среда, 10. јануар 2018.

Солзите на Агелот(седми дел)

Измина и првиот месец,и со изминување за Владимир веќе онај сјај што го имаше Париз,сега бледееше..навистина,топлата покривка што паѓаше насекаде низ улиците,веќе го немаше вкусот на авантура..единствено што сега имаше некаква убавина во неговите денови беше бесцелноста..Имаше,Стан,Имаше Пари,Имаше во своите раце Сон кој многумина го посакуваа,но овде Владимир ги немаше Другарите,ги немаше сите игри кои ги научи,сега во неговите 18 години кога остана Сам,ја немаше и смислата на неговото постоење..
Гласот за доаѓањето на Владимир во Париз за кратко време се рашири.Македонската Емиграција веќе знаеше дека синот на Сотир е тука..тој самиот неколкупати одите во неколку клубови каде се собираа Македонците,но освен ладни погледи не виде ништо друго..последниот пат кога отиде,само што го пречекори прагот на кафаната,настана молк,сите погледи беа вперени во него..навистина тука доаѓаше и Макеоднската Интелегенција..и токму затоа сакаше бараем да поразговара со еден стар пријател на неговиот Татко,но молкот му кажа дека нетреба да се задржува тука многу..почуствува како срцето му чука побрзо отколку што одеа секундите на часовникот..излезе и се упати во полусцветлената улица која водеше до Булеварот..кога одмина добар дел,се заврти,бидеќи не го напушташе она инстиктивни чуство дека некоја сенка се влечи по него..и беше во право,како што беа брзи неговите чекори,така и сенката брзаше позади него..се до мигот кога сенката проговори..тс.подвикна за да го слушни Владимир...
-не се плаши момче,застани и ислушајме...за твое добро..
Тогаш Владимир одлчучи да застане,па што сака нека биде..си помисли во себе..
Човекот со доста Корпилетна Снага за стана спроти него..имаше свои 70 години,но неговиот лик беше целиот избразден со длабоки животни бразди,кои животот ги орал најмногу на челото,очите,ако можеше да се наречат дупките кои зјаеја на ликот за очи,кога излезе на Булеварот,светаа,исто како и сијалиците..ја виде тогаш најблиската клупа во малиот парк и со раката му покажа таму да седнат.
Не му се престави кој е,но сепак започна да зборува со својот продорен и длабок глас.
-Владимир...на споменување од неговото име момчето се сепна..не се грижи,знаеме кој си уште од третиот ден откако дојде овде..Јас сум Роднина на твојот Татко..по потекло сум од Галичник..но сепак ќе ти дадам еден родителски совет,ако ме послушаш нема да имаш никакви проблеми тука..но ако мислиш да се однесуваш исто како и долу..ќе имаш големи проблеми..
Веќе му стануваше Јасно,не само сега,туку и од неколкуте претходни средби на Владимир дека Старецот е во право,и затоа молчеше..
-овде Твојот Татко не е многу омилена личност,зошто неговите злодела многумина тука на сопствен грб ги почуствувале..но воедно,многу,многу не само пред Македонците,туку и пред другите Балканци,не го споменувај името на Таткоти..подобро ќе биде да не одбегнуваш,за твое добро,и твоја сигурност....но сепак бидеќи сме на некој начин роднини,евети го телефонскиот број..барајме само после 22 часот..и барајме само за нешто што е невозможно за тебе..во никој друг случај..и никогаш не му споменувај на твојот татко дека си се видел со мене...
-но вие кој сте,ако може да знам
-кога ќе дојди времето ќе дознаеш...го кажа ова ,во рацете му го остави ливчето со телефонскиот број и замина..брзо вовлекуваќи се во темнината која беше пред него.
Не му преостануваше ништо,освен сега тука да создава нови пријателства..па за д аја разбија сета таа монотонија,во вечерните часови стана редовен гостин по баровите и борделите...и повторно во Борделите кај проститутките го покажуваше својот опак карактер,но сепак бидеќи беше во странска држава.внимаваше да не оди до крајност..но ете токму тука на своја кожа ја почустува и опакоста на ноќниот живот...по една жестока расправија во еден Бар со група на Млади Мароканци,го извлече подебелиот крај..беше претепан од нив,и заврши во Болница со искршени три ребра..сега веќе во болница мораше да каже кој е чин син...така да неговиот Татко за само 4 часа откако го примија,преку Француската Амабасада беше известен дека неговиот син е тешко повреден во Тепачка..Сотир,го повика својот секретар,и му даде прецизни упатства...да оди во париз и да види каква е состојбата на неговиот Син,нека ги покрие трошоците за лекување и нека види кој е виновен..
Вториот ден од Амбасадата дојдоа двајца службеници кои незаинтересирано направија белешка и си заминаа..на излегување,го слушна едниот ,помладиот како на постариот му кажува со потсмев..малку му било ова тепање,требало плескавица да го направат..ја заврти главата тогаш на перницата и полека но јасно му стануваше дека навистина неговиот Татко го мразат насекаде..
Имаше премногу гордост во него,за да се јави дома и да им каже..но и тоа што остана во Болница десет дена ,и никој да не се јави од дома го погоди..веќе му стануваше јасно дека се во неговиот живот и досега било само лага,и дека отсега па натаму лагата ќе биде дел од неговиот живот.



понедељак, 8. јануар 2018.

Солзите на Ангелот(шести дел)

Милоста Божја и понатаму доаѓаше према земјата и рамномерно се распоредуваше насекаде во секое земјино катче,напати леташе да стигне што побрзо,напати одеше полека,кон тие кои беа немоќни да ја допрат,па така и над Градот во кој Владимир живееше се чуствуваше таа сила,но беше претешко да ги пробиа неговите високи ѕидови кој тој ги имаше кренато околу неговото срце,преголема енигма беше и за неговата мајка,од кого ја наследил таа негова суровост,дали од неговиот Дедо,или Неговиот Татко,честопати кога ќе го гледаше во налетот на неговата лутина,како се изобличува неговиот лик,и самата се плашеше ,посебно од неговиот поглед,кој имаше премногу ѕверско,животинско..навистина,неговиот Татко неможеше да се пофали со некоја голема Човечност,но ете Владимир уште од мали нозе го надминуваше и него..Дрскоста и Ароганцијата беа негово секојдневно однесување..се симна во дневната пространа соба каде седеше неговиот Татко.не му кажа ни добро утро,туку застана спороти него и со презир го гледаше,овој поглед ,ладен поглед започна да шета по телото на Сотир,кој честопати се морничавеше,и морници го полазуваа,но секогаш гледаше да биди победник во тие борби што двајцата ги водеа.
-си ме барал..со премногу студенило во гласот му се обрати Владимир
-да те барав..седни да разговараме како Татко и Син..на ова Татко и Син,Владимир се насмевна громогласно
-Син,за кој Син зборуваш..за мене..па јас сум само еден предмет како и сите други предмети во оваа куќа,предмет кој ти мислиш дека си го купил на пазар,и имаш право да го поседуваш кога ќе посакаш.....ајде кажи што ќе кажеш и не филозофирај многу..
Го погледна оштро Сотир својот син,но немаше никаква реакција од тоа...
-гледајме колку сакаш со тој твој поглед,но не сум Јас од оние безвредни суштества кој секојдневни го ведат грбот пред тебе и ти се плашат..
-добро како сакаш...види Синко...
-премини на главното,не си на седница да држиш пламени говори..
-бидеќи ти заврши школската година,идната недела патуваш во Париз,ти купив стан,така да постојано ќе живееш таму,и следната година ќе го завршиш образованието во Училиште кое го најдовме,а каде ќе одиш на Факултет,самиот ти ќе одлучиш..ти отворив сметка во Банка,и редовно ќе ја добиваш сумата која е итекако пристојна...
Интересно,ретки беа моментите на радост што можеше да се види кај Владимир,но сега на неговиот лик се разлеа една голема и широка насмевка..но таа насмевка траеше кратко,бидеќи неговиот татко ја симна брзо..
-Внимавај добро,мојата рака не е долга колку што ти мислиш,посебно во Странство..таму повеќе сум немоќен,отколку што сум моќен..така да,ако направиш било какво срање,многу тешко,или невозможно ќе биде да го исчистам..значи Владимире...кога го изговори неговото име,стана и застана спроти него..гледаќи го сега тој во очите со скриена насмевка на краевите од усните..сега ќе бидеш навистина меѓу вистински волци,кој ќе бидат  спремни и за чашка алхохол да ти истурат мозокот на асфалтот..јасно ли ти е Синко..и тоа Синко го кажа со толкав Цинизам...што Владимир ја подголтна слинката која му стоеше во грлото..
-сакаш да кажиш дека на галантен начин се отарасуваш од мене..ааа
-види вака Млад Човеку...му се даде влице дирекно..е олкави заби ми пораснаа..покажуваќи го кажипрстот,е олкави заби ми пораснаа,додека не го исчистив твоето јунаштво со девојката..а,ако ти е проблем тогаш,не ми е тешко да се јавам кај началникот,и уште сега може да те соберат...а сега губимисе од пред очи,и започни да се спремаш..
Бесен како Рис,Владимир замина од дневната,и на самиот излез прво се заврти кон неговиот Татко,а потоа ја зеде скапоцената Вазна,за која знаеше дека му е омилен предмет,и со силен тресок ја искрши пред неговите очи...мислеше дека ќе се изнервира,но Сотир само незаинтересирано го гледаше..бидеќи само тој знаеше дека е безвредна вазна која му ја дадоа пред многу години некои небитни кинези,сакаќи така да го фасцинираат,но сепак му се допаѓаше шареноликоста на таа вазна..и затоа ја сакаше..Владимир од собата замина нервозен.но за кратко во дневната соба влезе неговата мајка,која пак прво одеше со доста оштар тон,но за кратко време го менуваше..
-Сотире,Сотире завртисе према мене,и кажими како си смеел нашиот син да го испратиш во странство,и да го препуштиш самиот на себе....а...кажими зошто не ме праша мене..нели сум јас мајка,и треба да знам за ова...викаше на висок тон..но Сотир мирно стоеше пред големиот прозорец,гледаќи го како на дланка градот...кога му се смачи да го слуша пискавиот глас на својата жена,се заврти и мирно и се обрати..
-кажуваш Мајка,душо моја...ти заборави дека твојата задача во оваа куќа заврши пред многу години..
-Сотире не го врти разговорот на друга тема..кажими зошто донесе таква одлука без мене да ме прашаш...
-види душо моја...тоа душо,го кажуваше секогаш со потсмев..зарем не се сеќаваш која беше твојата улога во оваа куќа..ти .само да те потсетам а и колку што се сеќавам беше донесена само за една работа...да родиш син,и толку...како благодарност,ние ти овозможиве во годиниве назад,таков живот,што цела држава сонува за тоа..
Сега тонот на Велика се смени...малку плачливо..
-но сепак ќе беше добро барем да ми кажеше,како ќе живеам сега без мојот син.
-прекини да ми се лигавиш,зошто си одвратна..а ќе заборавев...ако не ти допаѓа животот откако Владимир ќе замине во Франција,можеш слободно да се вратиш во твоето село Говрлево..но се сомнева дека воловите што ги купи твојот татко со твојата продажба сега се живи..се насмевна на овие зборови и замина во својот кабинет,каде можеше на мира да седи со часови...







недеља, 7. јануар 2018.

Солзите на Ангелот(петти дел)

И овој пат,повторно по којзнае кој пат Судбината седна позади Седмата планина,покрај изворот каде извираа сите чисти солзи,и гледаше долго во камшиците со кој беше заграден тој извор,гледаше малку колебаќи се кој да го земи..кобта,нејзината блиска пријателка,ја потсети дека е време повторно да галопира во нечии живот,и да камшикува сурово,гледаше,гледаше,и го одбар токму тој кој беше исплетен од млади црни штотуку родени ждребиња,мек но со танки конци кои кога ќе зафучеше во воздухот,тогаш лузните се познаваа и во душата..
Ја стави чашата на масата со млеко пред својата внука,и седна спроти неа да доручкуваат.
-ајде чедо испиго млекото,и барем за миг ќе видиш чистотота на млекото ќе те ги разведри мислите.
Да се расправа со Дедото,Анастасија знаеше дека е бесцелно,посебно откако се случи тоа што се случи,дедото не ја оставаше ниеден миг сам,не и даваше на ниеден начин да биде тажна,затоа ја зеде чашата и го испи мелкот,а потоа ги зеде двете парчиња пржине лепчиња,јадеше молчешкум,кога завршија и со тоа,таа се потпре на масата гледаќи го дедаси во очите и го праша.
-Дедо зошто петлите не пејат повеќе кај нас
Ја погледна својата внука Дедо Атанас,но барем сега научи,да ги контролира тие проклети солзи
-Пејат,душо пејат тие секое утро
-Но Јас не ги слушам
На ова длабоко воздивна
-Не ги слушаш зошто несакаш да се раздени,затоа не ги слушаш.
Ќе разменеа по неколку зборови и тоа беше скоро целокупната дневна комуникација помеѓу нив,а потоа молот некако ќе се развлечеше насекаде недаваќи можност да протече некоја нова мисла.пред да замине повторно Анастасија во нејзиниот мал свет,кој се соштотеше од четири бели ѕидишта,стоеќи на вратата од собата го погледна дедоси и го праша..
-дедо...постои ли праведлива казна тука на земјата
Ја погледна и знаеше за што го прашува
-постои чедо,постои,најправедливата казна се вика Грев..
-а кога казнува гревот
-тогаш Кога Бог ќе одлучи...само тој знае кога и како..
-А дали дедо гревот старее
-само две работи тука на земјата никогаш не стареат и не ја губат својаат сила..Гревот и Ветерот..само тие секогаш стугнуваат таму каде што треба..
После овој разговор Анастасија отиде во својата соба,повоторно да да гледа во белината на ѕидовите,несакаше повеќе да контактира ни со своите другарки,ни со психологот кој повеќе пати разговараше со неа дома,но ниеден нејзин збор не допре до Анастасија..Дедо Атанас излезе пред портите да види кој го вика..а тоа беше негов сосед,кој сакаше некако алат..додека разговараа,по улицата помина новиот Командир со уште еден полицаец,кога ги виде Дедо Атанас му се обрати културно со Добар ден и се престави кој е,при тоа прашуваќи до каде е истргата за неговата внука..го погледна малку чудно Командирот и незаинтересирано му одговори..
-Дедо,истрагата тапка во место,бидеќи лицето кое го посочувате како виновник,не е достапен,неможеме да го најдеме,плус тоа немаме извештај од лекарот,па така неможеме да утврдиме и дали тоа навистина се случило тоа што тврдите..ако има некоја промена ќе ве известам....ги кажа овие зборови и си замина,без да каже пријатно.
Додека зборуваа за ова,на прозорот стоеше Анастасија и целиот разговор го слушна.и тоа малку црвенило што и беше на лицето,сега исчезна,повторно и се врати онаа бледа боја.
Наредните денови ги поминуваа во молк,целосен молк,Анастасија само молчеше,јадеше радиред.и откако ќе јадеше повторно одеше во собата,не му помагаа на Дедо Атанас,ни молитвите пред Куќниот Заштитник,ни пак молитвите кои ги кажуваше во Црква..посетите кои и доаѓаа кај неа,беа кратки,бидеќи молкот на Анастасија ги бркаше сите..
Така и тој ден,излезе Дедо Атанас,одеќи кон една своја роднина која му кажа дека ќе оди кај некоја Бајачка,барем вода да му донесе,не веруваше воопшто во тие Бјачки,но ете маката му беше преголема,та затоа реши и тоа да го проба.и кажа на својата внука дека ќе се врати за кратко,таа го погледна незаинтересирано  и замина.
Одеше,но нозете го враќаа дома,некоја сила постојано му кажуваше дека не е овој ден за бајачки,но сето тоа тој го препиша на својата премореност од мислите,и продолжи д аоди,но чуството што ја остави својата внука сама дома не му даваше мир..кога стигна на портата од својата братучетка,одеднаш реши да се врати назад..одеше колку што можеше брзо,толку брзо што тој мислеше дека е брз како ветерот,ама во стварноста небеше така,наталожените старечки години не му даваа да брза,како одеше така и застануваше да собери сила..
Кога ја виде куќата малку се смири,но се додека не ја види својата внука неможеше целосно да се смири,отиде бргу во нејзината соба на спратот,но таа небеше таму..ја побара и во другите соби,но ја немаше...сега навистина незнеше што да прави,каде би отишла..излезе повторно на улица и ја праша својата сосетка,која скоро целиот ден го поминуваше на седеќи пред својата порта,дали ја видела Анастасија,ноп таа му одговори,дека не ја видела да излези од поратата..се врати во дворот и размислуваше брзо каде би можела да биди,.стоеше со лицето према шупата,и виде дека вратата е подотворена,колку што го служеше памтењето,последен пат кога влегол во таа шупа,беше пред 1 месец..а сега вратата беше подотворена,се доближи полека,и внимателно ја потурна да с еотвори...од глетката што ја виде,гласот му се зеде,и стоеше како закопан на место,неможеше ни да викни да мрдни,само вкочането гледаше во телото на својата внука која висеше на гредата..тогаш во дворот повторно влезе еден од соседите,и кога се доближи за да му каже за што дошол тогаш виде зошто Дедо Атанас,стоел така вкочанет..истрча бргу на улица и започна да вика...
-луѓе,помош,помошшшш...викаше толку силно што за кратко време скоро цела улица беше во дворот собрана,похрабрите брзо зедоа нож со кое го пресекоа јажето и внимателно на земјата го спуштија телото..некои веќе се јавуваа во брза помош,на нивниот повик,навистина брзата помош стигна брзо..но единствено што можеа докторите беше да константираат смрт.
Од тој ден,веќе во улицата никој не се сеќаваше дека потоа Дедо Атанас прозборе,болката во неговите гради беше толку голема што ни солза пушти ни пак збор кажа..но сите се сеќаваат дека после смрта на својата внука тој замина кај неа после три месеци,оставаќи ја во куќата сета собрана болка.






субота, 6. јануар 2018.

Солзите на Ангелот-Четврти дел

Некаде во вечерните часови,Анастасија под дејството на лековите кои и ги даваа,полека започна да регистрира што се случува околу неа,Дедото ниеден миг не ја испушти од пред очи,тогаш дојде и Командирот за да разговара со Анастасија..
Го гледаше дирекно во очи,бараќи некаде длабоко во тие очи потврда дека ќе биде казнет тој што и го стори ова..а потоа,во придружба на една сестра и дедото,отидоа во канцеларијата на докторот,каде таа започна да збодува како се случил настанот,кога го спомена името и презимето на тој што ја силуваше,командирот малку неприметно ја голтна плуканатамвеќе од почеток му стана јасно дека ќе има големи проблеми со сторителот,кој беше син на Висок Политичар,од кого се плашеше половина држава..бесот веќе беше очигледен и кај Дедо Атанас кога го слушна името на тој ѕвер..неможеше да слуша,и излезе во ходникот,каде нервозно започна да шета лево десно...
Кратко после него излезе и командирот,кој тивко му кажа
-остави Дедо,те молам,не ја земај правдата во свои раце,ние ќе го истераме случајот до крај..те молам..се ќе сторам ова дете да биди казнето..
Со голема недоверба го гледаше Дедо Атанас Командирот..
-нека Бог сине ти подари,многу сила,трпение и разум..верувам во правдата,и во вас..но ако видам дека не сте моќни,тогаш сеедно ќе ми биде што ќе се случи со мене..
-Те молам,дедо,те молам немој..за тоа сме ние тука..ги кажа овие збворови и замина..
Идното утро Дедо Атанас и Анастасија веќе беа дома..и за нив започна едно обично,монотоно секојдневие,каде ги немаше веќе насмевките,ја немаше онаа весела Анастасија која после добро утро ќе му испееше некоја кратка песничка на својот дедо..сега започна животот на сенките,кои само се влечеа по земјата..Дедо Атанас пробуваше на сите можни начини да измами барем некоја мала млака насмевка,но и тоа не му успеваше,од тен на ден лицето нејзино стануваше се потемни и потемни..тагата веќе започна да ја доставува својата сметка..
Наредното утро,командирот заедно со двајца полицајци веќе беше пред раскошната вила на Таткото од Владимир..кога посака да влези во дворот,пред него се испречи негов колега.
-извинете колега неможе да влезете,кажете кој сте,што сакате,ќе ги известам во вилата па ќе ви пренесам..сега ќе ве молам одете таму и чекајте..им покаѓа едне дел од улицата кој беше мало ќоше,каде имаше една мала дрвена клупа за седење.
Го извест Командирот колегата,кој е што е,а за што доаѓа,ќе им пренеси на станарите од вилата..
За кратко пред вилата се појави една Госпоѓа,која кога ги виде полицајците пред порта,им упати таков поглед со презир,што сите тројца добиаа желба веднаш да ја стават во возило и да ја носат во планина..
Со голема ароганција и дрскост им се обрати..
-што сакате..
-Госпоѓо,треба да разговараме со вашиот сопруг,во врска со поднесена пријава против вашиот син за сторено кривично дело,силување..кога го слушна зборот силување..нејзиниот бес беше толку голем што неколкумина од соседите излегоа на порта да видат што се случува..
-силување,мојот син вие го обвинувате за силување..која е таа бедничка што се дрзнала името на мојот син да го валка на ваков начин..аааа..видете полицаецу,во оваа држава има толку криминалци,кои треба да ги собирате,вие тоа не го работите,туку сте дошле овде да го клеветите мојот син...губетесе,губетесе,одтука,за да не си јавам сега кај началникот..губетесе и никогаш повеќе да не сте се појавиле..
Целосно посрамотени се вратија назад,седеше во канцеларија заедно со својот водич и размислуваа што да преземат понатаму..во меѓувреме дојде и младиот полицаец,кој ги донесе останатите изјави од другарките на Анастасија кој потврдија дека Владимир кратко бил на роденденот,а пота со Анастасија излегле надвор од кафичот..
Додека ги средуваа овие матријали,заѕвони телефонот..ја крена слушалката командирот и започна д аја менува бојата на лицето..се мешаше бесот и гневот на неговиот лик..од другата страна зборуваше началникот на секторот,кој го критикуваше полицаецот,што на своја рака се дрзнал и отишол пред резиденцијата на политичарот..
Сепак желбата да ја дотера до крај не го напушташе Командирот,посебно што мајката на Владимир на таков начин ги понижи,но како растеше желбата,така растеа и проблемите со решавање на овој случај..некои од сведоците сега доаѓаа и бараа да ја сменат изјавата,очигледен беше стравот на нивните лица,кои доаѓаа со своите родители.. неможеше да го добие докторот кој требаше да потврди дека Анастасија е силувана,постојано беше на состанок,операција,семинар,се одолжи ова негово мислење скоро цел месец..
Но ѓелбата за правда сеуште беше присутна кај комндирот и покрај сите опструкции што му ги правеа,неколкумина колеги го посоветува,малку да ја смири топката..се до едно утро кога дојде во станица,колегите го гледаа малку чудно уште во ходникот..се поздрави со сите и отиде во канцеларија,а таму водичот кој го имаше заведно случајот со регистерот на маса седеше во канцелари,двајцата полицајци кои беа постојано со него и тие седеа во канцеларија,и на неговото место седеше друг колека,кога го види,ја рашири својата насмевка и го поздрави.
-ооо генерацијо,добро што дојде,од подамна не сме се видел и барем едно кафе не сме пиеле..
Тогаш колегата му се обрати со сериозен глас...
-Милане,не сум дојден за кафе,дојден сум за ова..кога го кажа последниот збор го собори својот поглед гледаќи во подот,и му го подаде парчето хартија.командирот го зеде и започна да го чита.како го читаше така му с етресеа рацете,но сепак своето гордо и достоинствено држење го задржа.
-значи ме смениле,а ти си новиот командир.нели...ти честитам генерацијо..
-верувај,не сакав и јас вака да се видиме,утрово и мене ми го дадоа решение,колку што си ти изненаден,толку сум и јас..
Сакаше малку ведрина да внеси во сето ова...бидеќи сега подобро погледна и пред другите кои седеа со наведнати глави..и пред нив имаше решенија з преместување
-добро е барем мислеле на моето здравје,селска станица јас таму дежурен,на чист воздух,има ли поубаво од тоа..
-а јас твој заменик,се јави водичот.а колегите патролџии..
-добро колеги,што е тоа е,овде сме немоќни..знаете дека сите раниме фамилии од оваа служба..кога треба д аја предадам станицата..го праша сега новиот командир.
-денес до 15 часот се треба да биде завршено...
Додека зборуваа,во канцеларијата влезе Борис,администраторот ..со неколку регистри во рака.
-Борис,дали се е во ред со станицата,мислам со опрема и останати работи...го праша стариот командир.
-да командире,се е во ред,ништо не недостасува.
-тогаш оставам се на тебе,имам целосна доверба,и сите докуманти потпиши ги ти за мене..во ред ли е генерацио...му с еобрати на новиот командир.
-ако ти имаш целосна доверба во колегата,за мене не е никаков проблем..
Тогаш сите четворица,на масата ги оставија пиштолите и другата опреама и заминаа на новите работни места.




Солзите на Ангелот(трет дел)

Изминуваше веќе третиот час откако беше сместен во креветот,а дејството на стретствата што му ги дадоа за смирување,полека слабееа,но затоа доаѓаше оној болен миг кога Дедо Атанас требаше да се соочи со реалноста...со силно и брзо движење ги извади од себе инфузиите кои течеа во неговото тело,и стана,упатуваќи се во ходникот....
-каде,каде е мојот Ангел,каде е кадее е луѓе...викаше..
Од крајот на ходникот дотрча младиот Полицаец,кој го фати цврсто за раката..
-смиретесе Дедо,смиретесе,сега ќе му се јавам на Командирот и ќе го известам,да ви дозволи да отидете.
-не ми е потребна мене дозвола,само кажетеми каде е мојот Ангел...
Зборуваа,но и се тегнеа во ходникот,Дедо Атанас,упорно одеше кон излезот на оделението каде што беше сместен,кога застана на самата врата,на скали веќе беше и Командирот...му стана јасноо дека нема сила која ќе го задржи тука,затоа смирено му кажа
-ајде дојдте со мене,ќе одиме кај вашата внука.
Одеа,не не одеа,Атанас трчаше,а командирот позади него,кога стигнаа на вратата од собата каде што беше сместена неговата Внука,Дедото брзо со погледот помина по лицата на неколкуте пациентки кои беа сместени во креветите..не ја виде,па повторно сега посмирено започне да ја бара..
-каде е ,каде мојата внука,..го погледна молбено Команирот додека на неговиот лик течеа солзите..
-тука е Дедо,тука,еве ја на овој кревет...
Од тоа што го виде Дедо Атанас,гласот му се стегна во грлото,гледаше и не им неверуваше на своите очи..пред него лежеше само една сенка ,без лик,ниедна црта немаше на неа од онаа негова Анастасија што ја имаше,што ја растеше..ликот,ако можеше да се наречи грчот кој беше распослан насекаде како лик,имаше темна боја,толку темна,што во мигот помисли дека и најтемната ноќ има повеќе светлина во себе,очите,двете најибави и најсјајни сонца што го грееа секое утро сега беа изгаснати,во тие две дупки,сега зјаееше некоја неприродна празнина,со некој неприроден вкочанет поглед кој немаше никаква цел..усните,тие слатки усни кои секое утро подаруваа по еден бакнеѓ на неговите образи,сега беа морди,и играа некоја чудна игра,игра која беше морничаво да се гледа,кога ќе се смиреа,правеа еден болен стисок,што во внатрешноста крцкотот на забите наликуваше на животно кое само што не нападнало..гледаше Дедо Атанаса,и се плашеше да го допри тој лик,се плашеше сега и неговиот допир да не и стори болка,затоа полека со болен молк ја пушти раката да ја допри својата внука..кога врвот на прстите го допреа нејзиниот лик,таа го погледна,и брзо го спушти погледот некаде во валканиот чаршав..навистина,сега стануваше свесен Дедо Атанас,колку енемоќе пред оваа нејзина болка..започна во себе да го бара најмилозливиот збор,со кој барем малку,малку да и ја намали сега таа болка..седна на самиот раб од кревето и започна тивко да шепоти..
-дојди,дојди кај дедо,Ангелу мој..дојди....кога Анастасија стана свесна дека навистина до неа седи нејзиниот дедо,брзо се фрли во неговата прегратка,неправеќи ништо со кое ќе ги сопре солзите..Командирот кој стоеше на врата,кога ја виде ова сцена,како дедото и внуката лијат солзи,неможеше да гледа,туку замина за кратко од тука..
Надвор,пурпурноста полека започна да се јавува некаде позади врвовите на Планината,и првите светли зраци влегоја во собата,Дедото само молчеше,и не ја пушташе од својата прегратка својата внука..а таа одвреме навреме,ќе се згрчеше силно,и низ некој болен пискот кој излегуваше од нејзините усни ќе ккажеше..не,не те молам..немој,те молам..Владимире..не..кога дедото ќе ја прегнеше посилно,сваќаше дека сега е покрај својот закрилник,та ќе се смиреше тој нејзин немир..
Кога Анастасија веќе заспа,во прегратката на својот дедо,покрај кревето дојде Командирот...
-Дедо,останете сега со неа,но покасно кога ќе биде спремна ќе дојдам да разговарам со неа,во ред ли е..
Дедо Атанас климна со главата во знак за одобрување.



уторак, 2. јануар 2018.

Солзите на Ангелот(втор дел)

Од тој ден започнаа да течат деновите на Дедо Атанас,и Анасасија.некако по некој магичен редослед,во кој повеќе имаше насмевки отколу солзи..дедото со сите сили се трудеше во секој нероден миг да всади по некоја своја насмевка,и таа насмевка кога ќе се пресликаше на ликот од неговата внука,тогаш немаше посреќен Човек од него на земјата..
Секојдневен ритуал на Дедо Атанас беше да застана пред иконата на својот домашен заштитик да ја каже својата редовна утринска молитва,небеше од оние верници кој лажно одат во црква само и само да ги сметаат другите за големи Богоугодни Божји Синови,повеќе се молеше дома,пред тој малечок иконостас,кој тој самиот го направи со сопствени раце..кандилото,откако го запали првиот пат пред многу години,никогаш не се изгасна..
-кој ќе ми помогни сега Боже,ако не ти..навистина,за да ја спасам Анастасија,морав и твоето име да го злоупотребам,ама немаше друг начин,и затоа те молам простими за тоа..и дај ми ум и разум за да продолжам понатаму..
Не побара ни тогаш,ни пак било кога од Бога потврда дали неговите молитви се слушнати,или дали ќе се исполнат..само продолжи да живее онака како што го водеше неговото чисто срце..работеше,и заработуваше добро,а некогаш и повеќе отколку што им требаше..
Деновите,неделите,месеците,па и годините започнаа да се нижат во таа непрегледна низа која ја нижеа двајцата,ретко можеа соседите да го видат Дедото налутен,напротив,секогаш неговиот лик имаше ведар и расположен израз..навистина покрај Анастасија небеа родителите,но дедото се грижеше на секој можен начин да не го почуствува нивното отсуство..
Како што растеше Анатастасија,така нејзината убавина стануваше се поочигледна..веќе се наближуваше нејзинот 16 роденден,а градот зборуваше наголемо дека никогаш досега тука немало таква убава девојка..па дури отидоа толку далеку со зборувањето,што кажуваа дека ете и месечината напати и љубоморела на таа убавина,па се криела затоа во облаците...
Дојде и тој ден..16ти роденден,Дедото и ја исполни желбата на својата внука,која заедно со своите школски другари се собраа во најблискиот кафич,и го прославуваа..но пред да замине Анастасија од дома,облечена како вистинска Принцеза,во оној миг кога ја прегрна некако низ телото му поминаа некои ладни морници,некоја зла коб се сви околу срцето,но неможеше да ја одбие и да и каже да не оди...ја распосла својата широка насмевка на ликот,но внуката го виде грчот кој го криеше од неа во самите краеви на усните..
-Дедо,не се плаши,доволно сум возрасна,и нема да направам ништо со што би те посрамотила и тебе и Тато и Мама и Баба..нема..верувајми..знам дека се грижиш..но ајде..ајде те молам насмевнисе уште еднаш и да одам..
-знам знам чедо,но ете доаѓа тоа чуство,знам дека нема да направиш ништо лошо...
Замина Анастасија,но немирот кај Дедо Атанас се зголемуваше,и не му даваше мир,та затоа започна да шета постојано низ дворот,одвреме навреме ќе дојдеа соседите,ќе испиеа кафе или ракија,и ќе си заминеа..
Полноќта веќе одминуваше,кога продорниот глас на телефонот ја прекина сета таа мачнина која беше наоколу..со безбоен глас се јави Атанас.
-да повелете..
-Атанас ли е на телефон
-да јас сум,а вие кој сте..
-дежурниот на Полициската Станица,ќе сакате ли да дојдете до кај нас на еден разговор...
-што е што е што се случило,ве молам кажетеми..ве молам..
-Атанасе,во близина кај вас имаме возило..кое треба да се врати во станица,бидете дома,ќе помине и ќе ве земи,кога ќе дојдите ќе ве известиме за се
Незнаеше во тој миг Дедо Атанас што побргу да направи,дали да ги облече чевлите,или палтото...но додека во паника целиот се вртеше во ходникот,на вратата веќе стоеше млад Полицаец.
-дедо,ние ќе ве почекаме надвор пред портата..
-сега,сега сине доаѓам
Излезе така по кошула,и не му сметаше ладното пролетно ветре кое дувкаше таа вечер.
-што се случило ќе ми кажете ли...деца не си играјте со мене...ајде кажетеми ..со Анастасија ли се случило нешто...скоро низ плач ги прашуваше
Дедото во возилото зборуваше,но Полицајците само молчеа,нивните изрази доволно му кажуваа,дека и тие знаат,и дека за арно не го викаат..кога стигнаа пред станицата,тој брзо ја отвори вратата на возилото и со брзи чекори се упати внатре,а таму во ходникот,беше командирот на станицата,дежурниот и лекарска екипа..кога ги виде сите овие,само со рацете силно ги стегна своите гради,и се онесвести...младата лекарка,му даде стретство за смирување..кога ги отвори очите веќе седеше во фотељата во која го сместија...лекарствата кои му ги дадоа,сега започнаа да делуваат,па започна некако тешко да прашува
-што е,кажете ми луѓе,што е работата..ќе полудам веќе
-дедо...започна да зборува командирот ..и пред да ги изговори другите зборови.силно ја голтна кнедлата која му стоеше на средината од грлото...твојата внука Анастасија,сега моментално е во болница,знаеш.вечерва....
-ајде кажи сине не ме мачи веќе..
-твојата внука Дедо вечерва ја силувале....
Кога го слушна овој збор,Дедо Атанас повторно се онесвести...тогаш командирот на лекарската екипа им кажа да го носат и него во Болница...зошто ако го држат тука повеќе од сигурно ќе му се влоши неговата состојба...

-продолжува-




Солзите на Ангелот



Дедо Атанас ги отвори и ова утро очите,и повторно немереќи го времето гледаше во таванот,оној ист таван кој небеше променет со години,сега беше малку пожолтен и на места испукан,но сепак беше цврст и ниедна ронка од неговата белина со години не се сринала на подот.Гледаше долго време додека петлите пееја наоколу,и со песната кажуваа дека повторно започнува да тече светлината небаре е река незапирлива.
За сите часовникот на времето вртеше толку брзо,што некои и неможеа никогаш да одат со тоа темпо,ама,ама за Дедо Атанас,времето беше најголем непријател,врвеше,не,не врвеше,туку се влечеше поспоро и потешко и од неговите чекори,и секогаш небаре беше врзано како тешки пранги на неговите нозе...та и ова утро,ја отвори старата дрвена порта,одмавнуваќи со раката на чкрипењето од скоро зарѓаните резиња,и ,исто како вчера зачекори по улицата кон блиската продавница...ете толкав беше светот негов..мерен со чекори..
Го кажа своето добро утро во продавницата тивко,тој мислеше дека е тивко,но неговата грлатост никогаш не исчезна.та зборовите одекнуваа во тој простор,го отпоздрави продавачот,и со тоа се завршуваше и овој денешен ритуал,неговите соседи кои ја знаеа причината за неговиот товар,веќе не разговараа,прекинаа и да го тешат,и ја испоштуваа неговата желба,сам да ја носи својата тага на сопспствените плечи..та затоа ги зеде потребните дневни намирници и замина повторно во светот на тагата...небеше тоа живот,повеќе би можело да се наречи пекол,еден тивок подмолен пекол кој секојдневно го разјадуваше се повеќе и повеќе,пекол кој се повеќе и повеќе ги сушешеше неговите ионака кршливи коски..а кога ќе се вратеше,започнуваше да го живее живото исполнет само со спомени..
-Тато,Мамо,знаеме дека вие најдобро ќе се грижите за Анастасија,и затоа сега ја оставаме кај вас привремено...ние само да се снајдеме малку подобро,и веднаш ќе си ја земиме кај нас..знаеме и дека не се лутите за оваа наша одлука...беа последните зборови кој ги кажаа Никола и Марија родителите на Анастасија кога заминуваа таа вечер за Германија..
-знам знам синко,и ти ,не се грижете ќе ја чуваме како зеницата во окото..само вие бидете добри,и тогаш кога ќе решите да си ја земите,ние ќе ви ја донесеме,нема потреба да доаѓате вие..ајде сега одете и нек Бог биде со вас секој миг..ги прегрна и двајцата и остана со погледот да го гледа заминувањето на возот.
Како што капеа солзите на Дедо Атанас,и Баба Милена,така капеа солзите и на двегодишниот Ангел,кој и колку да не ги разбираше работите,сепак чуствуваше дека сега судбината започнува да пишува една друга страница во нејзиниот живот..сурова и тешка..
Времето одминуваше,брзо,и незапирливо,но само за една година стигна една од најтешките и најболните телеграми во дворот на Дедо Атанас..Неговиот Син и Снаа загинале во сообраќајна несреќа одеќи утрото на работа,пијан возач на камион ги прекинал сите соништа кои тие двајцата ги сонуваа со отворени очи..
Со само три години живот Анастасија по втор пат го чуствуваше најсуровиот камшик на судбината врз сопствената кожа..остаана само тие тројца сами во овој свет да продолжат понатаму..ама ете,кога во судбината ќе се замешаат малите улави ѓаволчиња,кои знаат напати да го украдат тоа величенствено перо од неа,и меѓу редови да напишат нешто што никој смртник не го посакува...тагата која се сви во срцето на Баба Милена беше толку голема и тешка,што таа тежина не го издржа нејзиното срце,па само шест месеци после тоа и таа замина засекогаш од нивните животи..
Останаа само Анастасија и Дедо Атанас,да ги облечат железните опинци кои им ги даде животот,и да тргнат по најнерамните макадами кои им ги припремаше..
Секогаш кога ќе почуствуваа дека тагата или солзите се доближуваат до нив,тие знае да се одбранат со најубавото оружје,прегратката,ќе се прегнеа исто како што се прегнуваше земјата и небото,и молчеа..и низ молкот ги миреа сите бури кои беснееа во нив..
После неколку недели од смрта на Баба Милена во дворот дојде службеничка од Центарот за Социјални Грижи,со решение дека треба да се одземи од Дедо Атанас ,детето.бидеќи тој не бил родител,и дека треба детето да се даде на посвојување..додека службеничката со својот бесчуствителен глас зборуваше,двајцата полицајци кои беа дојдени како заштита,само молчеа и гледаа во земјата..тогаш Дедо Атанас ја погледна во самата срж на нејзините очи на службеничката и ,и одговори..
-Госпоѓо,овие раце се толку чисти,што и Ангел би се засрамил пред нивната чистота,досега на овие раце не капнала ни капка крв од кокошка ,не пак Човечка...но ако се осмелиш од мене да ја оделиш Анастасија,која ми е аманет од мојот син и снаа,тогаш ни Бог не ќе биди моќен да ме сопри кога ќе тргнам до последен човек од твоето семејство да го убивам..тебе ќе те оставам жива,да гледаш како исчезнува пред твоите очи се што ти значи..ги кажа овие зборови,и силно до себе ја припи Анастасија..а таа знаеше дека овие мигови се одлучувачки,па затоа болката од стисокот на дедовите раце реши д аја издржи со стиснати заби.
Еден од Полицајците  кој беше како заштита на службеничката се доближи до неа,и тивко и кажа..
-Госпоѓо.ние може да ве заштитеме,тука,и сега,но неможеме 24 часа  вашиот живот да го штитиме..а гледаќи колку е сигурен во своите зборови,ве уверувам дека тоа што го зборува и ќе го направи..па ако сметате дека е вредно остатокот од вашиот живот да го поминете покрај гробовите од вашите најмили,повеле земетого детето..
Во секој нареден миг,ликот на службеничката се менуваше,од бес до очај,но бледилото растеше се повеќе и повеќе..преминуваќи во некое неприродно мртовечко жолтенило,и со тоа жолтенило и со силно стиснати усни замина од дворот на Дедо Атанас..
Заминаа,а во дворот останаа двајцата,се до оној миг кога Анастасија низ болка процеди..
-Дедо пуштиме ме боли..
Тогаш Дедо Атанас стана целосно свесен за болката која и ја предизвика на својата внука..брзи ги отпушти своите челични  раце од неа и клекна на колена молеќи ја за прошка..
-простими,простими чедо мое,простими навистина..прегнуваќи ја толку нежно,што и ветеррот кој дуваше застана во тој простор да не го ремети тој миг.


 -продолжува-




Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...