петак, 4. новембар 2016.

Ленена Кошула



Бос
Гол,само со бела ленена кошула на себе
Што смртниците ми ја наметнаа кога тргнав
И
Евеме веќе дојдов
Љубов
Пред тебе
Да научам која си
Прости,но
Јас повторно незнам ништо за тебе
А ти знаеш се за мене
Само пртпоставувам
Но дека си ти
Ме уверува мирисот на свежо утро
Кога се будев со капките твои кои капеа на моето чело
И дишев,и се смеев
Чекореќи кон тебе секогаш кога месечината ме бодреше
Навистина
Небеше моја секојдневна навика
Беше мојот вечен печат во душата
Но сега си само една енигма
Завиткана во тишина
Помогними
И јас да се завиткам во слична тишина
Која е некаде во некој дел
Од небото
Каде стојам пред тебе
Бос
И гол,само со ленена кошула на себе.




четвртак, 3. новембар 2016.

Жалам-Нежалам




Полека
Моето време одминува
За вашето незнам
Но
Во сета оваа збрка на мигови
Сепак си кажувам сам на себси
Жалам
Што никогаш не го допрев дното
На морето
Кое секогаш ме заплискуваше со топли бранови
Нежалам
За сите солзи што ги пролев во пеколот
Некако огновите беа подносливи со тоа
Жалам
За модринките што ги добив
Кога клечев пред портите на Рајот
А немав храброст да зачекорам во него
Нежалам
За ноќите
Кога со демоните пиев кислево вино
Ги учев така полесно лажните пријатели
Жалам
што понекогаш не чекорев со Ангелот
но патиштата трливи по кој тој газеше ме плашеа
нежалам
и сега
што го арчам ова време
но жалам
што позади мене има уште многу реки со мастило
кои и ним времето ќе ги одмине



уторак, 1. новембар 2016.

Треперот на Ѕвездта над мене ќе знае





Очите ми останаа суви
Додека го гледав Чудотворецот
Кој небеше од мајка роден
Туку од јајце се испилил
Како со последната мисла за себе
Од далечините зборува

На педа одвоен од земјата

Луѓе
Напишан е законот на иднината
Без скрб,со невидливо ѕвоно во себе
До половина видлив
Со пламени обрачи околусебе
На кој се котат сите почести на Љубовта
Кои се со совршени редови меѓу себе
На среде
Пехарот
Осветлува се околусебе
И го напојува нежниот цвет на младоста
Од половина надолу
Е сето сладострастие
Каде се бара засолниште од сите зла
Во кое врие жива смола
И  желанието на очите станува стварност

Тешко ми е
Сето ова ќе го ставам на пергамент
Во земјата ќе го закопам
Нека таа го разбере
И кога Библиски посници ќе дојдат
Како сознание им го даде
Тие ќе знаат што да прават со него.

Замене
Не се грижете
Отпадниците од крст
Ќе ме жртвуваат на Јудеци,и многубожци
За тие да речат
Ние сме Чудотворците
Но треперот на ѕвездта над мене ќе знае
Дека не е така







                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                          

понедељак, 31. октобар 2016.

Оставете ме





Ме прашаа ѕвездите
Зошто уште ми е крвава душата
А јас само им покажав
Кон местото каде се мешаа желбите и соништата
И не им кажав
Дека овој ден е само двојник на некој изминат
Ако можете
Со погледот ги замолив
Сите треперливи кругови да ги смирите
Тогаш можеби ќе испарат сите ноќни воздишки

Оставетеме
Заревив
Нескам повеќе вселената на грбот да ми тежи
Празен сум
Нецедетеми повеќе мелем за мојата тага
Отруена ми е крвта
Само небесните сестри можат да ме смират

Оставетеме
Беше една љубов
Остана една болка
Оставетеме
Барем крај хумката нејзина солзата што ја чував
Да ја сринам
И така
Сите глобочини од минатото ги затворам






недеља, 30. октобар 2016.

Ноќта кога започна се.



Мислев дека и оваа ноќ ќе биде како и сите други,но кога заврши видов дека е различна,да многу различна од сите досегашни изминати...а се започна некако наивно,повеќе детски,со неповрзани прашања,кои некако во почетокот немаа никаква смисла..

Стоев држеќи ги во раката останатите свеќи,и гледаќи го пламенот на веќе запалените,неразмислував за ништо,ни пак кажувавав некаква молитва,само стоев и го гледав пламенот на свеќите..навистина,недојдов да стојам бесцелно,но тоа што имав да му го кажам на Бог,го кажав пред олтарот,и излегов надвор...потоа клекнав,палеќиги останатите свеќи на долниот дел од свеќникот...
-повеќе им посветуваш внимание на мртвите отколку на живите....некако тивко позади мене зборуваше гласот,се завртив да видам кој е...беше,во првиот миг и неможев во целост да ја видам,зошто сенката од дрвјата го прекриваа добар дел од ликот,но,оној дел кој остана непрекриен одаваше лик на убава и негувана жена,жена кја сепак под сета таа шминка криеше болка..
-а што да правам,во мојот живот,повеќе испратив мртовци,отколку што дочекав живи луѓе,па сега барем вака д аим се заблагодарам,со неколку пламеничиња да им го осветлам патот по кој сега одат,исто онака како што тие ме воде по нивните паришта...

-за живите запаливте сам три,а за мртвите еден цел сноп...интересно

Се исправив и застанав спроти неа.сега можеш да ја видам во целост..убавина која сум ја гледал само на насловни страни од монденските списаниа,сега стоеше пред мене,стоеше гледаќи ме право во очите,и јас ја погледнав,да ја погледнав во нејзините празни далечини,кои зјаеа пред мене,моето синило повторно го доби оној сјај,оној небесен сјај што секогаш блескаше пред убавините....

Го тргнав за миг мојот поглед,а таа брзи ги допре моите образи,вртеги го мојот поглед повоторно кон неа..

-не,ве молам не ги тргајте тие синила од пред мене,не се срамете,синилото што го носите вие,е најубавиот одмор за душата.....

Колку интересно,пред само неколку мигови разговаравме за мртвите,а сега ми зборува за моите небесни очи...

-ако продолжиме вака да стоиме,повеќе од сигурно ќе не избрка клисарот..

Се насмевна

-да во право сте...каде би можеле да одиме..

-јас би ве однел во моето детство,во најубавите полани исполнети со црвени билки..но простете повеќе го немам,бидеќи и тоа ми го украдоа,и го затворија во некои темни зандани...

Започна да се смее,и да плачи,се мешаа насмевките со нејзините солзи..а јас помислив,колкав малер сум,таа плаче,а јас немам со себе ни марамче да ги избришам нејзините солзи,затоа со моите дланки пробав да ги сопрам,но таа со своите движења ми кажа да не го правам тоа..

-оставете,оставете,нека течат,заборавив навистина и кога вистински плачев...

-тогаш ајде веќе да заминеме од тука,еве ќе одиме на едно тивко но пријатно место во старата скопска чаршија,таму можете и да се смеете и да плачете,нема да ви наплата за тоа..

Ги избриша солзите,и со смирен тон продолжи да зборува..

-разговараме а незнаеме кој сме ...еве Јас сум ...ги ставив моите прсти на нејзината усни..

-замолчете,подобро е да бидеме сеуште странци,кога не знаеме кој сме,поискрени сме..кога ќе се запознаеме,можеби ќе се повредиме меѓу себе,колку намерно толку ненамерно...

-Во право сте....да одиме...

Заминавме со спори чекори,молчеќи кон старата скопска чаршија...









петак, 28. октобар 2016.

Мене ми е сеедно.




Би го започнал воведението во проклетството
За да знаете како е да се вртите
Во бесконечната арена на времето
Но шестата,бесна и дива љуња од мојот живот ме предупреди
Дека не ќе можам тогаш глатко да се спровирам
Помеѓу изгревот и заодот

Би рекле многумина
Дека сеуште сум улав од болка
Но сепак,погледнете со окото на душата
Небесните двери се отворија
Сеедно,не ме разбирате
Куполите на кој седеше среќата,веќе рѓа ги прекрива
Амброзијата на љубовта секна
Измамници,повеќето малумници се
Осамата ќе ви ја подарат

Не ме оплакувајте
Љубовта ме ослободи
Оковот на празнината го нема
Занесот по идол го преживеав
Ми остана
Уште оганот на Прометеј да ви го дадам
За кога ќе се накоти неизвесноста
Душичката си ја стоплите

Завива студен ветер на аголот од улицава
Морам
Простете
Наметката од пркос да ја наметнам
А вие
Кога навистина
Ќе ја пронајдете границата помеѓу вашиот и туѓиот живот
Ќе ми возратите со љубов
Може и во проклетијата да е тоа
Мене ми е сеедно.





среда, 26. октобар 2016.

Летот на Пеперутките



Додека на каменот црн се сончаше гола самовила
Остарена,со лита кожа на себе,радиреда два три заба во шуплината
Со изгниена мудрост од минатиот живот
Која боските папукот и го покриваа  
Раширени ноздри,небаре јами црни беа
Без врелина во себе,пробуваше да пробуди нејасна радост
Не ја погледна повеќе
Ја одминав со скаменета солза
Кажуваќи си себеси за да ме разбере таа.

Твојата ноќна сенка не ме дои повеќе во заодот
И твоите раце веќе скрбот околу очите не ми го редат
Недоверието ветерот го одвеа
И затоа
Не ги спрегнувај маглите да ме збрлавиш по твоето
Скапано месо кое ни гавраните сега не би го чопнале.

Маж сум,признавам
Кожата на дивината ми беше наметната ката ден
И катаден курви лубев страсно
Во осојници ,твоите сестри самовили ме возбудуваа
Бедрата бели,танки свилени на мене ги трилкаа
А на крај во лочка од иловицата ликот си го огледував.

Аште ли да ти глаголам
Еве

Усфитеноста на слободниот миг ме подзема
Клепките ми отежнуваат
Топлите снегулки ме милуваат
Од сето ова ‘рѓата на темните вериги пука
А Светлината сеприсутна,без волчји виеш во себе довикува
Парчето сонце што го оставив,нека се окоти сега во зеницата
Прекрстисе,и не подивувај повеќе.

 Сега знаете каков е мигот
Кога Ангелите летаат како пеперутки
И ви дозволуваат да играте со нив
Согласете се,и вие ќе дознаете
Како небесата и шепотат на вашата душа
Медоносни мисли со кои ќе го длабите времето неродено






Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...