојано пурпурноста
Тие пишуваа
А тој се извишуваше Величенствено
И со секое извишување,имаше ново име
Небеше горделив,и за тоа сите му се смееа
А кога не се смееа подмолно ѕиркаа во неговите мигови

Тој патеше при тоа
Сокриен позади ѕидините на Манастирот
И шушкаше во ќошињата
А кога газеше по калдрмата,игра беше тоа со невидливи пеперутки
Ех,неговиот номадски неспокој го водеше

Еднаш
Една стара блудница,додека лазеше кон разумот свој
Плескаше со дланките силно и песна пееше
За него,чуден рефрен од некоја стара шансона

Само дивите петли ја знаат тајната негова
И затоа треперат од возбуда,кога пеат
Кога молчат,ја чешлаат неговата среќа
Предеќи ја така неговата замрсена љубовна историја.

Еве повторно.на булеварот расне вревата
Усните на биографите бавно се одлепуваат
Пишуваќи со мастилото,црн шепот
Но ова е почеток
На нивните зборови,кои ќе бидат апежи пред полноќ
За скитникот,роден во пурпурот,налик на Хамлет
Кој нема на раката венчаленх прстен.






среда, 30. новембар 2016.

Јас немам право да плачам



Ми остана само вриежот во крвта
Од кој можеби само Ангелите ќе се стоплат
Ама ,ете
Јас немам право да плачам
Зошто?
Телото е на земјата
Душата е на Бог
А солзите
Чии се
На Очите ли ?
Кој е таму за да си сринат
А и да се сринат
Камен на камен ли ќе паѓа
Или вода во вода
Ги гледам
Плачат Галебите на брегот
Препокриени со антеријата на Месечината
Малку им завидувам
За липтежот
Сакав уште нешто да кажам
Но вкочанети се,премалени се усните
Сеедно

Јас немам право да плачам


уторак, 29. новембар 2016.

Етеме



И сонив во таа ноќ
Црни коњи врзани со железни дизенгии
На црвенејца беше тоа
А мракот не ми одговареше
Додека неспориливите порои рикаа
И сонив во таа ноќ,како
Чекав
Нескаќи новиот сон кој се јави да ме одмине
Чекав,деновите да се слеат еден во друг
И да изгнијат во синилото
Чекав
Разбранетите ридишта да го соберат својот страв
Чекав
Слушаќи го кучешкото збивтање на големата смрт
Чекав
Лакомоста со своите разјадени заби да ги сотре сите
Кои дните само ги купуваа
Чекав
За да не речат пак,дека имам пакосни усни
Заклучуваќи ги во себе сите сни кои беа,
Завиткани во ларвата на душата

Етеме
Се смејам,нели како виновник без вина
Над танки прозирни води,и
Кој е накриво насаден во родот свој
И кој
Под избразденото чело му растата триста чудни димензии

Етеме
Скаменет
Со триста осамени апостоли си повторувам
Во нејасна празнина,и
Ви раскажувам весели сонети грмежи
Кои ги наслушнале моите дамари

Зрел сум однатре
За да ми отчукува смеата и да не ми ‘рти веќе пелинот
 Со врел здив
На оваа земја,и под ова небо
Со секој час и повторно,и повторно
Влегувам во животот
Преку очите кои излегуваат од Сон

Сега
Не ми го споменувајте името
Зошто мојата казна која се истегна до облаците
Ми легна само миг во грлото
Тераќи ме
Да раскажам за што сонив.



понедељак, 21. новембар 2016.

Реквиум



Започнува мојот Реквиум
Додека се цеди недосонуваниот живот
Вие климнете со глава
Небаре разбравте
И така комедијата или трагедијата ќе заврши

Безобличното сеќавање,евего во зениците се гаси
Низ мене минува писок потанок од свилена нишка
Се расплинувам Јас,а не тишината
Од срт на срт на планините
Миреќи ги така сега веќе папсаните суводолици
Ако  сум глув за татнежите и шепотите
Легнувам,оставаќи само утробата да се клешти
Само свеста.без чуство за сопствената тежина
Се снови со брзина на блесок низ виугите
Би претпоставиле,дека ова е некое ново бегство
Во некое поинакво и недогледно време
Не завивајте залудно со лити молитво
Од кои и небото се морничави
Безгрешноста не е во ревењето,оф тој ваш притаен страв е нели
Молкнете,за молкнам како ладен камен на јалова земја
За сетне
Да пиштат луњи од далечни и заборавени земји

Се прекстувам бавно,
додека на рамото слетува бела гулабица
Која беше облак во облаците
Вие залепетего увото на земјата
За да се згуснат вашите ретки мисли
Оти вчера нивното шушкање кај блудниците беше смешно

Ете,откинав за вас темно парче од Месечината
Кое ќе ве натера да се кикотите на сето ова
И така ќе се тешите,дека гревот не е во вас налепен
За мене не се грижете
Требаше претпазливо да сонувам
Сништа со човечки души,а не со сенки лилави.






недеља, 20. новембар 2016.

Јас и Семоќниот




Јас и Семоќниот запловивме
Во вечно вечните простори
Каде свеста само постоеше
А сето збрано Човечко ѓубре
Го расфрла насекаде
Како последен чин
И ја подаде смртноста на земјата да се слади похотно
И да воздивнува со сенките лигави
Така
Се спасив од целата трагедија
Којзнае,можеби сето опстојување беше само еден апсурд
Во кој почетокот беше крај
Не бев пијан од успехот
Но одникаде се појави Јаболкото во рака женска
Од кое се цедеше вкусот на Животот
Кој полека паѓаше во гралот на судбината
Сега беше видлива,и чудно насмеана
Не сум лукав Демон
Ни пак Ангел милостив
Најмалку некоја твоја апстракна мисла
Зборуваше
А гласот доаѓаше прво од мрачните бездни
Потоа од светлината сеприсутна
Наликуваше на течение од музите
Кои секогаш кај мене го палеа пламенот на инспирацијата
Ти нудам
Сега кога излезе од длабочините на битисувањето
Ти нудам,поторно со едно трепнување на очите
Да се родиш повторно
Со натприродно спокојство да зачекориш
Во играта постојано која се игра
Помеѓу Животот и Смрта
А Светската Тага на Човештвото
Оставија на наивните нека ја фрлаат далеку
Во дупнатиот космос
Рамнодушно ја погледнав
И заминав
Оставаќи самата да одлучи што ќе прави
Со сите мемоари кои останаа расфрлани по земјата
Заминав,носен од мислата која сета светлина ја носеше во себе.





Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...